Средба со Лафазановски, Прокопиев и Османли во „Магор“
Во кафе-книжарницата „Магор“, вечерва од 19 до 21 часот, авторите Ермис Лафазановски, Томислав Османли и Александар Прокопиев ќе ги потпишуваат своите книги и ќе читаат извадоци од нив.
Дружењето со тројцата македонски автори ќе биде збогатено со музички настап на Марта Маркоска на конги и Васко Бојаџиски на саксофон, а читателите ќе можат да ги набават книгите по намалени цени. (Н.П.)
|