Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Од помошта на ЕУ се користат трошки

Со сегашното темпо на реализација, тешко ќе бидат искористени 500 милиони евра до 2012 година

Тамара Грнчароска


Македонија бавно ја користи помошта на ЕУ, па парите од сметката на Унијата што треба да го забрзаат евроинтегрирањето на земјата веќе четири години едноподруго остануваат, во поголем дел, неискористени.

Од 2007 година до денес на Македонија и' се доделени 310 милиони евра неповратна помош во петте ИПА-компоненти, а до 2013 година сумата треба да достигне над половина милијарда евра. Незнаењето како да се користат фондовите и слабиот административен капацитет се главната пречка за нивно поголемо алоцирање, што најмногу дојде до израз по децентрализацијата со нивното управувањето.

Од Секретаријатот за европски прашања велат дека од достапните средства искористена е само една четвртина, но се задоволни од темпото со кое се одвива реализацијата. За познавачите на состојбите, темпото со кое досега се користеа ИПА-фондовите укажува дека финансиската помош што ќе ја изгуби Македонија ќе биде голема, па нашата Влада минатата година беше дури и предупредена од Брисел за тоа.

Бизнис-заедницата, општините и невладините организации се жалат дека пристапот до фондовите е отежнат поради недоволно информации и едуциранос�� за процедурите, но и поради слабиот административен капацитет на институциите. Пречка во многу случаи е и задолжителното кофинансирање на проектите, кое за помалите корисници, како што се општините, граѓанскиот сектор, земјоделците е преголем финансиски залак. Експертите наведуваат дека Македонија во првата година пропуштила да ја искористи помошта со само 5 проценти учество, што сега оди и до 25 проценти.

Апсурдно, но освен техничките проблеми, застој во управувањето со ИПА-фондовите предизвикува и проблемот со името, што ја става Македонија во стендбај-ситуација за користење на фондовите. Така, средствата од помошта за регионален развој не се користат поради проблемот со именувањето на земјата, кој се појави откако Македонија почна сама да управува со дел од фондовите. Како резултат на тоа, требаше да распишува јавни повици во кои требаше да се именува самата како поранешна југословенска Република Македонија. За Владата, ова е неприфатливо, но од СЕП и натаму тврдат дека третата компонента не е заглавена и дека проблемот со името не влијае врз искористување на фондовите.

„Македонија ниту била ниту е на стендбај за искористување на фондовите“, порачуваат извори од СЕП.

Но, други владини извори неофицијално потврдуваат дека токму името било причина за застојот во реализацијата на програмата за прекугранична соработка со Грција, за што е надлежно Министерството за локална самоуправа. Оттаму потврдуваат дека имало непотребен застој поради формалности, но тоа било надминато, и пред шест месеци бил распишан јавниот повик за заеднички проекти.

До пред една година најголема искористеност на ИПА-фондовите имаше во делот на јакнење на институционалните капацитетите, а, сепак, тоа беше само една третина од предвидените 40 милиони евра. Од минатата година до денес раздвижување во користењето на ИПА-фондовите има во делот на втората компонента - прекугранична соработка, каде што се програмите за соработка со Албанија, Бугарија и Грција. Програмата со Косово се очекува да биде одобрена од Европската комисија до крајот на годината, додека со Србија, како што се е дознава, работата е заглавена. На Белград му е понудено изготвување заедничка програма, но одговор се' уште нема, наводно, како реакција на нашето потпишување на одделната програма со Приштина.

Иако работите се помрднаа со распишување јавни повици за користење на средствата за прекугранична соработка, следењето на строго пропишаните процедури за избор на проектите што ќе бидат финансирани го прави процесот тромав и долг, што во просек трае една година.

„Секогаш кога нешто се почнува, се јавуваат проблеми, но, генерално, најмногу застој имаше околу новите процедури за имплементирање“, велат од Министерството за локална самоуправа, кое е надлежно за имплементирање на оваа компонента. Оттаму информираат дека многу време и енергија биле потрошени на воспоставувањето на организациската структура, но тврдат дека по вкупно четирите јавни повици што ги имале досега, работите се поставуваат на свое место.

Податоците од досегашното европско искуство со претпристапните фондови покажуваат дека околу 78 проценти од парите што им биле ставени на располагање на некои земји не се искористуваат и неповратно се губат. Тоа, освен финансиската загуба за земјата, воедно, е и знак за ЕУ дека земјата не е способна да ги управува и да ги користи средствата. (Т.Г.)




#
Статијата е прочитана 958 пати.

Испрати коментар

Од: eu
Датум: 06.10.2010 12:40:42
da vi kazam kako da gi iskoristite....:napravete proekti za gradenje/popravki/novi vrabotuvanja vo zdravstvo,bolnic,,specij.centri za hendikepirani kao np dem.kapija,dem.hisar,ce mozaete vednas da gi ralizirate 500te milioni evra pa duri i ce dobiete uste............
Од: Od Zapad
Датум: 06.10.2010 13:22:01
Ami togas sto majka barate vo EU? Koga vie ne ni znaete da cicate od kravata? Sto si mislite vie, nekoj ke vi butka vo ustata?

Најди! во Утрински
Политика
Македонски министер на официјална средба во Атина
Рамковски ќе помине само со опомена
Тендерите ги оставија децата без вакцини
ВМРО-ДПМНЕ бара појаснувања од Фрчкоски за Глигоров
Вестервеле
Интервју на политичар на локална телевизија чини 200 евра






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe