Уште една лоша среќа на снимањето на Бонд
Даниел Крег завршил во болница откако на снимањето на новото продолжение за „Џемс Бонд“ го исекол прстот. Сведок што го видел сето тоа изјавил дека имало многу крв и затоа било одлучено актерот да се однесе во болница и да му се укаже медицинска помош.
Ова не е прва незгода на снимањето на Бонд. Претходно, Крег ги повредил ребрата на снимањето во Панама, додека во Австрија бил избоден еден од техничарите на филмот од страна на непозната жена. Очигледно е дека лошата среќа и понатаму ги следи актерите и екипата на „Бонд “. |