Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

„Ревизор“ по 35 години пак во Битолскиот театар

Битола-„Ревизор“ од Гогољ е пиесата која што в петок, со почеток во 19. 30 часот, премиерно ќе биде прикажана на сцената на Битолскиот народен театар. Ова е независен проект на младиот актер Мартин Мирчевски, кој својот талент се обиде да го покаже и во адаптацијата и режијата на претставата.

„Оваа идеја долго време ја чував во себе . Оваа година е двеста годишнина од раѓањето на Гогољ, тоа е поводот што сакав да го одбележам. Ревизор е напишана како комедија, поставувана е многу пати во сите театри низ целата земјина топка , а еве се случи и на сцената на битолскиот театар по 35 години да биде поставена по втор пат. Но сега од наша гледна точка зачинета со еден суптилен и рафиниран хумор“, рече младиот Мирчевски.

Во претставата играат Петар Мирчевски, Филип Мирчевски, Валентина Грамосли, Маја Андоновска, Марјан Ѓорѓиевски, Иван Јерчиќ, Васко Мавровски, Елена Моше и Никола Пројчевски. Според режисерот Мирчевски пресудно за изборот на актерската екипа биле театарскиот темперамент, наравот и нивните квалитети, иако најголем дел од ангажираните актери се млади.

„Неможам многу да се истоветувам со улогата која што ја имам . Затоа што мојот лик е преголем лажго. Тоа е ревизорот и кога ќе му се укаже таа можност тој го расплетува својот карактер. Тоа е еден безвременски лик“. - вели Филип Мирчевски, кој ја игра главната улога, ликот на Иван Хлестаков.

Музиката во „Ревизор“ ја направи Марјан Неќак, костимографијата Благоја Мицевски, а сценографијата Драган Анѓелковиќ. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 250 пати.

Испрати коментар

Од: Велимир Цвејиќ
Датум: 09.12.2009 10:49:25
Да се надевам дека младиот глумец и режисер нема да ја повтори грешката што ја направи Народниот тетар во Скопје, кога пред четири години го постави истото дело сосема реалистички, иако случувањата што ги имаат балканските држави, меѓу кои за нас највжаната Македонија, и нивните релации со Брисел, ЕУ, сосема наликуват на релациите што ги имале руските губернии со Петроград, седиштето на царската Русија. Дури и ревизорите, који сега се нарекуават Евроконтролори, набњљудувачи, европретставници, чии имиња се познати на целата јавност имаат иста улога. Осатанатото е соема слино, ако не баш исто како што се случувало со царските ревизори. Скопската претстава ме натера да во текот на трочасовното гледање смислим нашата комендија, по што ја пренесов на ЦД и му ја дадо на професорот Унковкси, а може би тој му ја дал на својот студент. Нека ако е така, добро е.
Од: none
Датум: 09.12.2009 12:49:46
ne se normalni lugjeto... od kade ovaa alchnost ... Martin Mirchevski ushte treba da jade furna leb za samo da stane obichno akterche vo BNT pa, ushte kje rezira A cela negova familija da igra, chat pat gledam i nekoi ovci... he he... i posle BNT dopira dno, shto USHTE MNOGU IMA DA DOPIRA pa i drugo neshto... ponekogash ne e reshenije samo promena na rakovodstvo... napred familija Mirchevskiiii... valjda i kje se najde nekolkumina lugje od familija za kako od publika da praat promet...

Најди! во Утрински
Култура
Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“
Театарот на Стоби ќе добие монографија
Второ издание на „Каменот од твојот ден“ и трето издание на „Индиго Бомбај“
Битолскиот театар заглавен со 3 млн. денари
Премиера на „Неверство“ од Харолд Пинтер во ЦК
„Voodoo child“ на Џими Хендрикс - најдобар риф на сите времиња
Откажано чествувањето на Свети Климент во Охрид