Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Откажано чествувањето на Свети Климент во Охрид

ОХРИД - Откажувањето на вчерашната свеченост по повод одбележувањето на денот на Свети Климент, патронот на Охрид, е скандал зошто за членовите на Советот на Општината поважни биле политичките и партиските интереси од големината на празникот. Мнозинството на Советот, на чело со СДСМ, не било задоволно од изборот на добитниците на највисокото општинско признание „Светиклиментовата награда“ и најавило дека нема да присуствува на свеченоста.

„По седницата на Комисијата за доделување на наградата „Свети Климент Охридски“ минатата недела претседателот д-р Томислав Тунтев, поднесе оставка. По оставката незадоволни од гласањето во Комисијата, советниците од СДСМ и коалиционите партнери ни најавија дека не се задоволни од изборот на добитниците и во знак на протест нема да учествуваат на свечената седница“, објаснува претседателот на Советот на Општината Охрид, Душко Јаковчевски. Додава дека неговата одлука да не се одржи свеченоста е помал скандал отколку да се одржеше само со присуство на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалот се случува во отсуство на градоначалникот Александар Петрески, кој е во Брисел на презентација на туристичките можности на Охрид на саемот што го организира ЕУ. „Градоначалникот Петрески не можеше да влијае на одлуката на Советот зошто е во Брисел, но и да беше тука ќе мораше да ја почитува зашто таа е донесена од страна на Советот на Општината која е надлежен орган за работењето на Комисијата за доделување на признанија“, вели Никола Малевски, портпарол на Општина Охрид.

Охриѓани се револтирани од откажувањето на свеченоста која за нив е непочитување на Свети Климент, патронот и зашт��тникот на Охрид. Некои институции и поединци веќе најавија дека ќе побараат промени во статутот на Општината со што наместо партиски луѓе во комисијата за наградата да бидат видни и потврдени непартиски личности. (С.И.)


#
Статијата е прочитана 360 пати.

Испрати коментар

Од: Читател
Датум: 09.12.2009 02:20:49
А јас па мислев дека ја откажале свеченоста поради грипот :)

Најди! во Утрински
Култура
„Ревизор“ по 35 години пак во Битолскиот театар
Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“
Театарот на Стоби ќе добие монографија
Второ издание на „Каменот од твојот ден“ и трето издание на „Индиго Бомбај“
Битолскиот театар заглавен со 3 млн. денари
Премиера на „Неверство“ од Харолд Пинтер во ЦК
„Voodoo child“ на Џими Хендрикс - најдобар риф на сите времиња