Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Дали Папандреу ја читал „преродбата“

Проблемот со името еволуира, но ставовите остануваат исти

Соња Крамарска

Премиерот Никола Груевски му има смислено добра реплика на својот грчки колега Јоргос Папандреу кој на нивната прва средба во Брисел го праша „дали ги разгледавте книгите“. Тоа ќе биде контрапрашањето што најверојатно денеска тој ќе му го постави на Папандреу на средбата во Пили, Грција а ќе гласи: „Дали сте ја прочитал страница 146 од надградената и проширена програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2008-2012“?

Вака накусо, сублимирано, можат да се сфатат пораките што деновиве Груевски и' ги упатува на домашната јавност како одговор на прашањето со какви позиции ќе настапи на денешната средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

За да биде појасно, и ние ја отворивме страница 146 од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за да дознаеме со каква позиција ќе настапи премиерот. А таа е следнава: „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија нема да дозволи какво било решение и каков било компромис за спорот што го наметна Грција, да бидат прифатени од поединци политичари, влада или парламентот, без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните преку референдум и мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на тој референдум да се согласат на тоа решение“.

Покрај овие услови, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се додава и дека партијата е ориентирана кон членство на земјава во ЕУ и во НАТО и дека ќе ги продолжи разговорите со Грција за изнаоѓање решение.

Опозицијата вчера не успеа да го испровоцира Груевски во парламентот околу денешната средба со Папандреу. На прашањето од пратеникот Ѓорѓи Оровчанец со какви позиции ќе настапи и на неговиот повик „да не дозволи утре да се случи уште едно вето од Грција“, Груевски не даде никаков одговор. Завчера пак, на прашање од новинарите, тој рече дека нема големи надежи за денешната средба и дека не верува дека ќе се случи важна пресвртница. Средбата е повеќе во функција на намалување на напрегнатоста меѓу двете земји - би можеле накусо да се резимираат очекувањата на Груевски од денешниот втор македонско-грчки сам��т на највисоко ниво.

ВМРО-ДПМНЕ вчера настапи со обвинување против опозициската СДСМ дека подготвува две сценарија по 7 декември. Првото сценарио, рече портпаролот Александар Бичиклиски, е доколку Грција повторно стави вето, социјалдемократите ќе ја нападнат Владата дека ја води Македонија во изолација и истовремено ќе го омаловажат укинувањето на визите. Второто сценарио, рече тој, е доколку ветото биде избегнато и Македонија добие датум за преговори со ЕУ, Владата ќе биде обвинета за предавство и пазар со државните интереси.

Синоќа врвот на ВМРО-ДПМНЕ имаше седница на која лидерот Никола Груевски ги информира своите сопартијци за тоа како ќе разговара со грчкиот премиер.

Од таквиот настап на владејачката партија може да се заклучи дека и самото државно раководство, кое целосно е пополнето од структури на ВМРО-ДПМНЕ е во неизвесност и нема јасна претстава што ја очекува Македонија на самитот на ЕУ на 7 декември. Исто така, може да се заклучи и дека тие се загрижени за политичките последици што би можеле да настанат дома, доколку Македонија остане без датум за преговори.


#
Статијата е прочитана 4004 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 27.11.2009 00:06:04
Крутоста и нефлексибилноста на мислењето се и како одлики на фашизоидна личност. По нашки речено - магарешки инает. Пролет ќе расцвета во Македонија кога Груевски ќе си замине од власт. Дај Боже да биде тоа што поскоро! ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 27.11.2009 00:10:35
g-din Gruevski najdi resenie da vlezeme vo EU. Mudrost za eden lider e da ja vnese Makedonija Vo EU i NATO i da obezbedi podobr zivot. Ne mi resenie so lokalen patriotizam i populizam koga i Albanija ne pomina
Од: Од Планинар
Датум: 27.11.2009 00:21:05
На страна 141 од преродбата на ДПМНЕ се негира било какво решение на спорот со името со ,,ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи ,, и сл.за на крајот да инсистира на изјаснување на народот,па тогаш ќе прифател решение за името !!!!!!!!!!!Каква конфузија ? ДПМНЕ мора прво да му понуди на народот на референдумот ршение,а тоа нее исто -со да не се прифаќа никакво решение. Прифатливо решение може да биде само именување со геогравска одредница сите три делови од Македонија и да нема никој право на ексклузивно користење на името само Македонија. ДПМНЕ треба да одлучи,премиерот е на потег ќе ремизира или ќе биде матиран,а да победи нема никакви шанси ни сто години да го манипулира народот кобајаги преговара а всушност е изгубен човекот.
Од: realen
Датум: 27.11.2009 00:27:55
Vidno vozbudeni go cekame zajdisonceto na ovoj den, so jasni koordinati ili priblizno jasni - kolku na Premierot. Se cini deka drugite se poveke zagrizeni za nas, a nie zal, ne znam za kogo. Neoptovareni, relaksirani i veke so nabildano iskustvo sto od stazot politicki sto od naucenata programa, smelo vleguvame vo dijalog. Da si peeme kao Doris Dej: sto ke bide, ke bide i da si recitirame-silno svetnal den. Po priroda sum optimist, veruvam i vo cuda, no toa e za nekoi (od dvete strani) so posiroki horizonti.Vaka, naseto sonce ke bide podlozno na klimatskite promeni i globalnoto zatopluvanje (barem neka ostane na znameto i novokompniraniot grb).
Од: не е битно
Датум: 27.11.2009 00:39:56
е па ако си го менуваме името за пари (кредити), не сме ништо подобри од проститутките... а нив никој не ги сфаќа озбилно и никој не ги ферма... знаат дека пак ќе попуштат ако им дадеш повторно пари....
Од: nekoj
Датум: 27.11.2009 01:00:39
Ovoj covek mislam deka sosema zaluta! Se ponasa kako da e pred izbori, a ne pred teska politicka odluka. Namesto da raboti, da im objasni na lugeto sto znacat pregovori so EU, sto znaci kompromis so Grcija (kompromis ne znaci i krajno resenie, se se menuva bre luge, treba samo dobra politika), toj se zapnal da prodava veter i magla. Ajde Gruevski odgovri im na onie luge sto gi lazese: Ako tolku si patriotska partija, zosto kradese tuga istorija? zosto koga vo drzavava nema osnovni uslovi za zivot ti trosis narodni pari za gluposti? zosto se preimenuva vo Aleksandors itn? Za da ja provociras Grcija? Za da ne stavis vo korsokak? Da ne go pravese ova, ke si ostanevme Makedonija! Samo tebe ti odgovara zatoa i go napravi seto ova. Samo edna poraka-Evropa znae koj kalap si, i nema taka lesno da pomines i ke ima pritisoci da go resis ova sto go drobese! Ako ne, ke si odis. koj saka vakvi nacionalisti vo Evropa i koj od tie sto se pojavija ostana dolgo na scena? Treba da ti e jasno.
Од: Milan
Датум: 27.11.2009 01:26:55
Pa sto ima nejasno vo programata na VMRO,zarem vi smeta toa sto sakame nie Makedoncite da si go zastitime svoeto?Barem sega razbravte i vie sto vsusnost e nasata CRVENA LINIJA redno vreme e da se razresat dilemite.
Од: Diplomat od kariera
Датум: 27.11.2009 01:27:44
Samo po sudski pat mozhe da se reshi prasanjeto za imeto. Sega sledi srpskoto scenario: prvo Sobranie na ON donesuva rezolucijata-prasanje za Sud (MSP) za legalitet na referencata FYROM, potoa dobivanje Mislenjeto od Sud vo Hag za legalitet na pregovorite i refencata FYROM. Treto, prifakanje na ova mislenje vo Sobranieto na ON, zamena na nelegana referenca i ukinuvanje nelegalnite pregovori, t.e. vospostavuvanje ustavnoto ime vo ON, namesto referencata BJRM!
Од: dedodimo
Датум: 27.11.2009 02:06:44
Makedonija ne mozi da razgovara za onaa shto e nashe i da se pazari so drug .Drugo Grcite a i Bugarite sami ne znaat shto sakaat i kade se naogaat .Kako clenki na EU tie treba dobro da znaat deka EU sakaat site narodi da se spojat vo edeni site granici poleka da se izxbrishat ili samo formalnost da postanat .Ako eden graganin na EU miozi slobodno da odi od eden kraj na drug niz EVROPA Shto ke mu se GRANICITE .Pod takvi okolnosti e glupavo i da se razgovara za nasheto ime Makedoncite sekogash bile na ovie prostorii a Grcite sekogash na jug od Makedoncite .Od Antichkite makedonci pa do denes Grcite si ostanale Grci a Makedoncite -Makedonci !
Од: nacional-patriot
Датум: 27.11.2009 03:17:06
Sto mislevte vie predavnici vcera,deka imeto e smeneto?Vi napisav vcera,po koj znae koj pat povtorno ke se razocarate,a ti Nikolce od Germanija nemas pojma od megunarodna politika,nitu znaes sto se slucuvalo pri primanjeto na nasata drzava vo obedinetite nacii vo 1993g.Zatoa gledaj gi tanjirite i casite da bidat cisti,za da ne se nalutat germancite.
Од: Biciklisticki dalin ti znaes sto znaci APSOLUTNA VLAST??? ODGOVORNOSTA E VASA!!!!!
Датум: 27.11.2009 05:17:03
Nema zasto SDSM da pravi scenarija posle 7 Dekemvri zatoa sto vsusnost toa sto Biciklisticki go kazuva i bez scenario na SDSM izlaga taka. Tie mnogu dobro znaat kakva ke bide reakcijata na graganite sto e normalno pa vo ocekuvanje na tie nastani tie baraat izgovor i opravduvanje deka navodno SDSM ke go organizira toa. Jas ne sum ni za SDSM ni za Gruevski i ne mi treba nicije scenario i ke reagiram tokmu onaka bas kako sto Biciklisticki kazuva zatoa sto vistinata i realnosta e taa i od toa nema beganje. Kolku i da saka Biciklisticki da si ja pravda svojata partija NE ke moze da si ja opravda. Tie se na vlast i TIE imaat CELOSNA APSOLUTNA VLAST bez nikoj da im poprecuva i da im se mesa pa zatoa ODGOVORNOSTA E NIVNA. I neka ne se vadat so takvi scenarija deka demek drug nekoj spremal scenarija. Takvite finti ne palat vise kaj nas narodot. A Gruevsi garantiram ke go smeni imeto ako ne sega do Mart sigurno pa zatoa i vakvi gluposti treskaat za da ja zamajuvaat javnosta.
Од: А дали вие сте ја читале и дали ја разбирате програмата?
Датум: 27.11.2009 07:21:02
Г-ѓо Крамарска, пораките на Груиевски не се до Папндреу, туку до вас новинарите кои не сте ја прочитале (или така се правите) програмата за која масовно гласаа граѓаните на Македонија. Вие изгледа се уште не сте свесни зошто ВМРО-ДПМНЕ и после 2 години власт убедливо ги доби предвремените избори. Токму заради тоа што за спорот околу името го пишува во таа програма.
Од: з-а-б-е-г-а-н.
Датум: 27.11.2009 07:37:57
Оној БИЧИКОТ си нагаѓа што ќе правела опозицијата?.Ко да е баба ВАНЃА.Па што правеше ВМЛОТО кога беше во опозиција????,,,,.Изгледа заборава.оооооо БИЧИК дане сакаш опозицијата да ве пофали за сите досегашни УТКИ.Море се што фатифте се исуши.
Од: iskreno
Датум: 27.11.2009 07:51:06
nemam zborovi daj ostavete go covekot da si ja rabori rabotata.i ako ima denes sredba toa ne znaci deka se ke se resi pa dosega veke 18tina godini nikoj ne pravese nisto i sea koga gruevski e na vlas ke napravi magija ili na sekoj sto mu treba zelbata ke vi ja ispolni.osvestete se deka samo sdsm manipulira so narodot i pravi deka oni se mozat ama koga bea na vlas narodot bese bez leb tocno e deka nekoji i togas ziveeja ama mu bea se pod palka na branko.a drugo i ovaa ako sega od 19 gi ukinat vizite pa toa e dovolno za nas pa mozeme da se odkazeme od ponatamosni razgovori sto ni treba eu i nato koga sekoj moze da ode kaj ke saka.razmislete ne bidete tolku naivni i dosega nekoj ne napravil nisto a sea sakame se da imame za nekolku godini.
Од: Stole
Датум: 27.11.2009 08:10:19
"Синоќа врвот на ВМРО-ДПМНЕ имаше седница на која лидерот Никола Груевски ги информира своите сопартијци за тоа како ќе разговара со грчкиот премиер." - Премиерот чувствува поголема обврска да ги информира сопартијците за тоа како ќе разговара со грчкиот премиер, отколку пратениците (парламентот како институција)?
Од: Millky Way
Датум: 27.11.2009 08:30:49
Sto da se komentira koga i samiot Paljaco ne znae vo koja vrata turka?!?Edno ne mi e jasno..Od kade idejata na Bicikliski deka SDSM posle 7-mi dekemvri spremala dve crni scenarija?Zarem ima nesto pocrno od ova scenario sto ni go prireduva Firerot veke 4 godini?Od zemja lider na balkanot, so kandidatski status vo 2005, so najvisok BDP, najdobro mesto na ziveenje,ne napravi prosjaci na balkano!Izolacija, kriminal, reket, frcat na site strani!Tenderi, familijarni firmi za se i seshto...!A decata vo skolite nemaat ucebnici, uste pisuvaat po tetratki, demek taka trebalo, taka pisuval i tatkoto na ministerot i majkamu na Grujo-(vidi strana 185 od prerodbata vo 100 cekori)...Katastrofa!!!Edno znam, kolku i da e golema prerodbata gi minuva poslednite 3-4 cekori, VO PRAZNO!...Gotov e!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2009 09:28:21
Со последните оспорувања на преседателот на соседната земја пред 2-3 дена, кон оспорување на идентитетот и јазикот на нас како нација, ја покажува сета оправданост на поморанџестата програма.Се добива впечаток на жалост да од доживеаните изборни порази се уништени сивите ќелии на мозокот на помодрените плавци.Затоа само кај нив постојано се вергла да власта е крива, а тоа што не негираат,,уздуж и попреко,, е тоа го заслужуваме.Направете нова трансплантација на сивите ќелии инаку останавте таму каде што сте,неважни.
Од: vasil
Датум: 27.11.2009 09:30:00
Do Stole, Papandreu gi informira pratenicite vo Grcija za shto ke razgovara so Gruevski? Da..Za ekologiata na Prespa. E ovo go znaet i nashi pratenici.
Од: Nikola-Germanija do nacional-patriot
Датум: 27.11.2009 09:32:04
Ti posakuvam da ja iskoristis viznata liberalizacija i da patuvas sirum Evropa i da vidis kako zivee najgolemiot del na vtorata generacija Iselenici vo tie zemii-predrasudite i kompleksite,od koi ocigledno boleduvas taka na najdobar nacin ke se izlecat!Na takvite kako tebe im ostana samo da se drzat za imeto,bidejki drugo i nemat so sto da se falat.Ti i tvojata portokalova druzina ste dusmanite na MK,bidejki na Grcite im ja prodadovte rafinerijata,pa da bide sega identitetot na red!Majkata i ja rasplakavte na MK.Da ne go spomnam ramkovniot dogovor,koj e posledica na tajniot plan na DPMNE i DPA za podelba i vo kraen slucaj izcesnuvanje na MK od geopolitickata karta.Takvite kako tebe ziveat od mamina i tatina penzija od vremeto na "komunjarite",koj na MKcite posle 1945 im podarija azbuka,jazik i identitet-pa sega im naogjate mana na istite lugje!Toa ti se vika,"rani kuce,da ti lae!"Neblagodarnost so neizrecliva potencija.Ajde,sega cekaj go postarot so penzijata i ne zaboravaj da setas!:)
Од: x
Датум: 27.11.2009 09:44:57
prvo , naslovot e tendenciozen. ako i malku gledate kakvo e mislenjeto na narodot po ova prasanje nema da ve cudi so koja programa otisol. i nema nisto loso vo toa sto e napisano. mozebi trebase da odi so programa na vasiot mentor b.c.? togas nemase da ima ni pregovori ni razgovori se ke bese odamna dogovoreno , a se znae kako.
Од: mkd
Датум: 27.11.2009 09:46:31
Dosta napadjate.Sto sakate da kapitulira.Ne doaga vo obzir. So vakvi "laenja"samo se podriva Makedonskata pregovaracka pozicija nisto drugo. Samo napred i prodolzete taka.Na kraj ke ima resenie no sepak toa treba i da e povolno za nas
Од: Lili
Датум: 27.11.2009 10:11:37
Ili Gruevski denes vo Prespa ke go otkoci nasiot proces na integriranje, pa makar napravel kompromis vo koj i dvete strani ke imame kar! Ili sam ke si podnese ostavka zasto da se bide politicar predi se znaci da se znae da se podnese odgovornost, a ne samo da se cekaat aplauzi od narodot
Од: ЕДИ КОЈ СИ
Датум: 27.11.2009 10:14:35
Гледама многу возбудени и напалени коментари. Новинарката, гопоѓа Крамарска како никогаш до сега пренесе информација без никакво, за неа и цела редакција, вообишаено накарадно тиумачење и инсунации. Мошне, дури и невобичаено воздржано. Изгледа Крамарска знае нешто повеќе од Ризаов и останалите во редакцијата.
Од: Viko
Датум: 27.11.2009 10:17:01
G-dine premier, iskreno mislenje: Dosta ni e od Vasata rejting politika. Vo istorijata se vleguva so istoriski potezi koi dolgorocno mu nosat benefit na eden narod. Sekoj politicar vo svetot koj e na belata strana na istorijata ne bil mozebi poddrzan vo momentot od svojot narod, no potoa mu podignuvale spomenici (kako sto vie toa sega go pravite) Ve molam ne ja propustajte ovaa kako sto Vie ja narekovte "istoriska sansa" za Makedonija!
Од: srebre
Датум: 27.11.2009 10:21:36
moi dragi novinari sega preteravte pa toa pisuva vo site progr na politicki partii neli e povazno da narod ne trpi nese iseluva tioa nee promena na ime nego pridavka i bidete srecni sto grcija dozvoluva imenka mak sto pred 15god nesakase da cue za toa,imeto e nivno i pozajmeno od nas nie sme makedonci samo 65god a tie go imat imeto iljadnici godini zatoa da bideme blagodarni i toa sto ni dozvoluvat nie vo minatite 15veka sme se samo ne makedonci.
Од: Баналноста на злото
Датум: 27.11.2009 10:52:47
Еден ден ќе бидеме сведоци кога оваа проста багра ќе биде во бегство со нашите пари (најверојатно во Бугарија). Се надевам дека ќе се сеќаваме и на нивните лајачи и платените плукачи.
Од: Книговезец
Датум: 27.11.2009 11:09:23
Папандреу, ја има „прочитано“ одамна. Грујо џабе му ја носи, со платнен повез и со посвета.
Од: pravda
Датум: 27.11.2009 11:35:15
Feliks povtorno komentira,ovoj pat za sivite kelii na pomodrenite i vo pravo si,treba da si molcat i gledaat seir sto tvoite portokalovi so nivnite super sivi kelii ke napravat a,nema nisto da napravat zatoa sto intelektot ne zavisi id goleminata tuku od kolicinata,ama za nego toa se spanski sela.Edvaj cekam herojot i patriotot Gruevski da ne go resi sporot so Grcija koja patem na pomodrenite ne im udri veto vo 2005 za kandidatski status,pa Feliks ili Grujo ke go nosat na ramenici ili ke zavrsi kako Causesku,samo vnimavaj ti da ne si do nego vo vtoriot slucaj oti portokalovite kelii vece se crveni kako patlidzani a znaes sto mu rabotat na prezrean patlidzan-go frlaat na djubriste
Од: viksaeu
Датум: 27.11.2009 12:13:52
Gruevski veke e vo bezizlezna situacija, svesen e deka mora da se smeni imeto i sekakov izgovor naoga da izbega od odgovornost.NARODOT SAKA VO EU SVATETE GO TOA GOSPODINE GRUEVSKI!POGRESNATA KAMPANJA ZA IZBORI STO JA VODEVTE SEGA KE VI SE UDRI OD GLAVA!!!
Од: Јован
Датум: 27.11.2009 12:46:51
Да ли “Утрински“ барем еднаш ќе застане зад нашата Влада во спорот со НЈС.Да ли нивните новинари имаат поинаков став од националниот интерес?
Од: marijana
Датум: 27.11.2009 12:49:53
ова е навистина невидена работа, владата и вмро сеусте се занимаваат со позицијата, наместо да фатат да сработат нешто и да го казат својот став и сценарио тие ги коментираат туѓите
Од: veles
Датум: 27.11.2009 12:58:29
Ovoj epten pameten bil bre?? Znaes li sto veli programata na Vmro na 146 str. Nema menuvanje ime a dali znae sto on veti vo predizbornata kampanja deka nema penzii za ONA , deka ke ja vnese Makedonija vo NAto i EU. I sega koj treba da cita knigi ?? a za novinarkata da procita i ona nekoja kniga posto nisto novo ne kaza .Zar mislite deka Papandreu ke dojde vo Prespa da se dogovori so Inaetov nas magareski.Porakite ocigledno ne skatate da gi prenesite deka za Grcija ne postoi makedonski narod nitu nacija nitu jazik i koga Grujo ke se simne na taa pozicija togas ke pocnat pregovorite a ne razgovorite kako dosega ama so toa apsolutnata vlast na VMRO otide i Grujo ke go snema celosno od politickata scena.Zar vredi ovakva mok i vlast da se dade koga moze ovaka da si ja drzi uste slednite 20 god posto problemot so Grcija ne si odi.
Од: Doktorot
Датум: 27.11.2009 13:46:23
Не се вели синоќа туку сношти! Авторот е веројатно београдски ѓак!
Од: ivan
Датум: 27.11.2009 14:03:42
Glupav narod kriv mu e Gruevsk sto cekale 18 godini za promena na ineto pa toa e promenato so FIROM i so nego mozite do odite sekade vo Evropa samo ne i vo Grcija ,toa se pravi na poseben list i iminata se vpisuvat na grcki. Narode koj saka so promena nikoj ne gi drzi neka odat ako nemozat grcite rekoja oti na grb ke gi nosoat.
Од: don kihot
Датум: 27.11.2009 14:21:32
Ne mi e jasno sto se pluka tolku po covekov, ili se raboti samo za partiski interesi i partiski komentatori ili za nemanje na cuvstvo za nacionalna odgovornost.No se geda deka ne se biraat metodi za da se dojde na vlas vo zalna Makedonija, zemja koja site politicari i partiski vojnici ja jadat so decenii, na "principot sjasi murto da se kaci kurto" poradi takvata: neodgovornost, lopovluk, i javasluk, sto ni e vo mentalitetot , se dovede vo prasanje nasiot opstanok.Za se si postoi nekoja cena koja treba da se plati, a nasateto plakanje doaga sega.Ova sto ni se slucuva sega e, otslikuvanje na nasiot kolektiven drzavnicki neuspeh, Gruevski sega e samo edna figura na sahovskoto pole vo koe odamna sme matirani, i sansite se mnogu mali, prethodnite igraci slabo ja zapocnaa partijata.Imaa sansi od MK da napravat Drzava za primer, ama pusta lakomost, placka, neukost, i samobendisanost, si go napravija svoeto.Ova sto ke sleduva sega ke bide mnogu bolno,i ke boli, ama toa e toa..........
Од: dimitar
Датум: 27.11.2009 14:37:12
Sergej,i drugi nekrsteni i bezimeni Makedonci,ako i znaete shto ste.Svestete se i razmisluvajte so vasata glava.decata ke ve kolnat za vasata soglasnost za predavstvi.NAPRED GRUEVSKI,ove cinici ne ti mozat nisto
Од: bale
Датум: 27.11.2009 15:05:40
Да, да, навистина ја прочитал и се запрашал дали има такви будали кои веруваат во тие глупости?????????????????????????? И си рекол во себе.... на овие не ке ги прекрстам во Северна македонија, туку слободно ќе им го ставам името ТУНГУЗИЈА..... за подобро и не заслужуваат............................
Од: jug
Датум: 27.11.2009 15:11:18
Steta nasiot premier dava izjavi vo koj ima prostor sekoj od negovite sosedni kolegi dobro da go iskritikuva i da mu zalepi losi etiketi. Sam si e kriv ,,,, pazete sto zboruvate.

Најди! во Утрински
Насловна
И Јанкулоска на ред за лична карта
Зденко
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (7)
Должат, а блокираат
Воен баталјон се подготвува за Авганистан
МВР се надмина себеси
Со пари и нов пасош - Европа на дланка
Што ќе ни јават од Преспа
Обама доаѓа во Копенхаген
Втора жртва на новиот грип
Деловен центар од 1 км ќе се гради зад „Рамстор“
„Вијагра“ и балван
Сметките за „Љуботен“ ги расчистуваат сопругите