Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Српска „Делта“ треба да и' плати на Македонија 140 милиони денари


Во 2006 година „Делта“ со непосредна спогодба го купи земјиштето во Карпош 4, но новата власт веднаш го раскина купопродажниот договор

Компанијата го добила земјиштето во Карпош поевтино отколку што е пазарната вредност

Билјана Ангеловска

Српската холдинг компанија „Делта“ треба да и' плати на Македонија 140.104.110 денари за земјиштето што пред повеќе од две години и' беше доделено за да гради голем хипермаркет во Скопје. Вака гласи одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која констатирала дека државата, преку Министерството за транспорт и врски и' го продала плацот во Карпош 4 на „Делта“ за 140 милиони денари поевтино отколку што била пазарната вредност на земјиштето.

Во одлуката објавена во „Службен весник“ бр.76 од 25 јуни се вели дека Комисијата оценила оти е некомпатибилна државната помош во износ од 140.104.110,00 денари доделена од Министерството за транспорт на ДТЗ „Делта М“ ДООЕЛ Скопје со договор за отуѓување градежно земјиште со непосредна спогодба меѓу фирмата и Министерството од 16 јуни 2006 година. Поради тоа што не се одобрува и се укинува државната помош, Комисијата бара од „Делта М“ во рок од 15 дена да го доплати спомнатиот износ.

Одлуката на Комисијата за спречување на конкуренцијата, всушност, се однесува на земјиштето во Карпош кое на „Делта холдинг“ и' беше дадено со непосредна спогодба во време кога на чело на Министерството за транспорт беше Џемали Мехази. Тогаш се зборуваше дека зделката била склучена во четири очи меѓу тогашниот премиер на Македонија, Владо Бучковски, и првиот човек на холдингот, Мирослав Мишковиќ. По смената на власта, новиот министер Миле Јанакиески веднаш го раскина договорот за купопродажба, со образложение дека при ревизијата биле констатирани низа неправилности кои се однесуваат на непочитување на законските прописи. „Делта“ тогаш се закани дека ќе ја тужи државата.

Иако договорот е раскинат уште во 2006 година, Комисијата за заштита на конкуренцијата повела формалн�� истрага поради сомневање за доделување незаконска помош, што со други зборови значи, поради сомневање дека земјиштето е незаконски продадено за пониска цена од пазарната. Во Комисијата велат дека процедурата за оценување законски трае 18 месеци, па оттаму дури сега конечната одлука се објавува во „Службен весник“. Која е логиката „Делта“ да плаќа за нешто за што веќе не постои купопродажен договор и за што одамна е завршена процедурата, од Комисијата не коментираат. Единствено објаснуваат дека договорот меѓу фирмата и Министерството формалноправно не е раскинат и дека постапката се' уште не е завршена, поради што тие имаат обврска да донесат одлука.

Каква ќе биде реакцијата на српската компанија, која не само што не успеа да го купи земјиштето туку излегува дека сега ќе мора да плаќа и „пенали“ заради тоа што сакала да инвестира во Македонија, може само да се претпостави. Особено ако се земе предвид дека пред една година нејзиниот прв човек Мишковиќ беше обвинет дека, наводно, на новиот премиер Никола Груевски му понудил три милиони евра поткуп за да му го додели бараното земјиште.


Статијата е прочитана 608 пати.

Испрати коментар

Од: Од Македонија
Датум: 30.06.2008 03:04:17
Имаат признаница,односно изјава од Владо Бучкоски дека нему му исплатиле таа сума....тој нека ви компензира,два пати не се плака ништо само еднаш....М.р Буч затоа фати млади жена како мислите отшто е убав......после не ви чини Македонија 4 очи на сите да ви ископа орел од висините на Шара ако има уште останат некој белоглав....додека Македонскиот народ го осиромашивте да мора да си го продава името и душата,вие во четири очи сите,мора кој јаде маст јаде и еден кол знаете каде......
Од: toni
Датум: 30.06.2008 06:47:54
Treba ednas za sekogas da im se stavi kraj na oligarsite kako Buckovski,Buzlevski,ovoj Mehazi i dr.koi go olesnija budzetot na Makedonija za milioni evra.Da se nadevame deka i toa ke bide naskoro!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Во Македонија никој не ги почитува законите
Невреме во Струмичко и во Повардарие
Имер Имери
Кочо Урдин
Стипендии од „Ренова“ за најуспешни студенти
Мариово ќе развива селски туризам како Нормандија
Триесетина старци во Ѓуземелци оставени без вода за пиење