Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Политика

Белград ќе ни помогне за лустрацијата

Тадиќ се заложил за почитување на договорот за сукцесија и за соработка на надлежните институции

Оливера Војновска


Македонската лустрација, преку тетовските дворови, стаса во Србија и застана во чекалницата за сукцесија на имотот од бившата СФРЈ. Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов велат дека официјален Белград позитивно реагирал на барањето на шефот на државата, „Србија преку процесот на сукцесија и соодветни процедури да ни дозволи пристап до архивите водени од поранешната тајна полиција“. Се тврди дека Тадиќ „посочил на почитување на договорот за сукцесија и за соработка на институциите кои имаат надлежност во спроведување на оваа постапка“.

Практично, сега целиот процес на лустрација зависи од милоста на Белград. Односно, дали „Вујко“, „Мама“ и оние што допрва ќе никнуваат (како што најави ДПА) воопшто ќе бидат лустрирани или мачниот процес на сукцесија ќе ги фрли во заборав во правливите архиви на српските служби.

Поранешниот претседател на Уставен суд, професорот во пензија по меѓународно право Тодор Џунов, кој десет години учествувал во подготовката на Спогодбата за сукцесија, како и во нејзиното усвојување, вели дека претседателот Ѓорѓе Иванов постапил правилно кога во Белград го отвори прашањето за тајните досиеја.

„Во Спогодбата за сукцесија заклучена во 2001 година, а ратификувана во македонското Собрание во 2002 година, има анкес за државните архиви.

Според него, документите што се произведени во една држава и' припаѓаат на таа држава. Документи што се произведени во една држава-сукцесор, а се однесуваат на друга држава-сукцесор, таа има право да ги побара. Но, од државата која ги поседува ќе добие препис - копија. Тоа е случај со документите што се појавија во јавноста, а се однесуваат на лустрацијата“, вели професорот Џунов. Појаснува дека тоа се копии на досиеја какви што Архивот на Македонија им издаде на лустраторите во случај со досието на претседателот на Уставен суд, Трендафил Ивановски.

„Се работи за траен договор и Државниот архив во секој момент може да побара документи од Архивот на Србија. Сепак, прашањето е од политичка природа, па во крајна линија процена на Србија како ќе постапи. Ако имаат добра волја и доколку документите не им се важни, тие дури можат да решат да ни ги дадат оригиналите, а тие да задржат преписи“, вели професорот.

Тој додава дека оригинали се добиваат за документи што се однесуваат исклучиво на одредена држава-сукцесор, а не тангираат други држави-сукцесори. Како пример го посочува договорот за границата меѓу СФРЈ и Грција, а кој ја засега само Македонија.

„Утрински“ деновиве се обрати кај надлежните институции во Србија за да праша дали има расположение да помогнат во откривањето на веродостојноста на досиејата што беа објавени за функционерите на ДУИ. Во МВР на Србија ни рекоа дека тоа не е нивна надлежност, туку на Безбедносната информативна агенција (БИА). Оттаму, пак, одбегнаа да одговорат. За ненадлежни се прогласија и во Министерството за одбрана на Србија. Директорот на Архивот на Југославија, Миладин Милошевиќ, не' информира дека Архивот не ја презел архивската граѓа на МВР по 1945 година. Според неговите сознанија, дел од документацијата што се однесува на тајните досиеја, БИА во 2005 година му предала на Архивот на Србија, а дел на Историскиот архив во Белград. На веб-страницата на Архивот на Србија пишува дека до 1 јуни 2009 година од БИА се преземени повеќе од 70.000 досиеја и повеќе од 300.000 страници разни документи. Но, материјалот се' уште не е целосно преземен, ниту е архивски среден и не постои правна рамка за негова употреба. Тој се' уште не им е достапен на заинтересираните граѓани, а не може да се користат ниту за научноистражувачки цели.


#
Статијата е прочитана 791 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.10.2010 12:08:39
Вчера го искоментирав скоро идентичниот напис,па така ќе се осврнам на издавањето копии од српските архиви инаку материјал од сите ексју републики.Љуботан отуде Вратницу сиромашкиот со србијански синдром поучува да било разбирливо ваквото однесување.Се прашуваме зошто некој се прави газда на туѓа документација,и од каде на сојузниот екс архив газда да е Србија.Тоа по вратнички се вика ,,одлепена работа,, за оној кој тоа го подржува.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 24.10.2010 14:28:37
Јаден ФЕЛИКС!Зарем навистина мислиш дека овие кај нас немаат никакви документи?!Имаат тие и повеќе отколку што им требаат!Единствен начин да си останат на власт и да си продолжат по старо е да се прават наудрени,недоветни...Зошто би се сомневал во автентичноста на документите од Белград,па дури и ако се работи за фотокопии?Тоа дека некој си направил Приватна колекција јавно го потврдија неколкумина плурални функционери,а да не зборувам дека бивш директор на Службата за разузнавање и министер за вн’трешни е „един гољам пријател на Б’лгарија“,бившиот премиер си зема „Патриотско“Б’лгарско државјанство,што укажува дека документацијата можеме да ја добиеме и via Sofia,не само преку Белград!

Најди! во Утрински
Политика
Уставен суд со кавгите се поткопува однатре
Кристофер Хил ја напушти дипломатијата
Тачи копа и низ досието „Гервала“
Ќе го затнат ли судиите „Големото уво“?
Тодоров решил да ги реновира сите училишта
Томе Аџиев партиски лустратор






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency