Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ТВ ФОТЕЛЈА

Алсат знае

РОБЕРТ Д. КРСТЕВСКИ

Телевизија Алсат М не престанува да ги изненадува гледачите во Македонија. Наспроти очекувањата дека целна група ќе и' бидат исклучиво Албанците, таа се' повеќе се врти и кон Македонците. Досега тоа го правеше главно со информативните емисии на македонски јазик, а од пред некој ден отиде уште подалеку со двојазичното покривање на Европското првенство во фудбал. Како сопственик на ТВ-правата за директните преноси од Австрија и од Швајцарија, Алсат М можеше да оди со коментар само на албански и никој ништо да не може да и' забележи од формалноправен аспект. Но, раководството на оваа ТВ-куќа веројатно почувствува дека концесијата на национално ниво морално го обврзува да ги направи преносите достапни и за мнозинството граѓани, со тоа што ќе се обезбеди коментар и на македонски.

Во пригодните емисии во живо, пак, со гостите во студиото се комуницира и на албански и на македонски, зависно од нивната етничка припадност, што претставува вистинска револуција во македонскиот етер. Единствениот пропуст од чисто практична гледна точка е немањето превод кога водителот им се обраќа на дел од гостите на албански. Тие што не го знаат тој јазик, а ги интересира видувањето на фудбалските стручњаци што го користат во емисијата, остануваат покуси за тој дел од информациите поврзани со настаните на првенството.

Овдешните љубители на најважната споредна работа на светот дополнително ги развеселува уште една револуционерна новина на овие простори, а тоа е воздржувањето од емитување реклами за време на натпреварите. Заслужува внимание и толеранцијата кон гостите со, условно речено, провокативна надворешност, каков што беше случајот со актерите Рубенс Муратовски, кој на качкетот имаше беџ со сонцето од Кутлеш (Грците го викаат Вергина), и Сашо Тасевски, кој носеше маичка со ликот на Александар Македонски и со натпис Македонија. Ништо страшно, би рекле, но и не многу вообичаено за медиум на албански.

Импресионира и визуелниот впечаток од студиото, ��ое е целосна спротивност на сивилото и на кич-сценографијата на Македонска телевизија во емисиите во рамките на кои одат преносите од Лигата на шампионите. Тука е и коментирањето на средбите од ЕП во тандем со експерти за овој спорт, одамна утврдена практика во сите електронски медиуми што се стремат кон минимум професионалност, а таква бездруго е и Алсат М.

Сето набројано ја прави оваа скопска телевизија своевиден пионер во македонскиот радиодифузен простор. Да не речам, ретка билка што треба грижливо да се негува токму поради интегративниот капацитет што го манифестира во едно општество на длабоко вкоренети предрасуди спрема различните од себе.


Статијата е прочитана 627 пати.

Испрати коментар

Од: Georgi V.
Датум: 12.06.2008 03:00:02
Sekoja cest!!!
Од: dimce
Датум: 12.06.2008 11:28:38
na site nas ni treba pozitivna energija a od ovoj tekst taa najmnogu zraci sekoja cest
Од: од мене
Датум: 12.06.2008 11:56:31
Алсат М ги доби правата за македонски јазик, а тоа што има и албански коментар е плус.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Годишен концерт на „Ребис“
Мадона и Гај Ричи на чекор до развод?
Тагата и радоста се ќерки од иста мајка
Специјален филателистички плик за „К-15“
Не сум несреќна како Петра Лончар
Уште една лоша среќа на снимањето на Бонд
Наместо на одмор, естрадата на тезга