Писателите бараат враќање на посмртните останки на браќата Миладиновци
Вчера во Домот на поезијата беше одбележан јубилејот: 200 години од раѓањето на Димитрија Миладинов
Невена Поповска
Друштвото на писателите на Македонија ќе покрене иницијатива за пронаоѓање и враќање на коските на браќата Димитрија и Константин Миладиновци во Македонија.
„За оваа иницијатива ДПМ ќе ги извести домашните фактори, а од властите во Република Турција ќе побара помош за достапност на архивите и истражување на целокупната документација за Димитрија и Константин Миладинови кои својот живот трагично го завршија во Цариград во 1862 година“, соопшти македонската писателска асоцијација.
Основачите на националната преродба во Македонија од средината на 19 век Димитрија и Константин Миладинови биле обвинети дека се шпиони и умреле во цариградските затвори во 1862 година, под неразјаснети околности.
Прво бил затворен Димитрија, во време кога Константин во Загреб го печател Зборникот на народни умотворби. Со неколку примероци од изданието што го подготвувале со години, тој во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб и тргнал кон родниот крај. По пат дознал дека Димитрија веќе половина година е во турските затвори и наместо кон Струга се упатил во Цариград. Но и тој ја имал истата судбина како и постариот брат. Никогаш не се вратил.
Македонските писатели вчера напладне му оддадоа почит на Димитрија Миладинов по повод 200 години од неговото раѓање. На свечениот собир во Друштвото на писателите на Македонија за животот и делото на Димитрија Миладинов и за неговата улога во македонската национална и културна историја говореше Веле Смилевски, претседател на Собранието на ДПМ, кој во својата беседа меѓу другото подвлече: „Ретки се примерите кога датумот на раѓањето на една личност станува датум во националната и културната историја на еден народ. Еден од тие ретки примери е датумот што денеска го одбележуваме: 200 години од раѓањето на Димитрија Миладинов, еден од најзначајните сподвижници на македонската преродба на 19 век.“
На чествувањето, актерите Билјана Беличанец-Алексиќ и Симон Беличанец читаа песни од Зборникот на браќата Димитрија и Константин Миладинови, наречен „Златна книга на македонската преродба”, а програмата беше збогатена со настап на млади флејтисти од класата на професорката Бети Станковска.
Основачите на националната преродба во Македонија од средината на 19 век Димитрија и Константин Миладинови биле обвинети дека се шпиони и умреле во цариградските затвори во 1862 година, под неразјаснети околности.
Ehe, ako nekoi go e cital originalot na zbornikot znae deka Miladinovci se osnovaci na bugarskata prerodba.
Од: milan
Датум: 11.11.2010 18:12:15
Miladinovi se VLASI.Po poteklo dojdeni od Moskopole,najgolemiot Vlaski grad na Balkanot vo 19 vek(podocna unisten od Turcite)I po majka i po tatko se Vlasi koi do mladeski godini voopsto ne go znaele MAKEDONSKIOT jazik.Bile ruski agenti.
Друг руски агент кој е важен за нас и работи во полза на ширењето бугарска народност во Македонија е Ксенофон Дзиндзифи, кој по наредба на руските дипломати и неговиот учител Димитар Миладин, го променува своето влашко име во словенско и станува Рајко Жинзифов. Потекнува од семејство на битолски власи, есктремни гркофили, а роден е во Велес, додека татко му Ioani Dzindziphi учителствувал таму, како грчки учител.
Do koga so LAGI?????Petre M.Andreevski e Makedonski prerodbenik.Prlicev,Miladinovi se VLASI i vrska nemaat so Makedonskata ideja.
Од: Gjuro Dzambaz
Датум: 11.11.2010 18:37:21
Pisatelite se diletanti i pijanduri - vo sprotivno nema da tresat vakvi gluposti. Po moshtite na Miladinovci tragashe ushte pokoen akad. Aleksandar Matkovski. Toj utvrdi deka grobishtata na likvidiranite od zatvorot Edikule poveke nepostojat pa sledstveno nema ni po shto da se traga. Za zzal