Специјален филателистички плик за „К-15“
Во просториите на Клубот на колекционерите во Скопје, кој се наоѓа на плоштадот „Слобода“, денеска, во 17 часот ќе се промовира специјален филателистички плик посветен на јубилејот на „К-15“. Спонзор на марката и жигот на пликот е АД „Македонски пошти“, а инаку пликот го изработи Синиша Павлески во името на Филателистичкото друштво „Скопје“. Пликот е посветен на 15-годишнината од постоењето на популарната „К-15“, но во духот на нивниот хумор, на пликот пишува по повод нивните 14 години, осум месеци и десет дена. (М.М.) |