Дејан Прошев нов директор на МОБ
Дејан Прошев е нов генерален директор на Македонската опера и балет, кој дојде на местото на Оливер Арсовски. Во изминатиов период Прошев беше уметнички директор на оваа институција.
Дејан Прошев е оперски пејач (баритон) и режисер. Роден е во 1979 година во Скопје. Средно училиште завршува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ - отсек соло-пеење во класата на проф. Марија Николовска, а дипломира и магистрира во ДМА „Панчо Владигеров“ во Софија, Бугарија, на отсекот оперско пеење во класата на доц. Нико Исаков. Во 2004 година магистрира на отсекот оперска режија во ДМА „Панчо Владигеров“ во Софија во класата на проф. Павел Герџиков. Досега, како баритон, има учествувано во неколку оперски претстави во Македонија и во Софија, а како оперски режисер има поставено неколку опери, меѓу кои „Трубадур“, „Аида“ и „Волшебната флејта“. |