Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Триесетина старци во Ѓуземелци оставени без вода за пиење


Градоначалникот на Лозово, Јордан Павлов, тврди дека за обезбедена вода дел од селаните не сакаат да платат ни денар за приклучоци

Секое домаќинство треба да плати по околу 8.500 денари за приклучоци

Иван Бојаџиски

ШТИП - На температура од близу 40 Целзиусови степени, триесетина, главно, постари жители на селото Ѓуземелци во Општина Лозово се без вода за пиење. Иронијата на 21 век добива димензии на гротеска ако се има предвид фактот дека токму пред изборите локалната власт му пушти вода на селото преку новоизградениот систем.

„Ние во Ѓуземелци вегетираме, не живееме вистински живот. Имаме водовод, ама вода нема ниту за луѓе ниту за стока. Во селото има немоќни старци, најголем дел над шеесетгодишна возраст. Тешко е со водовод да одиме по вода на единствената чешма која е далеку од селото. Ве молиме да дојдете и да ја предупредите јавноста за нашата мака“. Со овие зборови во Редакцијата ни се обратија група жители на ова село сместено во Овчеполието.

Според Ратка, Марина и Милан, водата од водоводот потекла неколку дена пред изборите, а потоа славините пресушиле. Селаните се обратиле кај градоначалникот Јордан Павлов, од кого добиле одговор дека секоја куќа треба да плати по околу 8.500 денари за приклучоците. Селаните возвратиле со одговор дека кој како ќе доаѓа до пари ќе си го намирува тој долг.

„Тие не сакаа да слушнат за такво нешто, па од водоводната мрежа ги исклучија сите, дури и оние кои целосно платиле за приклучоци“, велат соговорниците.

Градоначалникот на Лозово тврди дека за обезбедена вода дел од селаните не сакаат да платат ни денар за приклучоци. „Ова е мала, финансиски недоволно моќна општина за целосно да ги покрие трошоците за водоводот во селото. Точно е дека извесно време вода не се пушташе за никого, но од вчера ја има, но само за оние што ги платиле обврските“, изјави градоначалникот Павлов.

Директорот на локалното јавно комунално претпријатие, Санде Јовановски, вели дека им ги извадиле водомерите и им ги пломбирале приклучоците на сите домаќинства што не сакале да платат. Тој потенцира дека претпријатието го финансирало водоводот со половина од вкупната сума.

Селаните кои не платиле за приклучоци велат дека не бегаат од обврските, туку дека ќе ги плаќаат на рати. Тие укажуваат дека селаните не се имотни луѓе и дека во Ѓуземелци останале само оние што немале можност да најдат работа на друго место. Селото живее од малиот сточен фонд и така обезбедуваат храна за семејствата. Оние што можат, работат на нивите.

„Младите заминаа за Свети Николе, Скопје, Велес, Штип, бидејќи тука властите со децении не направија ништо за пристоен живот. Останавме само ние постарите. Ама никој не ги почитува годините и фактот дека не дозволивме ова село сосема да умре. Многу домаќинства немаат пари за водомери. Зарем општината или државата ќе банкротираат ако ни дадат бесплатни приклучоци. Колку села во Македонија се испустија поради таквиот однос. Дали не е срамота во 21 век село да остане без вода. Зарем никој не го поставува прашањето зошто од некогашните 250 жители Ѓуземелци се сведе само на 30“, прашуваат селаните.

 


Статијата е прочитана 149 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Во Македонија никој не ги почитува законите
Невреме во Струмичко и во Повардарие
Имер Имери
Српска „Делта“ треба да и' плати на Македонија 140 милиони денари
Кочо Урдин
Стипендии од „Ренова“ за најуспешни студенти
Мариово ќе развива селски туризам како Нормандија