Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Си велам

Што ќе ни јават од Преспа

Ерол Ризаов

По изборите, Груевски ќе преземе сложени операции за промена на името

Што ќе договорат денеска премиерите Папандреу и Груевски во Преспа на нивната втора средба за само еден месец. А што ќе им кажат од тоа на своите граѓани? Според она како се подготви јавноста и во Грција и во Македонија, не може да се очекува ништо охрабрувачки. Меѓутоа, самиот чин на заедничка средба, ракување, службени насмевки, на еден грчки и на еден македонски премиер, предизвикува големо медиумско внимание. Самиот чин седнати на заедничка маса двајцата најодговорни луѓе во двете соседни земји е признавање одредена реалност и големи надежи кај повеќе милиони граѓани дека првите соседи почнуваат да го топат мразот кој не може да го помрдне ниту сантиметар дури ни глобалното затоплување, бидејќи е постуден од Северниот Пол повеќе од 60 години.

Обично ваквите средби колку да се обвиткани со тајност, колку да се изнудени и под притисок на големите сили, колку и да е видлива воздржаноста и студената атмосфера, колку и да се напрегаме да преовладее чувството на реалност дека не се можни пресврти, сепак, во вакви ситуации политиката се стреми да книжи поени што доаѓаат од надежта на огромно мнозинство граѓани дека, сепак, се можни добрососедски односи и покрај непремостливите разлики и притисоци од позиција на сила со ултиматуми и ирационални барања кон една независна суверена земја да си го смени името на државата, што е основно и универзално право на човештвото за самоопределување и самоименување. Само на прв поглед е многу чудно зошто политичките лидери веќе создадоа амбиент во своите земји дека одвај да станува збор за нешто повеќе од куртоазна средба. Сите поддржувачи на власта во Македонија, разни советници во Владата, партиски колумнисти, невладини организации блиски на власта, разни трибини и протести, разни телевизиски шоуа и емисии се полни со јазик на омраза кон сите што имаат разбирање за „разумен компромис“, кој на меѓународен и на домашен терен со различна интонација од поодамна ја најавува власта. Ова се прави со цел и стратегија да не се открие во македонската и во грчката јавност дека Никола Груевски и Јоргос Папандреу можат да направат некаков разумен или каков било историски компромис, кој по некои најави од Брисел веќе е направен. Тоа е затоа што Груевски ја подготвува Македонија за нови парламентарни предвремени избори. Па, потоа во нов четиригодишен мандат ќе се бараат решенија како ќе се користи новото име.

Премиерот Никола Груевски дури и на Си-Ен-Ен даде планетарно ветување дека неговата последна битка со политичките противници и непријатели на Македонија не значи подготовка за вонредни избори, туку едно вообичаено рутинско писмо до партиските приврзаници, но сите други сериозни активности и конкретни потези навестуваат дека на големо се подготвуваат вонредни избори. Лажните ветувања во политиката не се ништо ново. Всушност, откако е Груевски на власт, постојано мириса на избори. Кој што прави, граѓаните на Македонија гласаат. За три години имавме двапати парламентарни избори, еднаш претседателски и еднаш локални избори. Во парламентот за 2010 година е веќе испратен изборен буџет по сите параметри. Цели 170 милиони евра ќе бидат, според напумпаниот буџет, ставки во функција на изборите и политичките кампањи.

Катил ферманот за домашните предавници и остатоците на транзиција, односно фамозното писмо на Груевски е само фрлена ракавица. Музеите, театрите, спомениците и мостовите во Скопје што ги добиваат завршните контури се доказ дека при оваа беспарица некому многу му се брза за последната битка. Блокираните жиро-сметки на голем број компании, меѓу кои има и солидни фирми на кои државата им е голем должник, па вработените при свои пари и побарувања од буџетот не можат да си земат плати, е дел од посебна специјална битка да се стават во безизлезна положба и да се доведат на работ на банкрот. Ако фирмите должат на државата, следува блокади. Ако државата им должи на компаниите, тогаш следува нивно банкротство. Така државата си ја сече гранката на која седи. Енормно високите буџети на министерствата за социјала и труд и за земјоделство, всушност, се претворени во предизборни фондови. Хаосот со личните карти мириса на посебна предизборна ујдурма, чии крајни цели допрва ќе се видат. Се чекаат нестрпливо грандиозните антички споменици од Фиренца и кога сето тоа ќе блесне на скопскиот плоштад под вештачките светла на Потемкиновите села и кога ќе се поделат уште неколку десетици милиони евра за субвенции на земјоделците, Груевски ќе оди во последниот бој против Бранко Црвенковски. Веќе во мај 2010 година Никола Груевски ќе биде подготвен со старо-нов мандат од четири години да го смени уставното име на Република Македонија. А и името, по се' изгледа, веќе е сменето. Тоа го потврдуваат и некои европски пратеници. Германскиот пратеник во Европарламентот Јоргос Шацимаркакис, претседател на Комитетот за соработка со Македонија, кој е добро информиран, потврди дека името е веќе најдено, но останува прашање за негово користење. „Двете земји веќе го имаат најдено името. Како што реков, неговото користење е тоа што создава проблеми. Но, со духот што владее моментно, мислам дека имаме можност да најдеме решение“. Името за кое е најдено решение е Северна Република Македонија или Република Северна Македонија.

Дали забележавте една голема промена кај македонските ставови која во овој момент не се гледа многу. Некогашната двојна формула што се состоеше од тоа Македонија да го зачува уставното име дома и во билатералните односи со земјите што ја признале под тоа име, а Грција да ја нарекува како што сака, сега драматично е видоизменета и, всушност, кога сегашните претставници на власта зборуваат за двојна формула, мислат Грција и меѓународната заедница да не' викаат со сменетото име кое содржи географска определница „Северна Република Македонија“, а уставното име да се задржи само во Македонија. Ќе се согласите, овие две двојни формули отпорано и сега се многу различни. И уште нешто. Се' помалку од страна на власта се зборува за непроменливост на уставното име, а се' повеќе за заштита на идентитетот и на јазикот. И грчката страна има некои елементи на нова доктрина кои се посуштествени, при што се покажува очигледна нервоза за можноста Европската унија да арбитрира или да има каква било улога околу името. Грција е исклучива. Разговорите за името да останат во рамките на Обединетите нации. Во ОН работите можат да се развлекуваат во недоглед. За тоа мошне драгоцено е искуството на Кипар. Кога Кофи Анан, поранешен генерален секретар на Обединетите нации, во 2004 година го направи планот за обединување на Кипар според јавно прокламираните грчки тежненија, на општо изненадување на светот, кипарските Грци го одбија тоа на референдум, додека кипарските Турци го прифатија. За жал, многу често такви се судбините на одлуките на Обединетите нации. Затоа сега е испорачан цврст став на Грција кон Македонија преговорите да се водат и натаму исклучиво во рамките на ОН.

Преспанската средба засега нема да донесе ништо ново на Балканот. Грција останува каде што е. Македонија оди на нови вонредни парламентарни избори. По изборите, Груевски ќе ги преземе главните сложени операции за промена на името.


#
Статијата е прочитана 2288 пати.

Испрати коментар

Од: Драган
Датум: 27.11.2009 00:38:59
Од Преспа Груевски ќе дојде како „голем патриот“ кој не прифатил промена на името и со таа излитена фраза ќе распише предвремени избори, за да си го продолжи мандатот заедно со командантите на УЧК за уште 4 години. И додека не лаже дека го брани името (а името всушност во моментов ни е БЈРМ, FYROM), простиот народ си му верува. Ниту името го интересира Груевски, ниту државата. Него го интересира единствено капиталот и парите кои секојдневно ги перат преку разни тендери, споменици, реклами и триста глупости.
Од: nekoj
Датум: 27.11.2009 01:06:59
Mislev deka ima nadez za ovaa zemja, megutoa od ona sto go zboruva ovoj nas premier, gotovo e. Ke cekate uste koj znae kolku za da staneme i nie del od civiliziraniot svet. Zalno e sto edna vakva figura, koci eden cel narod, samo za svoi interesi.Nie nemame neprijateli, ima samo dobra i losa politika. Nasive politicari vodat losa politika, a Grcite ne ni se neprijateli. Kako sakate da bidete del od Evropa makedonci koga vidikot vi se sveduva na : neprijateli, me mrazat, me sakaat...nikoj niti mrazi niti saka, no ima raboti sto treba da se resat i da se odi napred!!! A toa sto sega sme vo pozicija da resavame, e za toa e vinoven onoj covek Gruevski!
Од: Eddy Kojsi
Датум: 27.11.2009 01:35:25
Kolku bi sakale vie Grujo da go smeni imeto, neli? Taka vie "razumnjacite" bi ispadnale pogolemi Makedonci od Makedoncite. Vaka ste obichni petokolonashi, evropski vazali, i odrabotuvachi na grchkite kolonijalni interesti. Gladna kokoshka oves sonuva.
Од: nacional-patriot
Датум: 27.11.2009 02:42:59
Novinarite od ovoj vesnik me poslusaa i prodolzija da fantaziraat.Erol si pisuva onaka kako sto saka da bide(fantazira).Se povikuva na izjavata od eden evropratenik deka e najdeno resenie,megutoa taa izjava e samo kazuvanje negova zelba,nikoj drug ne ja potvrdil i nema vrska so realnosta.I pred lanskite izbori Erol ocekuvase deka koga ke pominat,imeto ke se smeni.Pominaa tie izbori pred godina i pol, i imeto ne se smeni.Prognozata na Erol ne se ostvari,a i ovaa negova prognoza nema da se ostvari,zatoa sto starata dvojna formula ostanuva i imeto nikogas nema da se smeni.Ova e potvrdeno.Poraka do citatelot.Procitaj ja minatata kolumna od Erol povtorno i ako imas um ke gi svatis negovite izmislici.
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 27.11.2009 04:44:17
Do Erol daj te molam ne tropaj gluposti za imeto ,ova ime sto ti go prezentiras vo tvojot tekst neja sodrzi prvilnata geogrska odrednica za nasata mila RM ,a vo kolku e moralno i kako sto svetskite medijumi i vesnici najavuvat ,vklucuvajki gi i nasite vesnici najprafinata i najtocnata geografska odrednica so nadminuvanje na crvenata linija so nasit juzen sosed ,pa i celiot region sto ja opkruzuva teritorijata Makedonija e povlekuvanje na geografskata plava vistinita linija ,odnosno eden plav geogrfski merdijan ili napordnik vo cenatrot na topkata sto ja drzat ON ,EU I SKOPJE-ATINA i go dobivme naseto ime a toa CENTRALNA REPUBLIKA MAKEDONIJA bez nikavki drugi pretenziji kon site 4 strani ,so zacuvuvanje na mak-jazik ,identitet,etnoloski-geografski -istorisko obicaji so nasata sveta MPC-OA .POZZ ORCE MAKEDONSKI ,a drugite iminja sto gi komentiram da ostanat kako eden od predlozite ..POZZ ORCE MAKEDONSKI.
Од: SEVERNA SO MAKEDONCI VO NEA
Датум: 27.11.2009 06:34:30
SOLOMONSKO RESENIE: Na koricata na pasosite da pise SEVERNA REPUBLIKA MAKEDONIJA-EVROPSKA UNIJA, a vnatre obavezno NATIONALITY MACEDONIJAN(nacija, identitet,jazik, istorija). Najgolemi velikani se Goce Delcev i Krste Misirkov po poteklo od Egejska Makedonija. Da nema porazeni i da ne se mosne giba vo Aleksandar. Ako ova go otfrli Atina, togas da si barame grb na drugo mesto, kako vo Turcija, koja ima povekedeceniski konflikt so Grcija(Kipar, egejski ostrovi).
Од: Itar Pejo
Датум: 27.11.2009 07:43:59
Jas mislam deka vo Prespa pred se ce se zboruva za odstetata sto Grcija ce im ja plati na egejcite. Ne e mala rabota, se raboti za 35 molijardi.Premierot toa im go veti na egejcite, se secavate li koga lani pisuvase pisma do site svetski mocnici?
Од: Изборите станаа кошмарен сон за опозицијата
Датум: 27.11.2009 07:49:27
Од кога тоа г-нот Ризаов станал пророк? Груевски пред цел свет кажа дека нема нови предвремени избори. Но џабе, про-лузерските новинари не престануваат да ја експлоатираат таа тема. Не знам само кого тоа го лажат - народот или самите себе. Со предвремени избори на пролет Груевски пак ќе победи, ама нема да добие многу. Ако сака предвремени избори, тој ќе ги направи после година-две. Опозицијата до тогаш може да спие и да сонува избори.
Од: blaze m.
Датум: 27.11.2009 08:03:43
Prvoto neshto e ke vi gi napolnat masite so jadenjeke ima vo izobilstvo pa i za rasfrlanje odvas se ocekuva da si doneste rakija za pred jadenje treba da imate razbiranje tie nemat rakija pogtovo zta
Од: eleni
Датум: 27.11.2009 08:22:21
Ke ima nova kletva kaj Makedoncite : da dade gospod da vi se isusat ezerata ( na Evropa se razbira)
Од: rokprorok
Датум: 27.11.2009 09:54:02
eve komentar od Oli Ren I Havier Solana koj e odgovor na site onie sto ne gi boli za Makedonija tuku samo go mrazat Grujo ( no matter what) http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=26C6530DAB5CED46A7835B09E04F0847 ili eden mal izvadok: "Во изминатите 12 месеци вашата земја ја зголеми брзината во процесот на европска интеграција. Всушност, таа беше пример за останатите во регионот кои сакаат да напредуваат во нивниот процес на пристапување. Вашите постигања оваа година испратија многу силна порака: конкретните чекори носат реални резултати. ..... Конечно, на државнички начин, успеавте да мобилизирате ресурси и политичка енергија неопходни за процесот на исполнување на критериумите на ЕУ, посветувајќи се на клучните приоритети од Пристапното партнерство. Овој импресивен напор и' овозможи на Комисијата во октомври да заклучи дека земјата доволно ги исполнила политичките критериуми и да препорача отворање на процес на преговори."
Од: terezija
Датум: 27.11.2009 10:01:30
I jas si velam G-dine Rizaov...A potsvesno,da bidam iskren skoro i da znam?! Koincidencija ili ne; IMA SIMBOLIKA vo mestoto na sostanokot...Verojatno nema nishto KONKRETNO da se reshi,megjutoa konstatacijata ke bide deka:Vladata na Makedonija (svesno ili od "neznaenje")DEFINITIVNO JA 'PRESPA' shansata i za posledniot voz kon podobra idnina.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2009 10:09:48
Ме изненадува да вие како аналитичар не го коментирате настапот на преседателот на соседите кој пред некој ден дебело ниго оспори идентитетот и јазикот.Каде е тука анализата за непопустливоста на соседите,да беше некава изјава на нашиот преседател во ваков стил ќе имавме една дузина еаналитички елаборации,вака ,,шумоти ли волна,,.П.С до мојот пријател од каршија(vizavi) дали сега го подржува ставот на премиерот од програмата vizavi оспорувањата од соседниот преседател.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.11.2009 10:11:23
Најверојатно, јавувањето од Преспа ќе започне вака: „Ало Брат, Овде Бинг!“?
Од: Maja
Датум: 27.11.2009 10:12:50
Ili Gruevski denes vo Prespa ke go otkoci nasiot proces na integriranje, pa makar napravel kompromis vo koj i dvete strani ke imame kar! Ili sam ke si podnese ostavka zasto da se bide politicar predi se znaci da se znae da se podnese odgovornost, a ne samo da se cekaat aplauzi od narodot
Од: Коста Стоименовски
Датум: 27.11.2009 11:10:21
Авторот на написов добро прогнозира дека напролет ќе има предвремени избори, меѓутоа, сметам дека неговите прогнози за нова победа на актуелната власт се нереални! Во општеството се случуваат големи промени во расположението спрема оваа власт. Освен најтврдите приврзаници на актуелната власт луѓето веќе согледуваат дека со нив постојано се манипулира, дека „арачот“ достигнува неиздржливи граници, дека нивните пари се расфрлаат за разноразни апсурдни цели, дека дефинитивно во економијата не се гледа каков било напредок.... Можеби владејачката партијаќе освои најмногу места во Собранието но, прашање е дали ќе формира влада? Зошто нема анкети, зошто не се прикажуваат рејтинзите, зошто..... Мошне индикативо, зарем не?
Од: pravda
Датум: 27.11.2009 11:44:18
pocituvani forumdzii,onie koi se predavnici Ve molam zapametete gi ovie nacional-patrioti koi se kolnat vo Grujo i imeto,vo momentot koga ke padnat maskite da vidime sto ke napisat i kako ke go branat svojot vozd.A feliks moze ako ne mu se dopadja vo Utrinski da se prefrli vo Vecer.
Од: BOKI
Датум: 27.11.2009 12:40:42
MILOSEVIC = GRUEVSKI ima li podobar komentar od ova? Se e tuka kazano!
Од: Реган
Датум: 27.11.2009 12:58:01
Голем анимозитет према Владата и Груевски блика од “анализава“.Зошто толкав страв од вонредни избори?Од што се плаши Ерол Ризаов и “Утрински весник“?
Од: XXL
Датум: 27.11.2009 13:24:21
Sto ke ni javat..e pa toa deka za edna decenija kako ide rabotata ke go nemame Prespanskoto ezero ..a i jabolkite...koi veke i na svinjite im dosadija...I toa bi bilo SE.....!!!
Од: spiro
Датум: 27.11.2009 15:16:05
Ќе ни јават: ГИ ОБРАВТЕ ЈАБОЛКАТА..............
Од: do EROL
Датум: 27.11.2009 18:37:37
Gos.. EROL! eveti odgovor GRUEVSKI kazal NJET
Од: ludvig
Датум: 27.11.2009 20:43:26
Браво Ерол. Прекрасно пишуваш. Во целост се согласувам со тебе.

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (7)
Должат, а блокираат
Дали Папандреу ја читал „преродбата“
И Јанкулоска на ред за лична карта
Зденко
Со пари и нов пасош - Европа на дланка
Воен баталјон се подготвува за Авганистан
МВР се надмина себеси
Втора жртва на новиот грип
Деловен центар од 1 км ќе се гради зад „Рамстор“
Обама доаѓа во Копенхаген
Сметките за „Љуботен“ ги расчистуваат сопругите
„Вијагра“ и балван