Гамбит Асеко убедлив во Пловдив
Гентсе од Белгија совладан со 4,5-1,5 во четвртото коло на Европскиот клупски куп во шах
Роберт Димитриевски
Шахистите на Гамбит Асеко ја забележаа својата втора победа на 26. Европски клупски куп во Пловдив, декласирајќи го белгискиот претставник Гентсе со 4,5-1,5 во четвртото коло. Со четири меч-бода и со 11 поени освоени по табли, македонскиот вицешампион на три кола до крајот се искачи на делба на 17. место, а според Бухолц е 28. во конкуренција на 49 екипи. Единствениот тим од Македонија на турнирот синоќа го очекуваше дуел со осмиот носител Ашдод Елит од Израел.
Гамб��т Асеко, кој на стартната табела беше 25., целосно ја оправда улогата на фаворит против ривалот рангиран девет места подолу, за што зборуваат трите победи и уште толку реми. Цел поен освоија бугарскиот велемајстор Борис Чаталбашев (рејтинг 2606) со црни фигури против интермајсторот Хиел ван Остером (2413) на првата табла, потоа ИМ Марјан Митков (2392) против ИМ Оскар Лемерс (2395) на втората и ФИДЕ-мајсторот Зоран Стојчевски (2355) против ФМ Тибо Ванденбуше (2333) на четвртата. Ремизираа ИМ Орце Данчевски (2402) со ИМ Дарма Тјам (2398) на третата табла, ИМ Атанас Кизов (2389) со ФМ Гинтер Делејн (2250) од Холандија на петтата и ФМ Оливер Органџиев (2321) со Вим Ферспортен (2092).
По првата половина од турнирот во составот на скопјани најуспешен е Митков со три поени од четири партии. Следуваат Чаталбашев со ефект 2/3, Стојчевски и Кизов со по 2/4, Данчевски со 1/4, Андоновски со 0,5/2 и Органџиев со 0,5/3.
Резултати од четвртото коло: Москва (3., Русија) - Економист (4., Русија) 2-4; Мика (7., Ерменија) - Бихаќ (15., БиХ) 5-1; Веснијанка (17., Белорусија) - Сокар (1., Азербејџан) 1-5; Нови Бор (12., Чешка) - Викинг (23., Шведска) 4-2; Осло (19., Норвешка) - Санкт Петербург (2., Русија) 1-5; Најден Воинов (13., Бугарија) - Баден Баден (5., Германија) 2,5-3,5; Беер Шева (14., Израел) - Југра (6., Русија) 2,5-3,5; Урал (9., Русија) - Ашдод (8., Израел) 3,5-2,5; Чернигив (10., Украина) - Грос Чаке (18., Шпанија) 4,5-1,5; Еври (26., Франција) - Вердер (11., Германија) 1-5 итн.
Табела: Сокар 8 (18,5), Мика 8 (18,5), Економист 8 (18), Нови Бор 7 (14,5), Вердер 6 (17), Санкт Петербург 6 (16,5), Југра 6 (16,5), Чернигив 6 (16), Урал 6 (16), Баден Баден 6 (16), Ривненски 6 (16), Бихаќ 6 (15), Москва 6 (14,5) итн.
М. Митков - Лемерс
1. д4 д5 2. ц4 ц6 3. Сф3 Сф6 4. Сц3 д:ц4 5. а4 Лф5 6. Се5 Сбд7 7. С:ц4 Сб6 8. Се5 а5 9. г3 е6 10. Лг2 Лб4 11. О-О О-О 12. е3 х6 13. Де2 Лх7 14. Тд1 Де7 15. е4 Сфд7 16. С:д7 С:д7 17. Ле3 Сф6 18. ф3 Сд7 19. Тац1 ф6 20. Дц4 Кх8 21. Се2 Лг8 22. Сф4 Лф7 23. Сд3 Лд6 24. Дб3 Таб8 25. Дц3 Та8 26. Лх3 Тфе8 27. ф4 Лх5 28. г4 Лг6 29. Лг2 Лф7 30. е5 Лц7 31. Де1 Лб6 32. Ле4 ф:е5 33. д:е5 Л:е3+ 34. Д:е3 Дх4 35. Сф2 Сф8 36. Тд6 Тед8 37. Тцд1 Т:д6 38. Т:д6 Тд8 39. Дд2 Та8 40. Дд3 Кг8 41. Кг2 Де7 42. Кг3 г5 43. Дд2 г:ф4+ 44. Д:ф4 Кг7 45. х4 Сг6 46. Л:г6 Л:г6 47. Дд2 Дф8 48. х5 Лх7 49. Т:е6 Кх8 50. Д:х6 Д:х6 51. Т:х6 Те8 52. г5 Кг7 53. Кф4 Тд8 54. Тд6 Тф8+ 55. Тф6 Тд8 56. х6+ Кх8 57. г6 Лг8 58. Се4 1-0 |