Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“

Во Собранието на Република Македонија, вчера, беше врачена годишната државна награда „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија. Добитници на државната награда за 2009 година во областа на воспитанието и образованието се професорите д-р Елена Колева, класичен филолог, и Рамиз Абдули историчар, во областа на културата и уметноста наградата ја добија д-р Коста Балабанов, историчар на уметноста, и Бранко Цветкоски, писател. Во областа на здравството е награден кардиологот проф. д-р Лазар Лазаров. Наградите ги врачи академик Крум Томовски, претседател на Одборот за доделување на наградата, кој истакна дека Наградата ја поврзува нашата колективна меморија со универзалните вредности на св. Климент Охридски.

Денот на св. Климент Охридски - 8 Декември во Македонија е државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, творец на Охридската книжевна школа. По повод празникот, завчера вечер се одржа свечена академија на која архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан истакна дека во црковната и националната историја на македонскиот народ ниедна друга личност не оставила такви траги како Св. Климент, охридскиот архиепископ и чудотворец.

Претседателот Ѓорге Иванов потсетувајќи на делото на големиот учител, основоположникот на Македонската православна црква и на словенската писменост, рече: „По 840-та година од оваа ера, кога Свети Климент Охридски го здогледа Сонцето над македонската земја, па се до денес, тој создава и твори низ делата на сите кои ги употребуваат кирилицата и глаголицата како азбуки за изразување на своето творештво. Многуте поучни и похвални слова сведочат за огромниот влог во писменоста, на човекот кој е првиот словенски епископ“. (Н.П.)




#
Статијата е прочитана 584 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
„Ревизор“ по 35 години пак во Битолскиот театар
Театарот на Стоби ќе добие монографија
Второ издание на „Каменот од твојот ден“ и трето издание на „Индиго Бомбај“
Битолскиот театар заглавен со 3 млн. денари
Премиера на „Неверство“ од Харолд Пинтер во ЦК
„Voodoo child“ на Џими Хендрикс - најдобар риф на сите времиња
Откажано чествувањето на Свети Климент во Охрид