Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
11.07.2012, 15:57

Со нож нападнат лидерот на ВМРО - ДПМНЕ во Битола

Напаѓачот цела ноќ се криел од полицијата, по што е уапсен. Се шпекулира дека во заднината на инцидентот се кријат притисоци за вработувања

Битола - Со нож нападнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Зоран Илиоски. Битолчанецот З.А., вработен во битолската болница, заѕвонил на вратата од семејниот стан на општинскиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и по вербална расправија се обидел да го нападне со нож. Настанот се случил во вторникот вечерта, по што напаѓачот цела ноќ се криел од полицијата.

Од СВР-Битола го потврдуваат случајот. Велат дека Илиоски успеал да се скрие од насилникот. Тој го пријавил случајот околу 21 часот во полицијата, откако само неколку минути пред тоа, пред неговиот стан се појавил З.А., кој работи како домар во Клиничката болница во Битола. „Напаѓачот првин почнал вербална расправија и во еден момент од појасот на панталоните извадил нож и замавнал кон Илиоски. Тој некако успеал да се оттргне и да ја затвори влезната врата од својот дом “, вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР-Битола.

Но, тоа не било се'. Напаѓачот продолжил да удира со ножот по влезната врата од станот и да упатува сериозни закани по животот на Илиоски и неговото семејство. По кратко време заминал. Потоа цела ноќ се криел од полицијата, која успеала да го најде дури следното утро. Против него се подготвува кривична пријава, а веќе седнал и пред истражен судија.

Илиоски вчера беше на пат, но потврди дека пред неговиот дом се случил инцидент. Тој смета дека настанот не треба да се поврзува со политика и со тоа што од неодамна е на чело на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во градот.

„Се случи немил настан и полицијата го испитува случајот. Ова го гледам како индивидуален случај и не го поврзувам со политиката“, изјави Илиоски.

Во Битола, инцидентот пред вратата на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ беше главна тема во чаршијата.

Неофицијално се зборува дека напаѓачот барал вработување за својата ќерка во битолската болницата, каде што во тек е конкурс за вработување медицински персонал. Портпаролот на полиција вели дека истрагата ќе го даде одговорот за вистинскиот мотив за овој инцидент.

Илиоски е директор на ЈП „Водовод“ во Битола, па вработени во ова комунално претпријатие велат дека откако бил поставен за координатор на владејачката партија во градот од рано наутро граѓани и членови на партијата чекале пред управната зграда за да се сретнат со него и да побараат помош за вработување како и за некои свои лични проблеми.

Инцидентот го осуди локалната опозиција, но сепак смета дека тој е последица на лажните партиски ветувања. „За секоја последица, присутна е и причина. Ова не е ништо другo, туку резултат на многубројни лажни ветувања за партиски вработувања кои доведоа до пирова победа на ДПМНЕ“, изјави Васко Ковачевски претседател на ОО на СДСМ во Битола. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1415 пати.

Испрати коментар



Повредените војници на домашно лекување
„Мајка ми е убиена поради нејзината добрина“
Газдата на синџирот ресторани „Кај Злате“ си го одзеде животот



Istocna Makedonija, 12.07.2012 09:17:17
,,Demokratska rasprava vo nas til.Ili,ne vetuvaj nisto ako ne skas,ili ne mozes da ispolnis.Posebno ne vo ovie teski i macni vreminja na ziveenje vo kata dnevna tenzicnost.Ne lazi,samo da se doberes,ili ostanes na vlast i uzivas ne,zasluzeni privilegii.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C

Среда
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 11 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Првите олимпијци пристигнуваат денеска во Лондон
На аеродромот Хитроу пристигнуваат првите 335 спортисти и нивните тренери, меѓу кои се наоѓаат олимпијци од САД, Канада,...
Лондон ја почна борбата против допингот
Анти-допинг центарот на ОИ ќе тестира 6.000 спортисти плус сите освојувачи на медали, се' до деветти септември...
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Креветите во Олимпиското село долги само 172 см
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми
Темната страна на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |