Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Стипендии од „Ренова“ за најуспешни студенти

ТЕТОВО - Повеќе од 160 студенти и средношколци, пред се' од тетовскиот крај, се корисници на стипендии од Фондацијата „Ренова“. За студентите кои стекнале право на оваа стипендија месечно добиваат 3.600 денари,а средношколците по 2.000 денари, и тоа за период од девет месеци во годината. Фондацијата „Ренова“ и помога на младите и на талентираните, но и на оние од сиромашни семејства кои немаат услови да се школуваат.

„Вложувањата во знаење носат најголем профит што досега многу пати е потврдено. Идејата за основање фондација произлезе од компанијата. Пред три години ја формиравме со намера да создадеме материјални услови за школување на талентирани кадри. За стекнување право на стипендија одредивме три услови: кандидатите да имаат одличен успех, да не се корисници на стипендии или кредити од други извори, а влијание има и социјалната положба на семејството“, вели Шефки Идризи, сопственикот на компанијата „Ренова“ од тетовско Џепчиште.

Тој додава дека оваа инвестиција е исплатлива, особено за поттикнување на развојот на регионот. „Господ ни дал да имаме и добро е дел од тоа да дадеме. Знаеме дека е капка во море, но не' води старата народна капка по капка - вир“, објаснува Идризи.

Во „Ренова“ велат дека причина повеќе да помогнат биле сознанијата за пороците кај младата популација: алкохолизам, дрога, проституција... Сакајќи да придонесат во оттргнување на младите од лошите патишта, го формирале и фудбалскиот клуб Ренова за кој тврдат дека станал вистински младински. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 367 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Во Македонија никој не ги почитува законите
Невреме во Струмичко и во Повардарие
Имер Имери
Српска „Делта“ треба да и' плати на Македонија 140 милиони денари
Кочо Урдин
Мариово ќе развива селски туризам како Нормандија
Триесетина старци во Ѓуземелци оставени без вода за пиење