Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Владата се задолжи со нови 46 млн. евра

Вчера Владата од стопанството повлече околу 46 милиони евра, преку двете аукции на шестмесечни државни записи. Едната аукција беше на записи без девизна клаузула, при што биле реализирани речиси три милиони евра со камата од 4,5 отсто, а другата аукција беше на записи со девизна клаузула, при што се продадени записи во вредност од речиси 43 милиони евра и со камата од 4,3 отсто.

Според Министерството за финансии, станува збор за досега најниска каматна стапка на шестмесечните држави записи, со што им се излегува во пресрет на барањата на бизнис-заедницата. Оттаму најавуваат дека за ноември ќе извршат поврат на веќе достасани хартии од вредност во износ од 47,5 милиони евра, од кои 3,2 милиона евра се по основа на двегодишни државни обврзници, а остатокот за достасани шестмесечни записи. „Ова е повторно во контекст на барањата на бизнис-заедницата за намалување на задолжувањето преку државни записи, во интерес на подобрување на ликвидноста на стопанството“, велат од Финансии и додаваат дека остануваат на определбата за поддршка на стопанството и на банкарскиот сектор. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 677 пати.

Испрати коментар

Од: zoro
Датум: 03.11.2010 13:21:42
Od shuplje u prazno Se zadolzuva so 43 mliona, za da vrati dolg od 47. E koga za 6 meseci ke treba da gi vrati ovie novive 43 koj ke bidat 47 ili neznam kolku milioni, togas pak ke se zadolzat, normalno neli kako i do sega, bidejki od kade pari??? Kako i sekoe semejstvo vo mk sto se bori so kreditite taka i vladata. Razlikata e sto onoj sto plakja krediti doma znae vo kakva sostojba se naogja, A vladata ili blada ili ne laze, treto nema!!! Ne e loso so ne lazat, loso e sto mislat deka im veruvame!!!
Од: xxL from Prilep
Датум: 03.11.2010 15:36:47
a od kaj ke gi najde vladata 100 milijoni evra sto treba da mu gi isplati na TARBS posle izgubeniot sudski spor vo London? po vina na ministero Janakieski from Prilep.
Од: jovan
Датум: 03.11.2010 17:34:18
Posle 6 meseci ke se zadolzat so zapisi koj ke gi prolongiraat na 1 godina, i se taka dodeka ne im se srusi piramidata.Sto se odnesuva do MMF i najavata deka tamu ke se zadolzele za da vratat na bankite,e tuka bogami ke ima nateganje so MMF. Ne davaat tie tuku taka kako sto si misli Vladata i kako sto ni kazuva.Ke ima tuka povuci, a bogami i potegni.Od drugo mesto nema veke od kade da zemat,osven nekoj da im dade so kamata 7-8-10%.A i ova so domasnive banki ne e na arno.Ako ne najdat pari od nadvor za da im vratat na bankite, togas ili bankite ke "izvisat"(ke im udrat dvacija)ili drzavata ke bankrotira za da im vrati na bankite.Od narodot nema veke sto da se zema,osven nekoja zadnja crkavica.
Од: јас
Датум: 03.11.2010 18:10:42
Колку само еуфорично вчера го најавуваше новинарката на Сител ова најново задолжување на расипничкава блада!!!Со запенета уста, насмеано ни ’ кажуваше дека ете „преродбеничката блада на чело со мистер рејтинг „УСПЕАЛА ДА ГИ УРНЕ КАМАТИТЕ НА НАЈНОВОТО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ИСТОРИСКО НАЈНИСКИ ГРАНКИ„ .Да не е тажно , би било ептен смешно !!

Најди! во Утрински
Економија
Никој не ги сака ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“
За неплатен долг - отиде платата
Никола Узунов
Никој не знае кај смее да се пуши
ТТК банка доби спор вреден 3,7 милиони евра
Во Струмичко посеани 50 отсто со есенски култури
Косоврасти се спаси од копање






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis