ПОСЛЕДЕН ЗБОР
Кочо Урдин
1930 – 2008, писател
Кочо Урдин беше раскажувач, романсиер и драмски писател. Роден е на 4 јули 1930 година во Струмица. Студирал литература во Белград и во Скопје. Завршил Висока школа за политички науки во Белград. Бил директор на Народниот театар „Антон Панов“, основоположник е на Работничкиот универзитет, Ликовната галерија, Интернационалната ликовна колонија и Музејот во Струмица. Член на ДПМ од 1962 година. Добитник е на наградата на театарските игри „Војдан Чернодрински“.
Зад себе ги остави делата „Струмица се бори“ (хроника, 1954) „Смеа низ сокаците“ (хумористични раскази, 1960), „Љубов зад решетки“ (хроника, 1961), „Смелата дружина“ (роман за деца, 1971), „Благој Мучето“ (хорника, 1975), Афоризми (1975) , и „И кога мислиш размислувај“ (афоризми, 2000) . Збирката драми од 2000 година каде што се поместени „Во виорот на страста“, „Мистериозна ламја“, „Диви“ и „Дамка“. |