Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Политика

Тодоров решил да ги реновира сите училишта

Голем инвестициски проект за подобрување на училишната инфраструктура, најави вчера министерот за образование ,Никола Тодоров. Целта, според него, е да се реновираат сите училишта на територијата на државата. Реализацијата на проектот треба да почне идната година и да трае три-четири години.

„В година ќе почнеме еден од најголемите инвестициски циклуси во образовната инфраструктура во историјата на Македонија. Работиме на обезбедување средства од меѓународни извори. Целта е секое училиште во РМ да го реконструираме и да го направиме пристојно место за учење, работењ�� и престојување“ изјави Тодоров.

Според него, потребни се од 2,5 до 3 милијарди денари за средување на сите инфраструктурни проблеми во образованието. „Невозможно е сите инфраструктурни проблеми да бидат решени во една година. Во последните три-четири години се вложени 1,5 милијарди денари во образовната инфраструктура, што е трипати поголемо вложување во однос на претходниот четиригодишен период. Проблемите не се од денес, вчера или од пред две или пет години. Има училиштата што се стари и по 40-50 години, а во некои од нив никогаш немало поголеми вложувања“, рече Тодоров.

Тој вчера го посети најстарото училиште во земјава „Кирил и Методиј“ во општина Центар, кое доби нова електрична инсталација. УСАИД, преку проектот за основно образование ПЕП, вложи околу еден милион денари, а близу 1,3 милиони се средства на општината и на училиштето.

Успешното реновирање, со поддршка од проектот ПЕП на УСАИД, вчера пригодно го одбележа и ОУ „Војдан Чернодрински“ во Карпош, каде што беше сменет стариот и дотраен азбестен покрив и лесонитните плочки со нов еколошки пластифициран лим. Како што информира од Општина Карпош, вкупниот проект чини 4,4 милиони денари, од кои 3,2 милиони од Општината, а останатите од проектот на УСАИД. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 967 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 22.10.2010 12:48:36
Свеје лаж само пуста лаж.
Од: bitolcanec
Датум: 22.10.2010 13:05:25
vgodina ke renovirale mnogu ste prozirni i nikoj ne vi veruva na lagite vasi vi se blizi krajot
Од: Трпе
Датум: 22.10.2010 14:06:06
Со обеќање куќа не се гради.Види мајката,ќе ги реновирале сите училишта во РМ,како ��то ѓи реновира болниците и патиштата.А дали министерчето знае дека од целиот мандат ако останат на власт им остануват уште помалку од две години.Зарем се надеват дека народот повторно(по трет пат) ке им го довери мандатот со резултатите кои ќи имат покажано.Но тие си остануват на своето ЌЕ,Ќе,ќе,ќе....Сигурно народот не пасе трева.Можеби е наивен но знае кога да казни.
Од: Itar Pejo
Датум: 22.10.2010 14:09:34
Predhodniot minister, od VMRO, objavi deka ce gi renovira nuznicite vo site ucilista i toa g stori. Istotaka objavi deka ce nabavi novi klupi vo site ucilista. Sega koga ce se renoviraat ucilistata neznam da li pak ce se renoviraat i nuznicite. Treba da se pazi da ne se ostetat klupite, novi se. Istotaka da se pazi na kompjuterite, tie im stanaa neophodni na ucenicite. Nemozat bez niv.
Од: mila
Датум: 22.10.2010 14:34:37
promenite co obrazovanieto se motivirachki. navistina nastavata mora da se modernizira i da se koristi interaktivna nastava. Stariot metod e vekje zastaren duri i za prvachinjata.... Mi se chini deka e vreme malku da se rastereti socijalistochkiot tipa na nastava so internet tehnologiite. Vo mnogu uchilishta kompjuterite se seushte samo dekor... ne e vistina deka tie kje vlijaat lisho na decata i nastavata. Toa e zatoa shto pokraj ova kje treba povekje da se obrne vnimanie na kvalitetno fizichko obrazovanie.
Од: јас
Датум: 22.10.2010 17:57:13
И ова министерче многу брзо се префати од заразната болест од која страда и овчарот , шефот негов ..Само како ли се викаше , знам дека беше по ликот од приказните Минхаузен, а кј нас попозната како ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ....
Од: алек
Датум: 22.10.2010 22:15:37
Одлично !!!Учениците ќе можат да учат во подобри услови.Секоја чест за ваквата одлука на министерот !!
Од: Ајван Доктор® -До: mila
Датум: 23.10.2010 17:02:10
Навистина мотивирачки промени-за кого,како!Многу мотивирачки е кога учите без,или од Учебник кој изобилува со глупости и кога ви врне во училницата,или кога имате полски тоалети во XXI век!?Интерактивна настава не подразбира само примена на Интернетот,туку постојана комуникација со наставникот,мрежна поврзаност со него,употреба на едукативни програми,а минимална интернет употреба!Вербата дека сè што ќе најдеме на Интернет е знаење е голема заблуда!Проверете ги посочените веб адреси од учебниците,ќе увидите дека не се попразни со глупости од „нашите“Учебници!Очигледно е дека само препишувале едни од други!Јас,еве,кога ќе дојдам на власт ќе воведам бесплатни дијамантско-златни споменици за сите кои ќе го преживејат „препородот“,учебниците ќе имаат позлата,особено по 2094 година,па мислете за кого ќе гласате!

Најди! во Утрински
Политика
Уставен суд со кавгите се поткопува однатре
Белград ќе ни помогне за лустрацијата
Кристофер Хил ја напушти дипломатијата
Тачи копа и низ досието „Гервала“
Ќе го затнат ли судиите „Големото уво“?
Томе Аџиев партиски лустратор






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency