Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

„Митот за Сара“ се навраќа на Првата светска војна

Режисерот Саша Станишиќ ќе ја оживее приказната за доаѓањето на легендарната Сара Бернар во краткиот филм што се снима во Битола и во Мариово

Деновиве во Битола и нејзината околина ќе се доснимува краткометражниот игран филм „Митот за Сара“ во режија на Саша Станишиќ, чие снимање почна на 17 декември во Скопје. Сценариото за овој филм, кој се занимава со митот за доаѓањето на легендарната француска актерка Сара Бернар на македонскиот фронт на Кајмакчалан, го напиша актерката и театролог Кристина Христова - Николова.

Како што вели режисерот Станишиќ, филмот ќе се обиде да ја долови атмосферата на воена Битола од 1917 година и целиот ќе се снима во црно-бела техника. Раскажувајќи ја приказната за посетата на Сара Бернар на француските војници на македонскиот фронт, филмот ќе се обиде да се осврне на легендата за првата жена што го играла Хамлет, а наедно низ архивски кадри ќе се наврати и на Првата светска војна. Сара Бернар на почетокот на 20 век била славена како најголем драмски уметник на своето време. Интересно е дека првпат на филм ќе игра токму во улогата на Хамлет во „Хамлетовиот двобој“, а подоцна ќе игра во повеќе филмови инспирирани од нејзините театарски претстави. Сара Бернар се сметала за божествена и за гениј на францускиот театар.

.За улогата на бесмртната Сара Бернар ангажирана е Јоана Поповска, доајен на македонското глумиште, а покрај неа игра и Александар Копања, кој за првпат настапува во македонски филм. „Митот за Сара“ освен во Скопје и во Битола, се снимаше и во околината на селото Маково во Мариово. За директор на фотографија ангажиран е македонскиот мајстор на фотографијата, Роберт Јанкуловски, монтажата ќе ја работи Блаже Дулев, костимограф е Благој Мицевски, сценограф Петар Трајчевски, а музиката ќе ја подготви Маријан Нечак. Продукцијата е на „КТ Филм и Медија“ односно на Димитар Николов - Таки, а постпродукцијата на „Квазар филм“. Инаку, во студијата на „Квазар филм“ и на Универзитетот ЕСРА предвидено е да се прават и визуелните ефекти. „Митот за Сара“ го поддржа македонскиот Филмски фонд. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 408 пати.

Испрати коментар

Од: mkd
Датум: 28.12.2010 16:05:24
super!

Најди! во Утрински
Култура
Филмот на Теона Митевска доби поддршка од „Еуроимаж“
Емир не се случува на мали растојанија
Дејан Прошев нов директор на МОБ
„Визуелизација на моментот“ на Христина Зафировска
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Премиера на велешкиот театар
Промоција на монографија за Чемерски
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks