Брoj 2776  понеделник, 01 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ДПА и ДУИ се за признавање на независно Косово

Во ДПА сметаат дека позицијата на ДУИ во Владата е „премногу инертна, бедна и срамна“

Демократската партија на Албанците и Демократската унија за интеграција се залагаат за што поскоро признавање на независноста на Косово. Двете партии од албанскиот блок сметаат дека е неопходно донесување собраниска декларација за признавање на Косово.

ДПА на седница на највисокото партиско тело го услови враќањето во парламентот со што поскоро донесување нов, партиски закон за употреба на јазиците. Но, тоа не е единственото барање што го поставува партијата на Мендух Тачи. На списокот на приоритети на ДПА е и признавањето на Косово.

Експресна реакција и од Демократската унија за интеграција. Оттаму ја оценуваат за добредојдена идејата на ДПА да се предложи резолуција за признавање на Косово. ДУИ ја потсети ДПА дека за две години владеење не изразила „ниту најмал интерес“ да предложи закон за употреба на јазиците.

„Челниците на оваа партија упорно го попречуваа политичкиот дијалог ДУИ – ВМРО-ДПМНЕ, кој резултираше со договор помеѓу овие две партии за усвојување закон за службената употреба на албанскиот јазик“, стои во вчерашното соопштение од ДУИ.

Во партијата на Али Ахмети се убедени дека условите на ДПА претставуваат нова уцена врз политичкиот процес и обид да се попречи решавањето на отворените прашања кои ги загрижуваат Албанците во Македонија.

Централното претседателство на ДПА на затворената седница што се одржа во саботата во седиштето на партијата во Тетово одлучи да го продолжи бојкотот на Собранието.

„Нашата пратеничка група ќе се врати во парламентот тогаш кога предлог-законот за употреба на јазиците што го подготвува ДПА и декларацијата за признавање на независноста на Косово ќе бидат поставени на дневен ред“, изјави Имер Селмани, партиски потпретседател.

Селмани потенцира дека на седницата се разговарало и за моментната политичка состојба во земјата и притоа ја пренесе „длабоката загриженост на ДПА од застојот во евроатлантските интегративни процеси и во рамки на тоа интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија“.

Позицијата и учеството на ДУИ во Владата, Имер Селмани ги оцени како премногу инертни, а лидерот на ДПА, Мендух Tачи, како „многу бедни и срамни“. И Тачи ја критикуваше Владата затоа што, според него, не се ангажира колку што треба за интегрирање на земјата во евроатлантските структури и за примена на Охридскиот договор.

Челникот на ДПА најави дека партијата ќе продолжи да предлага закони и дека многу скоро ќе предложи Македонија да ја признае независноста на државата Косово.

„Сакаме да ги потсетиме нашите политички противници дека станаа глувонеми, затоа што преземените обврски треба и да се извршат“, наглас�� Тачи.

Инаку, пратеничката група на ДПА апстинира од работата на Собранието веќе три месеци. На саботната седница на Централното претседателство првпат во својство на потпретседател беше Абдулади Вејсели, чиј дел од ПДП се приклучи кон ДПА. (К.Ч.-Г.Е.)

 


Статијата е прочитана 488 пати.

Испрати коментар

Од: Igor
Датум: 31.08.2008 23:04:40
До кога на албанците од Македонија ќе им биде поважно Косово отколку Македонија?
Од: Sergej - http://www.otpor.net.tf
Датум: 01.09.2008 00:18:43
Neka predlozat priznavanje na Juzna Osetija i Abhazija, pa posle priznavanje na Kosovo. Taka nema da im zamerime NISTO.
Од: marjan-viena
Датум: 01.09.2008 00:59:29
vmro nesmee da si dozvoli da potklekne pred pritisokot.priznavanjeto na kosovo bi znacelo pridones na makedonija vo sozdavanjeto na golema albanija,krsenje na megunarodnoto pravo,i steknuvanje na uste eden lut neprijatel,a toa e srbija.mozebi srbite i ne ni se nekoi golemi prijateli,no albancite ni se dokazani neprijateli.sto ke pravime koga ke pobaraat da im se priznae takanerecenata ,,ilirida,,.koj ke ne podrzi nas togas.
Од: vucko 15
Датум: 01.09.2008 08:28:47
Dali sakaat vo paket so Juzna Osetija i Abhazija ili edna po edna.
Од: Макрис
Датум: 01.09.2008 09:04:45
Ајде Грујо удри сега та те видам.
Од: jota
Датум: 01.09.2008 11:24:57
gledajci istoriski toa samo po sebe ce dojde samo e znak prasanje na vreme nie mozeme da go odolgovlekuvame toa no sto dobivame?logicki po toa deka toa znaci priznavanje na otcepuvanje na del od severozapadna mak....pa zosto ne sedneme na masa i vednas da raskrstime toa?za da moze podobro da se razvivame bez niv bi bilo mnogu polesno i mak bi stanala svajcarija.veruvajte do otcepuvanje ce dojde dali po eden mesec,10g ili 30g.
Од: petre
Датум: 01.09.2008 13:04:22
Dali jas razbrav deka albancite od Makedonija so rezolucija ke baraat od Grcija da go prifati Ustavnoto ime?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Ред искуство, ред шминка
Тежок инцидент по мечот Вардар - Ренова
Имаме визија за обнова на ПДП
Њу Орлеанс панично се евакуира пред налетот на „Густав“
Нов фронт меѓу Костовски и Владата
Груевски да пресече
Грција како алиби
Нишикори прави чуда на Ју-Ес опен
Неделава ќе се знае зошто падна „цесната“ кај Охрид
Новата учебна година почнува без професори и учебници по веронаука
Мацо моја, таго моја
Вербатим
Мекејн ја избра анонимната Сара Пeјлин за потпретседател
Карикатура

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.