Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Рамковски ќе помине само со опомена

Ниту една телевизија не смее самоволно да ја прекине програмата

Светлана Унковска



Поради 24-часовното прекинување на програмата, А1 ќе заработи уште една изречена мерка од Советот за радиодифузија. Самоволието што го манифестираше оваа телевизија во понеделникот со целодневен црн екран, на недозволив начин им го скрати правото на гледачите да ја следат програмата на телевизијата со национална концесија. Од А1 велат дека темниот екран што зрачеше е симболичен израз за состојбата на демократијата во земјава и за односот на институциите кон таа состојба.

Сепак, денеска членовите на Советот на седница ќе расправаат за ваквиот потег на телевизијата со кој директно беше прекршен Законот за радиодифузија. Претседателот на СРД Зоран Стефаноски, вели дека со оглед на тоа што ова е прв пат А1 да ја исклучи програмата, најверојатно, за тоа ќе добие опомена.

„Дефинитивно, ниту една телевизија не смее самоволно да ја прекине програмата. Овој потег на А1 е непромислен и е спротивен на Законот со кој телевизиите имаат обврска да емитуваат програма најмалку 12 часа во текот на еден ден. Казната не му беше изречена да ја исклучи програмата, туку имаше еднодневна забрана за реклами и за телешопинг. Зошто го направи ова, само може да претпоставуваме. Ова е манипулација со јавноста. Не знам која е целта, најверојатно, за да привлече внимание“, вели Стефаноски. Тој потсетува дека мерката забрана за еднодневно емитување реклами е од пред две години и А1 веќе мораше да ја спроведе, но не на овој начин.

„Ваквиот потег никако не му оди во прилог на медиумскиот сервис, затоа што тие мора да ја испочитуваат казната. Затоа што поради непочитување на изречена мерка таа, практично, повлекува и друга уште поригорозна и таа забрана може да достигне и до 3 месеци“, нагласува Стефаноски.

Но, Велија Рамковски, сопственик на телевизијата, во изјавата за „Утрински“ обвини дека изречената мерка е резултат на притисоците на власта кон А1, а вчера казната ја нарече упад во програмата. Но, нема ниту збор за тоа што поради изречената казна за надминување на временскиот лимит на емитување реклами, сопственикот и програмското раководство на телевизијата одлучи да ги затемни екраните, на гледачите им го одземе правото на следење програма.

„Ова е последен потег во континуираниот притисок што во изминатиов период се прави врз А1 од страна на власта. Етикетираше новинари, пишуваше графити, јавно или тајно се праќаа закани за животот, на митинзи народот беше повикуван да не ја гледа и да не и' верува на нашата телевизија. За разлика од другите телевизии, нема да бидеме сервилни и ќе опстанеме во заложбата за објективно информирање“, реагираа вчера од оваа телевизија, додавајќи дека телевизијата се обидувале да ја замолчат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Стефаноски ги отфрла обвинувањата, а со тоа и инсинуациите дека изречената мерка е диригирана од власта, туку е резултат на спроведување на Законот и воопшто се работи за мерка донесена отпорано.

„Дефинитивно, Советот никогаш не бил под влијание на власта, ние сме независно регулаторно тело, и тоа сме го докажале досега. Инаку, вакви мерки за забрана на емитување реклами им биле изречени и на други телевизии, кои ги спровеле без притоа непотребно да го свртуваат вниманието и да ја манипулираат јавноста како што го направи тоа А1“, истакна првиот човек на СРД, Зоран Стефаноски.


#
Статијата е прочитана 691 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.10.2010 18:22:27
Нема потреба од обвинувања кон власта и опозицијата,а посебно кон опозицијата.Па могулот е еден од аспирантите за иден премиер на опозицијата кога во далечна иднина ќе ја освојат власта.Едино се плашам ако стане премиер да не ни го затемни животот како пред некој ден тв екранот.Изгледа човекот е во трен со опозицијата визави затемнувањето.
Од: usa
Датум: 07.10.2010 03:49:45
more neka se zatemne oti kako e trgnato ke mu stemne na narodot a posle ce bide kasno za osamnuvanje...........................?????
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 07.10.2010 06:42:17
Ako Sum Jas Priavaten ,Moja e volja kogaj i zosto sum na Marketot.Ako za nekoe Vreme ili den ne mi se isplati da bidam na marketot,zosto ,da se ne povlecam? Nekoj ja saka i Temninata!
Од: Професорка
Датум: 07.10.2010 10:33:49
Едноставно овде не владее демократија. Ова е постапка на тоталитарно општество. А1 останува најгледана телевизија. Само напред!

Најди! во Утрински
Политика
Од помошта на ЕУ се користат трошки
Македонски министер на официјална средба во Атина
Тендерите ги оставија децата без вакцини
ВМРО-ДПМНЕ бара појаснувања од Фрчкоски за Глигоров
Вестервеле
Интервју на политичар на локална телевизија чини 200 евра






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia