Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

Против Кина за финиш на сезоната

Јонуз потврди дека понудата на Кинезите е прифатена, останува да се допрецизира мал дел од деталите за мечот на 26 декември во близина на Хонг Конг

Сашко Ѓ. Димовски

Македонската фудбалска репрезентација своите активности за 2010 година, сепак, ќе ги заврши во декември. По пријателскиот меч со Албанија во Корча на 17 ноември, ќе следува уште еден и тоа со Кина на 26 декември во гратче во близина на Хонг Конг. Терминот е неофицијален и е надвор од календарот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), но селекторот Мирсад Јонуз ќе се обиде да состави тим за нова квалитетна проверка на силите и можностите на националниот тим пред продолжението на квалификациите за ЕП 2012 и наредниот дуел во Б групата во Даблин против Република Ирска на 26 март.

„Начелно е се договорено. Ја прифативме понудата на Кинезите, договорени се најголем дел од деталите, останува да се допрецизира уште мал дел од нив. Поаѓаме на 23 декември, мечот е на 26, се враќаме на 27“, ни изјави Јонуз.

Кинезите не' пикираа како противник по мерка во нивните подготовки за настап на Азискиот куп на нациите. Селектор на националниот тим на најмногубројната земја во светот е Гао Хонгбо. Претстојниот дуел ќе биде трет меѓу Кина и Македонија. Во досегашните двад водство на Драган Канатларовски забележавме пораз (0:1) и реми (0:0). Еден од условите во кинеската понуда е да патуваме со сениорски состав што, веројатно, ќе биде запазен од наша страна, но дали тоа ќе биде А-тимот допрва ќе видиме иако тоа ќе биде тешко изводливо.

„Сите што беа дел од репрезентативниот список во изминатите година и половина ќе бидат повикани за дуелот со Кина. Но, не очекувам да бидеме комплетни со оглед дека мечот ќе се одигра во неофицијален термин, а во таквите ситуации клубовите немаат обврска да ги пуштат своите играчи доколку имаат обврски кон нив. Затоа очекувам да патуваме со сите слободни репрезентативци во тој период, оние, пак, што ќе бидат зафатени ќе бидат заменети со други играчи. Планирам да повикам и фудбалери од домашното првенство за дуелот со Кина, да ја воочам нивната форма, можности и квалитети и колку може да се смета на нив во иднина. Можеби нема да одиме во комплетен состав, но во секој случај тоа ќе биде тим блиску до првиот“, дополни Јонуз.


#
Статијата е прочитана 676 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Момчето на кое му забрануваа да шутира со лева нога
Гамбит Асеко убедлив во Пловдив
Крај на сезоната за Серена Вилијамс
Руни бара еден милион повеќе од Роналдо
Раул стана најдобар стрелец во историјата на сите еврокупови
Корејско сито во битката за Ф1-титулата
Победнички старт на сезоната за У. Олимпија и за Илиевски
Спорт на ТВ






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency