Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Вестервеле: Правете реформи за преговори

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Германскиот шеф на дипломатијата, Гидо Вестервеле, му порача на министерот Антонио Милошоски дека во овој момент реформите не се најповолен аргумент за Македонија да го добие тоа што го заслужува - датум за почеток на преговори со ЕУ. Според него, тие ја држат земјата на агендата на ЕУ за во некои поповолни услови да се направи пробив.

„Одржувајте го билатералниот дијалог со Грција. Гледајте ако има можности тој да даде резултат. Истовремено правете ги реформите дома, така како што налага Европската комисија. И држете ги вашето досие и вашите достигнувања на ниво во Брисел. Тоа ви е секогаш силен аргумент што не може да се занемари“, ја пренесе министерот Милошоски пораката што ја добил од германскиот колега.

Милошоски рекол дека очекува Германија да продолжи да го дава својот конструктивен придонес во процесот на евроинтеграциите на Македонија, во согласност со препораките на Европската комисија. Тој на Вестервеле му ја објаснил македонската позиција дека за да се деблокираат евроатлантските интеграции на нашата земја е потребно да се примени словенечко-хрватскиот пристап, односно евроинтеграцијата и процесот на преговорите за името да се одвиваат паралелно.

Милошоски во Стразбур беше распрашуван и од страна на пратениците за проблемот со името. Турскиот пратеник Халук Коч се интересираше за користењето на референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, односно „кога Македонија ќе има ново име и кога ќе може да се каже само Македонија“. На ова Милошоски рече дека кога би одговорил, како што би сакал да одговори, ќе станел многу популарен во македонските медиуми. Но, смета дека може да се постигне договор според меѓународното право и воедно да се почитува правото на граѓаните и на нациите да го изберат своето сопствено име.




#
Статијата е прочитана 350 пати.

Испрати коментар

Од: Професорка
Датум: 07.10.2010 10:41:39
Какви реформи, какви преговори! Па тие прават се обратно од тоа што им кажуваат во ЕУ. Ова е само одлична глума во провинциски театар. А народот, најсиромашен, но среќен. Претставата продолжува се додека има ваква публика.

Најди! во Утрински
Политика
Од помошта на ЕУ се користат трошки
Македонски министер на официјална средба во Атина
Рамковски ќе помине само со опомена
Тендерите ги оставија децата без вакцини
ВМРО-ДПМНЕ бара појаснувања од Фрчкоски за Глигоров
Интервју на политичар на локална телевизија чини 200 евра






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe