Брoj 2776  понеделник, 01 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Ред искуство, ред шминка

Тамара Грнчароска

Американскиот сон барем на едниот од двата пара кандидати за претседател и потпретседател на САД ќе се исполни за неколку месеци, истовремено носејќи и' на земјата, во кој било случај, историски преседан - или демократ Црнец како претседател или жена републиканка како потпретседател. А токму комбинациите на кои и демократите и републиканците во САД типуваа на овие избори е ред искуство, ред популизам, што на „неодлучните“ ќе им остави многу простор за размислување кој е вистинскиот двоец за идните четири години.

Демократите во таа комбинација се определија за харизматичниот црномурен Барак Обама за кандидат за претседател, чија потенка политичка биографија треба да ја надополни дебелото досие на неговиот избор за потпретседател Џо Бајден, кој е сенатор уште од 1972 година. Бајден, познат како силен оратор, на Обама треба да му ја донесе поддршката на поконзервативното крило во партијата, покривајќи го неговото неискуство, особено во надворешната политика.

Искусниот кандидат на републиканците за претседател, сенаторот Џон Мекејн, во петокот го направи токму спротивното со изборот на „неискусната“ поранешна мисица, Сара Пејлин, гувернер од Алјаска, за свој потпретседател. Пејлин на Мекејн треба да му донесе „помек лик“ и наклонетост на жените, особено гласовите на 18 милиони луѓе кои гласаа за Хилари Клинтон во предизборната трка. Тоа беше знак дека војната може да почне, особено по коментарот на портпаролот на Обама дека изборот на Мекејн за потпретседател „е неодговорен“, бидејќи тие претходно се имаат сретнато само еднаш.

За два месеца ќе се знае точно чија комбинација на искуство и „шминка“ ќе биде поуспешна.


Статијата е прочитана 858 пати.

Испрати коментар

Од: Stojadin
Дату��: 01.09.2008 01:10:33
ovie od demokratskata partija vo Amerika mi zalicuvaat na Sds ...obicni pozeri ..polni so sueta ..zedni za vlast , moc i pari oti na drug nacin i nemozar da si go osmislat zivotot...ili vo prevod ...duhovna beda...ogromna praznotija Toa e posledica na nacin na zivot bez vera .Mnogu kratko cergice,a mnogu golemi zelbi. I ova t.n. novinarka se nasla da pravi nekakva si analiza na izborite vo USA. Duso ispustena ne si nitu svesna kolku si neuka. Zali boze...
Од: d-dorf
Датум: 01.09.2008 01:39:29
Koj i da pobedi niv pak ubavo ke im bide,tesko nam vo Makedonija so nasiot patriotizam, do kaj ke stasame ? ako imeto ne go promenime?! Sumite vo Makednija izorea od nemukaet na lugeto Se plasam da ne izgori celata Makedonija od politicarite i nivnata (samo bendisana ,kvazi patriotska) nemukaetna politika , Sudejki spored metroloskiot izvestaj, na zapadnite zemji, crni oblaci se priblizuvat , i mnogu loso vreme ke ja zafane Makedonija . Babami pokojna umese da kaze. Sinko, prazniot stomak i siromastijata ne poznava patriotizam, otkako ke si najjaden i napijen togaj mozes da si patriot .
Од: pero
Датум: 01.09.2008 10:34:15
Iako tekstot e samo slika na globalnite pozicii na kandidatite za pretsedatel i potpretsedatel na SAD, nekoj Stojadin so isplaknat svetokged za politickite sostojbi vo Makedonija si dozvoluva so neskriena pizma vo dusata da ja kritikuva novinarkata za neznaewe. Stojadine nemas intelektualen potencijal za da citas nejzini tekstovi.I cekaj meckata da zaigra vo tvojot dvor.
Од: Gideon
Датум: 01.09.2008 15:43:45
Kako prvo on ne e harizmaticen (OBAMA) tuku nesakate da ja poglednete vistinata i da ja prenesete vesta sto site vo amerika ja znaat, a toa e deka muslimanite ja prezemaat amerika pod svoja kontrola, Obama e istaknat hristijanin ( no za cel na vistinata toj e musliman sto saka prikrieno da vleze vo belata kuka). So demokratite vidovme deka ja podrzavaat samo ednata strana ( taa na muslimanite, kosovi i srbija ) taka da kazam iskreno se plasam od toa sto ce donesat demokratite na ovoj region.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Тежок инцидент по мечот Вардар - Ренова
Имаме визија за обнова на ПДП
Њу Орлеанс панично се евакуира пред налетот на „Густав“
Нов фронт меѓу Костовски и Владата
ДПА и ДУИ се за признавање на независно Косово
Груевски да пресече
Грција како алиби
Нишикори прави чуда на Ју-Ес опен
Неделава ќе се знае зошто падна „цесната“ кај Охрид
Новата учебна година почнува без професори и учебници по веронаука
Мацо моја, таго моја
Вербатим
Мекејн ја избра анонимната Сара Пeјлин за потпретседател
Карикатура

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.