Интервју на политичар на локална телевизија чини 200 евра
СДСМ вчера обвини дека во државата се толерира незаконско работење на некои медиуми, кои, според опозициската партија, наплаќаат за учество на гости во информативна емисија.
Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, на прес-конференција рече дека прилепската телевизија Канал визија, според него, блиска до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за учество во информативна емисија на лидерот на партијата Бранко Црвенковски побарала 200 евра, а за реприза 300 евра. Покрај од ТВ Канал визија до СДСМ изминатите денови пристигнале слични барања од ТВ Кобра од Радовиш и ТРД Златен канал од Крива Паланка. Таквите барања, според Георгиев, се спротивни на начелото за слобода на говор и јавно искажување мислење и за правилно, непристрасно, објективно и навремено информирање на граѓаните. Во ноемврискиот Извештај на Европската комисија за Македонија, една од главните забелешки на Брисел ќе биде состојбата и слободата во медиумите, оцени Георгиев и ја повика власта да не се меша во работата на медиумите и на новинарите.
Прашан за коментар на критиките на спотот нарачан од СДСМ Георгиев рече дека разбира оти употребените материјали се потресни и не секогаш лесни да се прифатат како реалност, но вели дека станува збор за „човечки судбини и состојби што зависат или се предизвикани од политиките на актуелната власт“. На н��винарско прашање дали СДСМ побара согласност од лицата што се појавуваат во спотот, Георгиев одговори дека ваделе слики што веќе биле претставени во медиумите, а по реакциите дел од спотовите се повлечени и се извиниле. (П.Р)
Sramota, a ti bile nekoj medium od javen interes. Treba na sekogo da mu otstapat prostor za da gi kaze svoite politiki i stavovi, ama toa e sega mk. Inaku imaat vreme za lokalni politicarcinja kako gradonacalnikot na krivogastani da gi reklamiraat. ama toa se mediumi, sakaat sdsm-ovski direktor da go napravat najgolem vmro-vec. Ne ide toa brat ne ide, faktite se drugi covekot site od sdsm si gi ostavi za rakovoditeli, sto vo opstina, sto vo ucilista, precistitelna itn. sega uste urgira za kire kiseloski da bide pretsedatel na vmro, a bratuced mu vlado kiseloski e pretsedatel na sdsm, e ova e premnogu, site na kup najbliska roda na caprago. neka udrat uste edna doza reklama na vizija pa mozi lugjeto ke poveruvaat ili mozi se budali?. p.s. Do slednite izbori.
Од: Професорка
Датум: 07.10.2010 10:37:59
Срамно! Се се прави само гласот на опозицијата да не биде чуен од народот. Но се лажат оние кои мислат дека вечно ќе владеат. Брзо ќе ги снема, но ние веќе ќе бидеме на колена.
Од: kristo
Датум: 07.10.2010 11:09:32
A kio ne znaevte televiziite ne rabotat za ater na nekogo pa toj bil i Branko tuku za pari. Na prvi vrabotenite baraat plata a ne Branko. Nisto nema na gaga, Narodski kazano plati pa klati,