Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Мадона и Гај Ричи на чекор до развод?

Еден од најжестоките британски адвокати за развод Николас Мостин, најверојатно, добил зелено светло од Мадона да ја започне бракоразводната процедура со Гај Ричи.

Информацијата ексклузивно била потврдена на веб-страницата „Холи Моли“ од досега неименуван извор, кој изјавил дека Мадона пред десетина дена се сретнала со адвокатот Мостин во неговата канцеларија во Лондон.

Во документите, како причина за развод се наведува дистанцирањето на парот поради бројните обврски поврзани со работата.

Освен ова, и негативниот медиумски публицитет поради посвојувањето на момчето Давид придонел за раздор помеѓу сопружниците.

Истиот извор тврди дека Мадона и Гај немаат потпишано предбрачен договор, што значи дека режисерот може да приграби половина од богатството на Мадона. Таа само минатата година заработила 72 милиона долари.

Мадона не го избрала случајно Мостин, кој е познат по разводите кои се вистинско „ремек-дело“. Последниот бил на Пол Макартни и Хедер Милс, при што на славниот пејач успеал да му спаси неверојатни 100 милиони фунти од вкупниот износ, кој бил побаран како отштета.

Долготрајните гласишта за брачната криза помеѓу Мадона и Гај со ова очигледно добиле и конечна потврда, но, сепак, ќе се чека на официјално соопштение од селебрити двојката.


Статијата е прочитана 372 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Годишен концерт на „Ребис“
Тагата и радоста се ќерки од иста мајка
Специјален филателистички плик за „К-15“
Не сум несреќна како Петра Лончар
Уште една лоша среќа на снимањето на Бонд
Алсат знае
Наместо на одмор, естрадата на тезга