Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Тендерите ги оставија децата без вакцини

Роковите биле пробиени поради непринципиелни
лобирања

Јасмина Јовановска



Министерството за здравство киксна и со тендерот за вакцините. Иако постапката за набавка на вакцините за редовна имунизација на децата се води речиси половина година, тендерот тежок околу 1,9 милиони евра, се' уште не е завршен, па веќе има недостиг од некои вакцини. Така, на пример, завршија дозите за ревакцинирање на децата со вакцина против хепатитис Б. Од Министерството за здравство потврдуваат дека тендерот за вакцините ги пробил роковите за завршување, но не по нивна вина, туку поради непринципиелни лобирања на некои понудувачи. Оттаму уште потврдуваат дека во вакцинирањето засега има застој кај втората и кај третата ревакцинација со вакцината против хепатитис Б.

„Тендерот ќе завршеше успешно доколку не беа непринципиелните лобирања на некои од понудувачите“, тврдат од Министерството за здравство, од каде што додаваат дека нема да потклекнат и ќе ја довршат целосната постапка. „Од 24 вакцини, спорни се само две, а доколку второстепената комисија ја прифати жалбата, постапката ќе биде повторена само за нив“, објаснуваат од Министерството и уверуваат дека нема да дозволат подолготраен прекин во процесот на ревакцинација на децата.

За тендерот со вакцините, вчера реагираше и производителот „Глаксо Смит Клајн“, според кој, постапката се водела нетранспарентно, со цел оваа компанија да биде елиминирана. „Недозволениот увид во документацијата раѓа сомнеж дека постои и нешто друго освен неукост, со цел нашата компанија да биде елиминирана“, рече вчера Томислав Христовски, директор на претставништвото на „Глаксо Смит Клајн“ во земјава, кој на тендерот учествувал преку друштвото „Фармас МН“.

Тој укажа дека биле елиминирани поради дел од критериумите што опфаќаат соодветен капацитет на комори за чување вакцини и лице одговорно за 24-часовен надзор на ладниот синџир, за кој Христовски смета дека економскиот оператор ги исполнува тие услови. Според Христовски, првпат во историјата на Македонија цената претставува единствен критериум за набавка на вакцини. „За МРП вакцина, избрана е онаа на производителот МСД со цена од 466 денари наспроти понудената на „Глаксо Смит Клајн“ со цена од 399 денари, а кај вакцина за хепатитис Б, избрана е вакцина на МСД, која не исполнува ниту основен тендерски критериум да е препорачана од СЗО. Не само што е прекршен Законот за јавни набавки туку е оштетен и буџетот на Министерството“, тврди Христовски. Но, тој не објасни зошто цената на вакцината што ја понудил годинава била педесетина отсто повисока од онаа лани.

За Министерството за здравство, ваквите тврдења на компанијата „Глаксо Смит,Клајн“ се неточни, неосновани и тенденциозни. „Ваквото однесување на претставниците на компанија претставува јасен обид за притисок врз членовите на Комисијата за жалби по јавни набавки, водејќи се, пред се', од интересот за остварување екстра-профит на сметка на парите на здравствените осигуреници и на државниот буџет “, реагираат од Министерството, кои и натаму тврдат дека оваа фирма не ги исполнува условите за чување на вакцините.


#
Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 07.10.2010 08:41:20
Novinarite koi odat na pres konferencii treba da postavuvaat prasanja za doobjasnuvanje na tekstot sto ce go pisuvaat. Ostanuva nerazjasneto dali tenderski uslov bilo vakcinata da e preporacana od SZO? Dokolku toa bilo uslov, togas vo nikakov slucaj ne moze toj isporacatel da bide izbran. Direktorot na Biroto rece deka toa ne bilo uslov. I sto e sega vistinata? Citatelite ne se informirani, a gi interesira.
Од: viktorija
Датум: 07.10.2010 11:24:47
Se prasuvam kako ke izgleda makedonskata nacija posle nekolku decenii koga ke bidat vidlivi site nus pojavi od vakcinite sto do sega i od sega ke gi primaat nasite deca? Za skoro sekoja vakcina se krevase prasina i pola od onaa navedenoto da e vistina mnogu e!! Nedovolno testirani, somenitelni vo svojata efikasnost i uste mnogu drugi argumenti koi ukazuvaat ili na nesposobnosta na Ministerstvoto da izvrsi zakonska tenderska postapka ili na nivnata povrzanost so farmacevskata mafija...

Најди! во Утрински
Политика
Од помошта на ЕУ се користат трошки
Македонски министер на официјална средба во Атина
Рамковски ќе помине само со опомена
ВМРО-ДПМНЕ бара појаснувања од Фрчкоски за Глигоров
Вестервеле
Интервју на политичар на локална телевизија чини 200 евра






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia