Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Политика

Ќе го затнат ли судиите „Големото уво“?

Жаклина Ѓорѓевиќ


СДСМ кога ќе дојде на власт, ќе направи контрола на секој што е прислушуван во Македонија и дали тоа е направено законски. Вакви најави пристигнаа од опозицијата како реакција на одлуката на Уставен суд да поведе постапка за оценување на уставноста на неколку членови од Законот за електронски комуникации, со кој на МВР му се дозволува да прислушува без судски налог, и тоа неограничено. Лавина реакции дојдоа и од експертите, кои тврдат дека и без и со закон во Македонија се' уште се прислушува, и тоа секој и каде се' се сака и колку се сака.

Уста��ниот суд замрзна пет члена од Законот за електронски комуникации, се' до донесување конечна одлука дали тие се во согласност со Уставот. Во овие членови се дефинира дека овластен орган за следење на комуникациите е МВР, како и тоа дека операторите се должни по барање на државните органи да им даваат податоци каде во одреден момент се наоѓаат претплатниците. Доколку не добијат таква информација, тогаш за операторите е предвидена казна од 7 до 10 проценти од вкупниот годишен приход, што е, исто така, предмет на разгледување во Уставниот суд. Судот поведе постапка и бидејќи овластувањето на МВР да врши следење на комуникации без судски налог и без да е определено кој ќе биде следен, колку време и на кој начин, може да значи дека неопределен број луѓе може неограничено да бидат следени и „со тоа, всушност, се овозможува навлегување во сферата на приватноста“.

Експертите вчера ја поздравија одлуката на Уставен суд да поведе постапка по овие членови, а опозицијата најави ревизија на неконтролираните прислушувања. „Закон со кој би се контролирале прислушувањата ни треба, бидејќи кога ќе дојде демократска власт, ќе направи контрола на сето она што е незаконско прислушувано во Македонија“, изјави пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули. Тој додаде дека тогаш „ќе нема претседател кој ќе ги амнестира оние што прислушувале“.

„Она што го укажувавме и на собраниската седница се потврди и на дело, дека Владата скришно и со измените во Законот за електронски комуникации си присвои нешто што треба да биде регулирано со Законот за следење на комуникации. Не држат тезите на МВР дека тоа е закон од друг ресор“, коментира Макрадули и додава: „Прислушувањето е спорт на оваа Влада, поважен дури и од фудбалот. Овој закон не го поддржа јавниот обвинител, затоа нема поголем доказ дека судот правилно постапил. Иако не верувам дека ќе ја поколебаат Владата, која не ја интересираат законите“ потенцира пратеникот.

Слаѓана Тасева, претседателка на невладината „Транспарентност-нулта корупција“, исто така, ја поздрави одлуката на Уставен суд. „Добро е што судот поведе постапка. Убедена сум дека постапката ќе заврши како што треба, но не сум убедена дека нема да има такви одредби во законите“, вели Тасева. Таа не верува дека власта ќе ги почитува законите, бидејќи, како што вели, по нивното укинување од Уставен суд, повторно се носат закони во кои се вметнуваат одредби укинати од судот.

Есад Рахиќ, поранешен претседател на собраниската Комисија за надзор на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, тврди дека, без оглед на законите, службите се' уште ги прислушуваат телефоните. „Во вакво безвластие, каде што одредена структура го признава само судот на партијата, се' се слуша. Тие слушаат перманентно, само бараат форма да го легализираат тоа што го прават, а тоа го усоврши оваа Влада. Сакаат реално да ја концентрираат моќта во рацете на еден човек. Доволно е да не му се допаѓаш некому и утре да ти го загорчи животот“, изјави Рахиќ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на Уставен суд за поведување постапка за т.н. Закон за прислушување е во функција на агендата на Бранко Црвенковски. „Воопшто не сме изненадени. Уставен суд уште еднаш докажа дека одлуките се носат по нарачка и дека тие се исклучиво антивладини, па наместо судење во име на правдата, имаме судење според личната и партиската агенда на Црвенковски“, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.




#
Статијата е прочитана 973 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.10.2010 12:29:30
Иако сум голем противник на однесувањето на уставниот суд,овој пат за мене се во право кога го укинаа овој закон за прислушкување без судски налог.Познавајќи го менталитетот на сите политичари топтан во државава тие вакво нешто би го злоупотребиле во политички цели.Инаку сум едино за прислушкување без налог во случај како во САД,во заштита од терористичка евидентна опасност од разни милитанти.А и тогаш да има еден мал милион контроли и согласност од сите политички чинители.
Од: bitolcanec
Датум: 22.10.2010 13:00:50
ovie od vmro veke stanaja delikventi i nikoj veke ne mu veruva narocito ovoj gorcev ili bicikliata
Од: do felix
Датум: 22.10.2010 14:28:34
Феликс, што се случува денес со тебе.?Да не има и во твојата ВМР-овска келија раскол, кавги и тепачки?
Од: јас
Датум: 22.10.2010 17:45:35
Честитки и од мене Среќко!! Како да почна да те болат очите од портокаловите начари и како да почна да ги симнуваш одвреме - навреме !!!Конечно да прогледаш !!! Добредојде во суровата реалност !
Од: od mene
Датум: 23.10.2010 13:54:51
Narode sto ve cudi - pa ministerka bese na vnatresni raboti Dosta Dimoska i denses e drzavjanka na Bugarija.... Dali ne Vi e dovolno toa da Vi opise kakva e vlasta denesna???? Seto sto se prisluskuvase ne go znaat nasite samo nego i bugarite. Ama ako... se za dobrososedskite odnosi... sramota, sramota...

Најди! во Утрински
Политика
Уставен суд со кавгите се поткопува однатре
Белград ќе ни помогне за лустрацијата
Кристофер Хил ја напушти дипломатијата
Тачи копа и низ досието „Гервала“
Тодоров решил да ги реновира сите училишта
Томе Аџиев партиски лустратор






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency