Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Свет меѓу корици

Емир не се случува на мали растојанија

Невена Поповска

Емир Кустурица признава дека воопшто не било лесно да се напише книгата, но уште потешко било да се одживее овој живот и да се мине низ неговите замки и настани

Автобиографската книга на филмскиот режисер Емир Кустурица, „Смртта е непроверена гласина“ претставена на Саемот за книги во Белград предизвика низа реакции и беше дочекана со големо интересирање. На промоцијата на книгата на Кустурица во Нови Сад, академик Вуксановиќ ќе рече дека „Емир не се случува на мали растојанија“ и продолжува: „Ова дело на Кустурица гледа и кога не се надеваме, памети и потсетува на она што го забораваме. Малку кој успеал на таков видиковец“. Кустурица го опишува последниот половина век на нашиот спокој и неспокој во една низа од бисерни прикази на детството во Сараево, образованието и растењето, првата љубов и вистинските љубови кои потоа следуваат, патот кон врвот, занесите, стравувањата и патењето. Најдобрите страници на книгата се оние кои Кустурица ги посветува на своето најтесно семејство, делот на семејството што ја преживеало војната и пријателите. Оттаму, ликовите потсетуваат на оние од делата на Андриќ и Чехов, вистински пријатели, чии приказни говорат за растењето и за правилата кои владееле во сараевските маала и предградија. „Глобалната поставка на светот е монструозно злосторство кое се спроведува над целокупното човештво. Ова е книга на човек чиј сон стана стварност, наша, но и светска“, вели авторот, кој со својата уметност досега ги има освоено сите коти. Со оваа книга, Кустурица одлучил да „каже како се чувствувал на тој пат и како го совладувал напорот на искачувањето“.

„Смртта е непроверена гласина“, за дваесеттина дена откако беше промовирана во Белград и Нови Сад е продадена во повеќе од 40.000 примероци. Кустурица вели дека „во книгата сите настани се опишани онака како што навистина се одвивале и како што навистина се, а додека се чита книгата, сето тоа личи на нешто што го замислуваат фантазерите со покритие.“ На ова се надоврзува и податокот дека по објавувањето на книгата Кустурица станува непожелен во Сараево. „Ако се земе во предвид дека сум непожелна личност во Сараево, сметам дека оваа книга токму говори за тоа зошто е тоа така. Јас се разликувам и по идеологијата од многумина што сега живеат таму. Оваа книга е една свежа реакција на некој, кој не сака да влезе во униформа, во која грижата за својата и сечијата биографија е поставена над вистинското доживување на животот“, вели авторот кој е изненаден од сето ова што се случува околу појавата на неговата книга.

Кустурица во книгата, меѓу другото пишува и за неодамна избраниот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, кого го познава од училишните денови. „Бакир Изетбеговиќ го познавам уште од Гимназија, вели Кустурица. Тој на одморот меѓу часовите, со гадење, од лебот ја вадеше виршлата, а исто така, со гримаса со која покажуваше гадење, ја носеше преку целото бифе и театрално со неизбежната забелешка ’фуј‘ ја фрлаше во кошницата за отпадоци. Кога поради жолто-црвенкастата коса го викаа ’Жути‘, тој се трудеше да биде духовит велејќи: ’јас не сум жолт, јас сум зелен‘.“ Во овој дел од книгата Кустурица ја потенцира жестоката исламска ориентација на Изетбеговиќ, а притоа потсетува дека, нему и покрај муслиманското име и презиме не му пречело да јаде храна која им е забранета на исламските верници. Оваа мала пикантерија, во која Кустурица, како и на многу места во остатокот на книгата, ги изнесува маалските податоци за луѓет�� за кои пишува, уште еднаш потврдува дека славниот режисер и покрај тврдењата дека го проширил својот хоризонт на целиот свет, всушност никогаш не го преболел фактот дека поради својата индиректна поддршка на големосрпската политика не е омилен во својот роден град. Инаку, делот за Бакир Изетбеговиќ е објавен во делот од книгата во кој Кустурица пишува за својата предвоена средба со таткото на Бакир, Алија Изетбеговиќ, кој се случил токму во станот на Бакир.

Како што и самиот Кустурица признава, воопшто не било лесно да се напише книгата, но уште потешко било да се одживее овој живот и да се мине низ неговите замки и настани. Кустурица со „книгата ’Смртта е непроверена гласина‘ се обидува да го артикулира својот живот“, но шегувајќи се на своја сметка, со оглед на тоа што е пишувана 15 години, тој вели: „Било кој полуписмен човек би можел да напише добра книга за 20 години. Таа настана како реакција на сопствениот живот на кој тешко би можело да не се реагира. Јас не знам како, но се доведе до тоа сите мои мисли да се наредат како што треба, а делумно беше пресуден и генот, а неговата интеракција со надворешниот свет е проектирана на најдобар можен начин“.


#
Статијата е прочитана 434 пати.

Испрати коментар

Од: marija
Датум: 28.12.2010 13:00:13
BRAVO. Covekov e genijalen.
Од: Ранко од Пуздерци
Датум: 28.12.2010 13:47:33
Малку за Бакир Изетбеговиќ, ситна епизода. Бакир И. служеше војска во Тетово, од официелните и неофциелните ЗАГОРЧУВАЊА што му случуваа, најчесто, успешно го спасуваше подофицерот на ЈНА Митко,од гевгелиско.Неколку години подоцна кога пукна Босна, СЕСТРАТА и ЗЕТОТ на тој Митко се најдоа во ЛОГОР во Сараево. Митко, преку разни канали го молеше Бакира да ПОМОГНЕ!Бакир (иако ги добиваше пораките и поздравите од Митко) остана ГЛУВ и НЕМ! Овие двајца преживеаа но,само они си знаат како...

Најди! во Утрински
Култура
„Митот за Сара“ се навраќа на Првата светска војна
Филмот на Теона Митевска доби поддршка од „Еуроимаж“
Дејан Прошев нов директор на МОБ
„Визуелизација на моментот“ на Христина Зафировска
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Премиера на велешкиот театар
Промоција на монографија за Чемерски
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks