Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Премиера на велешкиот театар

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот‘‘ во Велес вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Злосторството на островот на козите‘‘, повоена драма на италијанскиот писател Уго Бети, во режија на Дејан Дамјановски.

Дејството се случува во 50-тите години од 20 век на еден сиромашен остров на југот на Италија. Претставата е изведувана низ светот, а во Македонија прв пат беше режирана од Зоја Бузалкова и изведена во 2002 година од студенти на ФДУ од Скопје. Ова ќе биде прво претставување на професионална театарска сцена во Македонија.

„Станува збор за едно конкретно злосторство што се извршува на еден запуштен остров, изолиран од светот. Тоа е почва за нашата претстава што по формата би ја нарекле еден вид фарса за ужасот што човекот го чувствува и обзема кога ќе се погледне во огледало, кога ќе се соочи сам со себе“, вели режисерот Дејан Дамјановски. Во претставата играат Слободанка Чичевска, Кица Ивановска, Кети Борисова, Роберт Ристов, Самоил Стојановски и Кирил Гравчев. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 294 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Митот за Сара“ се навраќа на Првата светска војна
Филмот на Теона Митевска доби поддршка од „Еуроимаж“
Емир не се случува на мали растојанија
Дејан Прошев нов директор на МОБ
„Визуелизација на моментот“ на Христина Зафировска
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Промоција на монографија за Чемерски
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks