Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Политика

Кристофер Хил ја напушти дипломатијата

Кружно парче челик, дел од жироскопот што наведува ракета во дворот на Кристофер Хил во Багдад, се наоѓа на бирото во неговата канцеларија на Универзитетот во Денвер. На ѕидот се наоѓа колекција фотографии, меѓу кои и онаа што потсетува на денот кога македонските демонстранти ја нападнаа американската амбасада во Скопје со јарболот за знаме на амбасадата.

Тој се сеќава со горчина на тој ден во 1999 година кога неговата ќерка го придружувала до амбасадата: „Тоа беше лош ’ден’, кога ќерката се носи на работа’“.

Овој 58-годишен дипломат со кариера се пензионира во август и сега е д��кан на Школата за меѓународни студии „Џозеф Корбел“ на Универзитетот во Денвер. Умерената клима и недостигот од вооружени престрелки е пријатна промена од условите во Багдад, каде што температурите се искачуваа над 40 степени Целзиусови, а нему му беше потребна воена придружба. „Доста ми е од тоа“, вели тој.

Хил планираше да и' се приклучи на Академијата откако ја напушти работата во владата и му беше понудена позицијата соработник во училиште на исток. Кога дознал дека „Корбел“ има потреба од декан тој се пријавил. „Имавме голем интерес за оваа позиција, меѓу академиците и меѓу практичарите“, вели канцеларот на Универзитетот во Денвер, Роберт Кумбер. „Но, Крис, кој има неверојатно искуство како еден од врвните дипломати, е еден вид професионалец каков што се обидуваме да создадеме од училиштето ’Корбел‘“, додава тој.

Таткото на Хил беше дипломат. По дипломирањето на колеџот „Боудуин“ во државата Меин, на отсек економија, тој им се придружил на мировните сили и работел со кредитните одбори во Камерун. За 33 години во владата тој работеше во републикански и во демократски администрации. Во администрацијата на Бил Клинтон беше амбасадор во Македонија и специјален пратеник на Косово. Тој учествуваше и во мировните преговори во Босна. Во 2000 година стана амбасадор во Полска. Во 2004 година Џорџ Буш го именуваше за амбасадор во Јужна Кореја, а подоцна помошник- државен секретар за прашањата од Источна Азија и од Пацификот. Барак Обама го именуваше за американски амбасадор во Ирак.

Америка постигна напредок во Ирак по несигурниот почеток, вели тој. „Кога се напаѓа некоја земја тоа не треба да се прави само затоа што сакате да се ослободите од диктатор. Ние не ги поставивме сите вистински прашања“. Неговите дипломатски напори му го донесоа убедувањето дека мавтањето со голем стап е помалку важно отколку умереното и јасно зборување, вели тој.

Тој критички гледа на одбивањето на администрацијата на Буш да преговара со Северна Кореја за време на првите четири години на функцијата. Буш „ја коригираше таа грешка“, во неговата втора администрација, овластувајќи го Хил директно да се состане со колегата од Северна Кореја и да преземе други мерки за да го наговори Пјонгјанг за разоружување. (Денвер пост)


#
Статијата е прочитана 1433 пати.

Испрати коментар

Од: xxL from Prilep
Датум: 22.10.2010 19:39:00
Pozdrav prijatele
Од: Коста Стоименовски
Датум: 23.10.2010 00:33:52
Со Крис во периодот август 2001 - август 2004 година службувавме заедно во Варшава. Често се среќававме не само работно, туку и во семејна атмосфера, како и на приемите. Можам да кажам дека Крис е прекрасен човек и извонреден дипломат. Беше мошне омилен и добродојден како кај домаќините (Полјаците), така и во дипломатскиот кор. Верувам дека ќе биде исто така успешен и во областа на науката како што беше и во дипломатијата. Му посакувам многу среќа и успех во животот и во работата.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 24.10.2010 14:49:03
Очигледно имаме многу сличности со Америка!И кај нас има „незаменливи“ Пензионери што сеуште работат!Дури има и такви кои веруваат дека САД постигнале напредок во Ирак!Масакрирањето невини деца и жени,секојдневните цивилни жртви од експлозии,само заблуден и испран мозок може да го нарече „напредок“!Се очекува истиот неверојатен напредок да го постигнат и во Иран,С.Кореа...насекаде каде сејат „слобода“и Лешеви со нивната демократија!

Најди! во Утрински
Политика
Уставен суд со кавгите се поткопува однатре
Белград ќе ни помогне за лустрацијата
Тачи копа и низ досието „Гервала“
Ќе го затнат ли судиите „Големото уво“?
Тодоров решил да ги реновира сите училишта
Томе Аџиев партиски лустратор






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency