Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Спорт

Руни бара еден милион повеќе од Роналдо

Опсесија на Вејн Руни, пишува шпанска „Марка“ е да биде најплатен професионалец во светот. Информацијата очигледно доаѓа од Реал кој долго време го има на својот радар репрезентативецот на Англија.

„Марка“ тврди дека Руни бара годишна плата од 14 милиони евра, точно еден милион повеќе од онаа на Кристијано Роналдо.

Додека во Манчестер Ј, со кого има договор до 2012 година, Руни тие пари сигурно не може да ги заработи, во Мадрид ќесето е пополно. Претседателот Перез и тренерот Мурињо не би се двоумеле.

„Марка“ додава дека проблем може да претставува тоа што Руни не сака да му ги препушти на клубот 50 отсто од правата на маркетингшко експлоатирање на името. Сето тоа, додава „Марка“ се подготвени да го испочитуваат во Манчестер Сити.

Завчера вечер пред мечот на Манчестер Ј. со Бурсаспор (1:0, стрелец Нани) Руни изјави дека сигурно ќе си замине. „Се сретнав со директорот Дејвид Гил и тој не ми даде гаранции за договорот кој го сакам. Тогаш не му кажав дека нема да потпишам продолжување. Кон Манчестер секогаш сум чувствувал почит. Тоа е голем клуб со голем традиција. Минав шест прекрасни години. Секогаш ќе му должам на Алекс Фергусон. Тој ме доведе од Евертон како 18- годишно момче. Би сакал да остане на клупата вечно, бидејќи е единствен и генијален“, смета Руни.


#
Статијата е прочитана 1175 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Момчето на кое му забрануваа да шутира со лева нога
Гамбит Асеко убедлив во Пловдив
Крај на сезоната за Серена Вилијамс
Против Кина за финиш на сезоната
Раул стана најдобар стрелец во историјата на сите еврокупови
Корејско сито во битката за Ф1-титулата
Победнички старт на сезоната за У. Олимпија и за Илиевски
Спорт на ТВ






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency