Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Едиторијал

МВР се надмина себеси

Горан Адамовски

Министерството за внатрешни работи никако да ја научи лекцијата и да почне поинаку да се однесува кога некој ќе има забелешка на однесувањето на вработените во полицијата, или, пак, кога фалејќи се за некоја акција не знаат кога е „доста“ со засилувањето на впечатокот за успешната изведба. Кога се „среќни“, тогаш продаваат „доверливи“ информации од типот „серискиот убиец ги убивал жртвите мотивиран од главен лик во книга“ или „мајка му го малтретирала додека бил мал“.

Тргне ли по зло, другите се криви, само тие не. Медиумите неретко успеваат да и' влезат во „трагата на полицијата“ и да откријат работи што не звучат онака како што тврди полицијата. Цитираат изјави на експерти и на здруженија, кои јасно укажуваат дека работењето на МВР не е имуно на аномалии.

И наместо МВР добронамерно да ги сфати критиките на јавноста, тие се надминуваат себеси. Пред неколку дена 50-годишен прилепчанец беше брутално претепан од двајца полицајци, само затоа што им рекол да го тргнат возилото, бидејќи брзал да го однесе татка си во болница. И, како што бива, од надлежното СВР (во овој случај Битола) следуваа небулозни оправдувања од типот „ги навредувал полицајците, бил насилен“ и капак на се', дека „се лизнал и се повредил“. Бадијала телевизиите покажаа снимки на човекот, кој по целото лице беше облеан во крв, а носот практично не му се познаваше. Изгледа паѓајќи удрил во нешто многу тврдо. Инцидентот се случувал пред очите на сопругата на прилепчанецот, чиј глас, нормално, не се зема предвид кога зборува МВР.

Веќе утредента полицијата ја засилува изјавата, надополнувајќи дека човекот најпрво „удрил полициски службеник, продолжил да го удира со клоци во пределот на потколениците, при што му нанел видливи повреди. Кога полицаецот го оттурнал од себе во обид да се одбрани, овој паднал на земја и притоа си нанесол повреди на лицето и останал да лежи на земјата“. Следно што оди со ваквите изјави е дека човекот има психички проблеми. Освен што кажува приказни за мали деца, полицијата продолжува да врши психолошки профил на „жртвите“. Веројатно само тие знаат врз која основа ги изведуваат заклучоците, имајќи предвид дека во најголем или речиси во сите случаи не вршеле психолошко вештачење на луѓето што ги апсат или ги тепаат.

Паушалните изјави на МВР му се удрија во глава и во случајот со наводниот сериски убиец од Ѓорче Петров. Откако се покажа целосно измислен профилот дека „убиецот“ бил „првенец на генерација во Градежно, дека ги прочитал сите книги на Достоевски, дека убиствата ги вршел како ликот Раскољников, дека бил малтретиран од мајка си“, од МВР ладнокрвно одговорија дека „не било важно каков ученик бил и колку книги прочитал“. А не кажаа зошто тогаш морале да се прават важни и да прават филмско сценарио со апсењето на момчето поради сериските убиства, што е доволно силен настан и без филмување на јавноста со научно-фантастични елементи.

Тоа е стилот на работа на оваа полиција, за кој министерката Јанкуловска постојано го употребува зборот транспарентен. При секоја акција се прават истите работи и истите грешки. Транспарентноста исчезнува кога работите за полицијата ќе одат во „кофа со вода“. Веројатно така ќе биде и во иднина. Во МВР не сфаќаат ништо. Приказните од книгите ќе ги очекуваме и во иднина. Реалноста и онака е груба. Во неа живеат само оние што ја почувствувале полициската рака.

Па да, приказната со претепаниот прилепчанец не е завршена. Тој ќе ја тужи полицијата, а министерката Јанкулоска, сепак, призна дека Секторот за внатрешна контрола го истражуваше однесувањето на двајцата полицајци-тепачи, кои се суспендирани и им се заканува отказ. Изгледа прилепчанецот не ги здобил повредите од невнимание, откако се лизнал и паднал на земја.


#
Статијата е прочитана 1660 пати.

Испрати коментар

Од: surova vistina
Датум: 27.11.2009 05:06:57
Pusta Makedonija, od 1945 e zaloznik na policijata. Cela drzava, zaloznik na edna organizacija. I posle, Evropa ne ne saka, a be Bog da cuva...
Од: uspesi bez uspeh
Датум: 27.11.2009 05:35:03
Ministerkata Jankulovska veke mi e smacena so onie "fakanja" na kupovi droga i mafii. Ispaga deka nasata policija na celo so nea epten bila sposobna, najsposobna vo Evropa pa sekojdnevno na televiziine izlaga so kup "uspesni" akcii i zapleneta droga pa duri i preseceni kanali na nevideni mafii so driga. A mene mi lici deka seto toa e dobro namesteno i izrezirano bas od nea za da se prikaze kako ete uspesna policajka. Tie kupcinja droga mislam deka se sekogas istite samo vo drugo pakovanje. Tolku droga ni CIA nema zapleneto za cel vek kolku sto nasava Miniser(s)ka Vlada ima zaplemeto za 3 godini. Izgleda deka vo se se uspesni ama nekako ne im odi i ne se uspesni da si gi najdat vo svoite redovi lopovite i siledziite sto tepaat nevin narod. Koga se raboti za toa togas Ministerkata ni ja nema onaka pompezno da ni gi prezentira tie nejzini uspesi.
Од: Aerodrom
Датум: 27.11.2009 08:20:52
Nemojte po default da se stavate na strana na tepaniot. Obicno vo vakvi slucai policajcite se isprovocirani. Se e crno belo samo vo crtanite, obicno e se sivo. Bez nezavisen svedok nema da se dojde do vistinata.
Од: jovan
Датум: 27.11.2009 08:47:11
Jankulovska e vo pravo. Policijata e TRANSPARENTNA. Transparenten znaci proziren(prazen). Policijata denes ni e najprozirna i najprazna, da ne kazam naj supliva. A voedno da ja povtoram i nasata stara pogovorka "KOJ LAZE I KRADE". Sami zaklucete kakva policija imame.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2009 09:58:31
Се сложувам со оној кој тврди да од 1945 год.расудувањето на полицијата резултирало секогаш со примена сила а не со аргументи.Сите се сеќаваме на Бит-пазар,тутунарите,Ѓорче Петров,заканите од министер кон новинарите на денот на безбедноста(нее коњаникот)некогашен професор на правен,пасивниот однос кон нападнатите на плоштадот,сега со прилепчанецот ,види чудо за тепачите има кривични пријави кој вие не ги споменувате.Ми треба книга како ,,народен кувар,,да ги набројам однесувањата на полицијата кај СИТЕ власти.
Од: До: Aerodrom
Датум: 27.11.2009 10:41:20
Која е таа полиција „што била испровоцирана“ да Претепа граѓанин на оваа држава кој побарал да не му го попречуваат патот? Каде во светот има таква полиција? Па, со години е отворен конкурс за влез во полиција, на кој единствен услов е IQ90!? Ви се верува ли? И мене не ми се веруваше кога го прочитав! И што да очекуваме? Културно однесување, во кое полицаецот прво ќе се легитимира, па ќе разговара (бидејќи не се работи за Криминалец во Бегство) и тоа на сосема културно ниво, без при тоа во вас да гледа како во можен сторител на кривично дело!? Не дај боже да налетате на полицаец кој излегува (во униформа) од Кафеана (труп пијан)! Ќе настрадате и вие и тие околу вас! Сè тече, сè се менува, само ��олицијата, власта и менталитетот - Никако!
Од: terezija
Датум: 27.11.2009 11:01:42
Momentalno Makedonija e NAJPOLICISKATA Drzava na Balkanot.Najgolemite sredstva od budzetot (shto javni ,shto tajni) odat na "chuvarite "na ovaa Kanibalska Vlada ...Nema potreba od Armija-od kogo ke ne' chuva?!Za "struchnosta,iskustvoto ili PROFESIONALNOSTA" na G-gjata Ministerka (dovcherashna kol.na Premier. od bkokerskite denovi) i da ne govorime...Ionaka celata vlada se zasnova na IMPROVIZACII-t.e.ne po STRUCHNOST tuku po SLEPA LOJALNOST kon Kajzer-cheto & family.Kolku "traat"takvite improvizacii-POZNATO E (od X-primeri),samo shto SHTETATA KE E PREGOLEMA i teshko nadomestliva za mnogu,mnogu idni pokolenija...p.s./..akcijata "seriski ubiec"se vodeshe pod 'shifra Raskolnikov 'a ne se znaeshe(dotogash) koj e ubiecot...pa kamoli neg.opsedn.so istiot toj lik i dr.gluposti...Dostoevski itn??!Mizerija na neiziveani "doshljaci"-novokomponirani eliti,na koi najnovo "otkritie" im e depilacijata..??!
Од: Трпе
Датум: 27.11.2009 11:19:23
Полицијата во моментот ни е на ниво како што била после втората светска војна па се до шеесетите години.Тогаш полицајци станувале овчари,козари и денес е исто за полицајци се стават учени не доучени со средни училишта од браварски и земјоделски занимања.Интересна ми е ЕПП бладата која на чело со мистер Рејтинг својот народ го прави глуп.Тие се прости и мислат дека и народот не разбира ништо.Од каде министерката го има ова полициско искуство.Сетете се что се случуваше кога министерка беше и Д.Димовска.Тие може да апсат само овој народ кој незнае да се спротистави.А и многу лажат а кој лаже прави и нешто друго.
Од: jas gradjanin ovca
Датум: 27.11.2009 13:48:33
neznaeme da se organizirtame kao nacija mi e smraceno nit rabota nit zivot vo jan zaminvam za sofija tamu e idninata imat rabota zivot nema glupavi kazni zbogum severna.

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (7)
Должат, а блокираат
Дали Папандреу ја читал „преродбата“
И Јанкулоска на ред за лична карта
Зденко
Со пари и нов пасош - Европа на дланка
Воен баталјон се подготвува за Авганистан
Што ќе ни јават од Преспа
Втора жртва на новиот грип
Деловен центар од 1 км ќе се гради зад „Рамстор“
Обама доаѓа во Копенхаген
Сметките за „Љуботен“ ги расчистуваат сопругите
„Вијагра“ и балван