Победнички старт на сезоната за У. Олимпија и за Илиевски
Одличен вовед во новата сезона во кошаркарската Евролига имаше Влатко Илиевски. Неговата Унион Олимпија, во Љубљана, славеше над Ефес Пилсен со 95:90 по две продолженија во меч во групата Д. Македонскиот интернационалец беше еден од најзабележителните на паркетот во „Стожице арена“, одигра 35 минути и притоа оствари ефект од 16 коша (3/3 за два поена; 2/5 за тројка, 4/5 слободни фрлања). Статистиката ја дополни со три скока (сите дефанзивни), две украдени топки и две асистенции. Прв стрелец во домашниот состав беше Кевин Пинкни со 23 коша, Горад Јагодник постигна 21. Покрај нив и Илиевски уште двајца играчи во тимот на Јуре Здовц реализираа двоцифрен број поени. Кени Грегори учествуваше со 16, Шермадини го заврши мечот со 11. Најефикасен во турската екипа предводена од Велимир Перасовиќ беше Србинот Игор Ракочевиќ со 23 поени.
Домашните екипи стигнаа до победи и во другите три меча одиграни во средата вечер. Химки го доби дуелот со полски Асеко Проком, во групата А, со 82:66, Виртус Рома беше убедлива со германски Брос Баскет во групата Б, со 83:65, Фенербахче, во Ц конкуренцијата, триумфира над Литвос Ритас со 86:69.
Евролига, 1. коло, резултати
Група А: Химки - Асеко Проком 82:66 (по четвртини: 18:14, 19:21, 26:20, 19:21)
Група Б: Виртус Рома - Брос Баскет 83:65 (по четвртини: 20:16, 19:20, 24:10, 20:19), Олимпијакос - Реал Мадрид 82:66 (по четвртини: 17:17, 19:18, 26:21, 20:10).
Група Ц: Фенербахче - Литвос Ритас 86:69 (по четвртини: 24:16, 16:11, 22:18, 24:24)
Група Д: Унион Олимпија - Ефес Пилсен 95:90 по продолженија (по четвртини: 22:16, 8:13, 23:26, 18:16/продолженија: 8:8, 16:11). |