Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Никој не ги сака ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“

Понудите од главните играчи, РВЕ, „Енел“ и „Вербунт“, повторно не стасаа на адреса на Економија

Маја Томиќ

Упорноста на Владата да најде инвеститори за значајните енергетски објекти во земјава не спласнува, па таа упорна ги турка тендерите што никако не успеваат да доживеат хепи енд. Откако по неколку пропаднати тендери крена раце од давањето на ХЕЦ „Бошков Мост“ на странски инвеститор и реши самата да го тера проектот со пари од Светска банка, по неуспешните неколку тендери за загубарите, сега заврши без резултат и последниот меѓународен повик за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“.

Што е тоа што на компаниите не им се допаѓа во тендерската понуда? Неофицијално, инвеститорите немале гаранција дека проектот ќе биде економски исплатлив и барале подобри техничко-технолошки решенија. Очигледно дека не помогнаа ниту странските консултанти и значајната сума што за таа цел им беше искеширана од државната каса. За потсетување, на консултантите „Дилоит и Туш“ и „Бул брокерс“, ангажирани за загубарите, лани им се дадоа 700 илјади евра, а на ИФЦ за „Чебрен“ и „Галиште“ - 100 илјади евра.
Сепак, до завчера попладне, крајниот рок за доставување понуди за двете централи што треба да се градат на Црна Река, ниту една не пристигна на адреса на Министерството за економија. А Владата беше оптимист дека годинава сигурно ќе се најде инвеститор за оваа енергетска инвестиција, многу значајна за земјава. Со тоа пропадна и вториот тендер за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ во изминатите четири години.

„Не е доставена ниту една понуда, но нашата соработка со ИФЦ за наоѓање инвеститор продолжува и натаму. Најверојатно наскоро ќе се распише нов тендер, а деталите ќе бидат соопштени дополнително“, изјави портпаролката на Министерството за економија, Селвет Барути.

Во првата фаза за претквалификација на овој тендер беа вклучени сериозни, светски познати енергетски компании, германската РВЕ, италијанската ЕНЕЛ и австриската „Вербунт“. Владата не даде објаснување зошто ниту една од нив сега не достави понуда, кога се знае дека компаниите уште пред неколку години покажаа голем интерес за овој тендер, а РВЕ имаше и своја презентација. Дали можеби поради тоа што целата процедура околу тендерот траеше предолго, првиот беше во 2006 година и беше поништен, па потоа повторно се распиша нов од оваа Влада. Или, пак, причината за повлекувањето на инвеститорите беше честото менување на тендерските правила и нивната непрецизност.

Инаку, ИФЦ требаше да и' помогне на Владата за наоѓање стратегиски инвеститори за „Чебрен“ и „Галиште“, врз основа на јавно приватно партнерство. Во текот на годинава, како што беше најавено од Владата, ИФЦ требаше ја дотера постојната тендерска документација во технолошка и во правна смисла. При потпишувањето на договорот со ИФЦ, вицепремиерот Владимир Пешевски рече дека од тие 100.000 евра за услугата на ИФЦ, Владата ќе покриела само 20 отсто, а останатиот дел од парите ќе ги плаќал идниот инвеститор. Доколку до крајот на годинава не се најде инвеститор, ИФЦ сама ќе ги сноси трошоците. Така, според Пешевски, бил договорот со Владата.

Инаку, според процената на Владата, проектот „Чебрен“ и „Галиште“, чија моќност треба да изнесува 600 мегавати, е вреден повеќе од 600 милиони евра. Ако еден ден се реализира, тоа ќе биде највредната странска инвестиција во земјава. За овие две хидроцентрали во изминатите четири години два пати се поништуваа и по повеќе пати се пролонгираа тендерските рокови, и од претходната и од оваа Влада. А, како што е веќе познато, Владата целосно го поништи претходниот тендер кон крајот на 2008 година и распиша нов, а во текот на 2009 година по неколку пати ги продолжуваше термините за пријавување. Последен пат реши да го пролонгира тендерот до април, а потоа и до ноември годинава.

Останува прашањето зошт�� овие забелешки од компаниите ИФЦ не ги вгради во тендерот.


#
Статијата е прочитана 710 пати.

Испрати коментар

Од: vaga957
Датум: 03.11.2010 12:45:31
Чебрен и Галиште ги лапна Бладата со правењето некапитални објекти,споменици и други лудории.Не и требаат инвеститори таа сама можеше да ги направи, и ветерниците по повардарие каде што дува вардарец.Но, тие си се однесуваат како да сме најбогата држава на светот па се си имаме е ај сега да си градиме споменици, а живите нека умираат.Не знам што народ ќе бевме.Во Франција за две години повеќе стаж за пензионирање ја кренаа цела држава на нозе.А, НИЕ ГОСПОД НЕКА НИ БИДЕ НА ПОМОШ.........
Од: Nasto Palioski-Jablanicanecot
Датум: 04.11.2010 09:12:25
Tek sega 100% procentno se uveriv deka sum nekoj vidovit covek.od 2006 godina jas trubam deka sistemot na Tenderi e promarsena rabota, i deka drzavata gubi na toa a Vladata odnosno nekoi lica od Vladata debolo profitiraat.Ako 2006 godina mene mi se dadese Elektranata na Jablanicka reka pred dve godini ke bese zavrsena kade ke se vrabotea barem 30 lica a sega od den na den seloto se iseluva.Verovatno e i toa sto Za zapadniot del na Makedonija pogotovo mojot vo strusko IC neie gjle na Vladata.Sojam na raspolaganje da ja dobija koncesijata samo vo Meguseben dogovor so Vladata, a ne preku tender.

Најди! во Утрински
Економија
За неплатен долг - отиде платата
Никола Узунов
Никој не знае кај смее да се пуши
ТТК банка доби спор вреден 3,7 милиони евра
Владата се задолжи со нови 46 млн. евра
Во Струмичко посеани 50 отсто со есенски култури
Косоврасти се спаси од копање






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis