Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

„Voodoo child“ на Џими Хендрикс - најдобар риф на сите времиња

Ниту четириесет години откако е снимена , култната композиција на кралот на гитарата Џими Хендрикс, „Vodoo child“ не престанува да ја воодушевува публиката. Нејзините рифови, деновиве се прогласени за најдобри гитаристички рифови на сите времиња. Изборот го направија читателите на списанието „Music radar“.

На второ место е позиционирана „Sweet child of mine“ на групата „Guns N'Roses“.

Уредникот на списанието „Music radar“, Мајк Голдсмит, Хенрдикс го нарече „неоспорен шампион на рок гитарата во тешка категорија“.

Меѓу првите пет на листата се најдоа и „Led Zeppelin“ со композицијата „Whole lotta love“, „Deep Purple“ и нивниот познат хит „Smoke on the water“, како и Eric Klapton со песната „Layla“.

Очигледно љубителите на „жешкиот звук“ повеќе се држат до старите песни, бидејќи само две песни кои се најдоа меѓу првите дваесет датираат од изминатото десетлетие. Тоа се песните „Plug in baby“ на гупата „Muse“- кои се позиционираа на 11 место и „Seven nation amry“ од „White stripes“- на 15 место.

„Не треба да не чуди ваквата поставеност на композициите, вели Голдсмит, со оглед на тоа дека Bellamy и White ја наследија единствената мешавина на Хендриксовиот експериментален инстинкт и смисол за шоу. Меѓутоа нашето истражување над се потврдува дека класичниот рок и денеска апсолутно владее.“

„Woodoo child“ е снимен во 1968 година, а како сингл бил објавен во 1970 година, по смртта на Џими Хендрикс, кога стана апсолутен хит на топ листите низ светот.

Во анкетата која ја спроведе списанието „Music radar“ учествувале 5.000 читатели. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 262 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Ревизор“ по 35 години пак во Битолскиот театар
Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“
Театарот на Стоби ќе добие монографија
Второ издание на „Каменот од твојот ден“ и трето издание на „Индиго Бомбај“
Битолскиот театар заглавен со 3 млн. денари
Премиера на „Неверство“ од Харолд Пинтер во ЦК
Откажано чествувањето на Свети Климент во Охрид