ВМРО-ДПМНЕ бара појаснувања од Фрчкоски за Глигоров
ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од поранешниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, во чие време се случи обидот за атентат на поранешниот претседател Киро Глигоров, што мислел да каже со завчерашната изјава дека не си поднел оставка по атентатот поради притисок и политички калкулации.
Цитирајќи ја изјавата на Фрчкоски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, рече дека Фрчкоски објаснувајќи ја политичката ситуација во тој период, истакнал оти министерот, објективно, е одговорен кога ќе се случи еден ваков настан, дека во нормални околности без размислување би се повлекол од функцијата, но оти тогаш бил извршен притисок врз него и политичките калкулации биле такви дека е подобро да не се прифати неговата понудена оставка и да остане на функцијата.
„Ова отвора многу дилеми. Јавноста заслужува да добие одговор на прашањето поради која причина Фрчковски подлегнал на притисоците, кој вршел притисок врз него да не биде сменет од позицијата министер за внатрешни работи, со која цел и зошто бил вршен тој притисок, кој имал корист од тоа, дали со ова се сакало да се заштитат одредени политички интереси на тогашното државно раководство, дали одредени групации имале заеднички интерес од неефикасната истрага за атентатот и неменувањето на Љубомир Фрчкоски“, праша Бичиклиски. Тој посочи дека обидот за атентат се случи во време кога министер за внатрешни работи беше Фрчкоски, а премиер Бранко Црвенковски, оти Фрчкоски спровел неуспешна истрага и не бил пронајден сторителот. (П.Р.)
Не сум многу сигурен највероватно поради рејбан наочарите, уметничките слики и коњичката полиција,ова може да го објасни подобро Феличита,добро е упатен за работата на неговите.Инаку се знае, нема притисоци, нема калкулации .На опозицијава сегашна а тогашна власт неим паѓало воопшто на памет такво нешто.Тие сал мислеле како да го усреќат народот со приватизации
Од: В. Кратовалиев
Датум: 06.10.2010 12:22:29
Незнам дали некој врз Фршковски можел да врши притисок да не поднесува оставка, бидејки повеке од една недела по атентатот на Глигоров, јавноста не знаеше каде се наоѓа. Дури се шпекулираше дека ја напуштил земјата?
Од: Феличита
Датум: 06.10.2010 14:34:37
Кога некој ќе им каже на портокалчињата дека се на власт 8,5 години од последните 15 години.Имаа повеќе од два мандата,што не ги расчистија работите?Вака,само од Бате прават Дада!
Од: фичо
Датум: 06.10.2010 20:38:25
Истрагата ја водат стручните слузби а не министерот.Видовме колку ДПМНЕ се заинтересирани да се расчисти атентатот на Глигоров и сообракајката на Мијалков.Дали се работи за капацитет,волја или нешто трето времето ке показе
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 07.10.2010 06:30:34
Najodgovorno Vladata,procenila i Frckovski ne ja podnel ili prifatile ;Ostavkata na Frckovskivo vo tie krizni vremina za Makedonija! Vladata vo Makedonija Egzistencijata na Makedonija ,vo toa vremde barala; Najmalav potres,i dobro e sto Frckovski ne podnel ostavka!.Toa sto se se slucuvalo so Kiro, On-Kiro najubavo znae.,moze bi ce ostavi Testament..Drugarot Gligorov--pardon Gospodin Gligorov-of,tocno znae koj bese pozadi Atentatot,ama nema materialni dokazi!