Државниот врв нема мака со вадење документи, но пратениците се жалат дека со денови „висат“ на телефон
Даниела Трпчевска
Првата полицајка во земјава, Гордана Јанкулоска за неколку недели има закажано термин за вадење на новата биометриска лична карта. Со тоа министерката за внатрешни работи ќе го испочитува законскиот рок за замена на старите лични документи и ќе ја избегне паричната казна што им се заканува на граѓаните по 27 февруари 2010 година.
Но, првиот човек на МВР ќе ги избегне и огромните турканици и нервози со кои се соочуваат обичните граѓани веќе со месеци. Таа, како и останатите вработени во Министерството, кои имаат итна потреба од вадење нови документи, ќе добие термин за вадење нова лична карта надвор од работното време на Пасошко.
„Министерката има договорено термин за вадење нова лична карта за 2-3 недели. За да не губи од работното време и да не ја нарушува редовната работа на службите со граѓаните, таа ќе појде да аплицира за новиот личен документ пред или по работното време на Пасошко“, вели помошник- министерот за информирање во МВР, Иво Котевски. Министерката во својата чанта веќе три години поседува и нов биометриски пасош, еден од првите што беше отпечатен на новиот систем на германската фирма „Гисеке и Девриент“ во 2007 година.
Со вадење на новите документи немаат проблем ниту премиерот ниту првиот човек на државата. Никола Груевски од поодамна поседува и биометриски пасош и нова лична карта, додека претседателот Ѓорге Иванов со документите „се поднови“ на инаугурацијата.
„Согласно со протоколот, дента кога претседателот стапи на функцијата му беше издаден биометриски пасош и нова лична карта“, вели Бети Галевска, задолжена за односи со јавност во Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
Се чини дека метежот и нервозите во Пасошко ги загрижуваат само пратениците кои одлучиле да не ги користат привилегиите и врските и сами да си застанат во ред пред шалтерите во Пасошко. Но, и нив како и обичните граѓани ги вади од такт телефонската линија која е постојано блокирана, редиците граѓани кои нервозно си дофрлаат едни на други во долгиот ред, како и огромното време што се губи за чекање, ако, не дај боже, „системот крахира“ оној момент кога ќе стигнет�� на ред.
Некои од избраниците на народот смислуваат и посебни тактики за вадење нови документи. Вработени во Кабинетот на претседателот на државата велат дека ангажираат пријатели со денови да вртат наместо нив на Кол-центарот на МВР на бесплатниот број 08001 92 92 и да им закажат термин за аплицирање.
Лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани оди и чекор понапред.
„Цел ден вртам и никако не можам да закажам термин за вадење нова лична карта. Најверојатно ќе треба да му платам дневница на некого за да врти наместо мене и да ми закаже термин во Пасошко“, вели Селмани на шега. Според него, граѓаните треба да изгубат цели денови за да телефонираат и повторно не ќе можат да закажат термин. Друг е проблемот што МВР нема соодветни капацитети да одговори на барањата на граѓаните и што се направени несоодветни процени за смената на документите. Поради тоа, вели Селмани, потребно е пролонгирање на терминот за да им се даде можност на сите граѓани да ги заменат документите, без притоа да им се закануваат со казни.
„Замената на документите не е само грижа на граѓаните, кои се преплашени од казни, туку е поголема грижа за институциите кои не ги испланирале добро термините“, укажува Селмани.
Пратеничката на СДСМ од Битола, Весна Бендевска биометриска лична карта извадила уште минатата година, кога се кандидирала за пратеник во Собранието. Таа ја изгубила старата лична карта, па морала итно да ја замени со нов документ за идентификација. Аплицирала во подрачната единица на МВР во Битола, каде што живее и целата процедура поминала лесно, оти немало никаков метеж и турканици.
„Мојот син се јави во октомври и за три недели стигна на ред за вадење нова лична карта. Но, поголем проблем е тоа што во помалите градови се чека подолго време за издавање на готовите документи отколку во Скопје. Колку што знам, апликациите што се примаат во Битола, потоа се праќаат на изработка во Скопје, за што е потребно дополнително време“, вели Бендевска.
Што се однесува до патните исправи, лани пратениците преку протоколот добиле дипломатски пасоши, со што го решиле и овој голем проблем. „Протоколот ни организираше се', ние добивме само датум и точно време кога треба да ги поднесеме документите и да се фотографираме“, објаснува пратеничката на СДСМ. Пратениците на секои две години добиваат и дипломатски визи, поради што немаат потреба од дополнителни привилегии или „бркање врски“ за да добијат визи и документи без да чекаат во ред пред шалтерите.
Илија Димовски, пратеник од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во својот паричник се' уште има стара лична карта и стар пасош за патување во странство. На бесплатниот број на Кол-центарот на МВР се' уште се нема јавено за да закаже термин за аплицирање, но вели дека е информиран за законската обврска и роковите што го притискаат. „Ќе се обидам да ги запазам законските рокови и навреме да аплицирам за нови документи“, вели Димовски во изјавата за „Утрински“. „Но, се надевам дека државата ќе има разбирање за граѓаните, како што тие имаат разбирање за обврските што треба да ги исполнат“. Пратеникот и шеф на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај позицијата што ја има, сака да остане цврсто на земја и да не ги менува навиките кои до скоро ги имал како „обичен граѓанин“.
„Јас и натаму си чекам ред пред шалтерите и сам си ги завршувам обврските за вадење документи. Ги имам истите навики што ги практикував и пред да станам пратеник“, вели Димовски.
Од кабинетите на првите луѓе во земјава велат дека понекогаш се случува да ангажираат и нивни блиски роднини и пријатели, да вртат постојано на презафатената линија на МВР за да закажат термин за аплицирање за нови документи.
Шекеринска и сопругот на иста адреса, но во друга општина!
Пратеничката на СДСМ, Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг Божидар Јанковски живеат во ист стан, на иста адреса, но во различна општина. Така барем пишува во новите биометриски лични карти што им биле издадени од страна на МВР.
Брачната двојка живее на улица „Васил Ѓоргов“ во скопската населба Карпош. Овие податоци биле внесени во новата лична карта на пратеничката, која успеала да ја замени уште минатата година. „Меѓутоа, мојот сопруг, кој неодамна ги менуваше документите, доби лична карта на која е наведено дека живее на улица ’Васил Ѓоргов‘, но во Општина Центар“, вели низ смеа пратеничката на СДСМ.
Големиот метеж за документи ја премислија Шеќеринска во намерата да извади биометриски пасош. „Од страв од метежот, засега се откажав од вадење биометриски пасош“, вели поранешната лидерка на опозицијата, која наскоро очекува да стане мајка. Таа поседува дипломатски пасош како пратеник, но објаснува дека често и' е многу полесно да патува со обичен пасош, поради граничните процедури.
Таа смета дека е илузорно државата да им се заканува на граѓаните со казни доколку не ги извадат документите во определениот рок. (Д.Т.)
Da nemaa 61 pratenk ke razmilea malku sto pravat so narodov.
Од: Flaster city
Датум: 27.11.2009 00:36:07
Документот кој треба да го извади министерката Јанкулоска никако не може да се нарече “лична карта“. Може, на пример, “документ за идентификација“. Или само “ИД карта“, но никако “лична“.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.11.2009 08:09:40
Веста објавена на 16.11.2009. во утрински гласеше дека: „во Управните служби на МВР се воведени дополнителни 90 линии и „цели“ 10 базни станици!“ Законската обврска и Казните, значат дека Државата треба да ви обезбеди Еднакви Услови за обезбедување на документи!! Бидејќи тоа не е случај (во Македонија отсекогаш имало „богови“ во Опинци, кои никако не можат да почекаат на ред), затоа што не можете да добиете слободна линија, а ако се појавите таму незакажано - ќе ве вратат со молба „да закажете по недостапната телефонска линија (какво лудило, на современо однесување!), се Кршат законските Одредби од Уставот кои велат дека Сите Граѓани се Еднакви Пред Законите!!!Просто не е за верување дека Полуписмените Празноглави колумнисти ќе чекаат во редот, како и „обичните“ граѓ��ни! Да видам, па да не верувам!
Од: ivon
Датум: 27.11.2009 08:25:53
ovaa vlast se postignuva so zakani i kazni zatoa narodot go osiromasi za da ne veruva deka ova se slucuva i taka go polni budjetot za da gradi statui i da gi vrabotuva nepismenive vmro-ovci ,zatoa ke gi osudime na izbori cisti prevarsnti od prv do posleden ,no uste ima ovci .
Од: gv
Датум: 27.11.2009 08:37:21
Uste edna reklama na ovaa vlada.Jankuloska cekala na red.Aferim.
Од: Трпе
Датум: 27.11.2009 09:11:36
Никако ова пропагандна блада да се откаже од глума.Но незнам како успеват да се снајдат во трагикомедија.Лаги и само лаги,ништо повеќе.
Од: ljubica
Датум: 27.11.2009 09:36:40
A ima li rok vo koj , po aplikacijata od graganinot, MVR treba da go izdade dokumentot i kolkava e kaznata za MVR ako ne go ispocituva toj rok?
Krajno vreme e pratenicite, mesto da komentiraat ili preku red da vadat dokumneti, da povedat inicijativa za izmeni na zakonot so prolongirawe na rokot na zamenata na dokumentite poradi nemawe tehnika i kadar kaj MVR da ja sprovede ovaa zakonska obvrska. Kolku sto slusam redot na zakazuvawe preminal i vo 2011 god.
Од: kiki
Датум: 27.11.2009 09:41:14
e mnogu me interesira kako uspeaa da se javat na broevite! pa se javuvam minimum po 30 pati sekoj den i taka veke tri nedeli. Ako ova ne e upornost navistina ne znam sto e!
Од: m i l c o
Датум: 27.11.2009 09:59:05
И Јанкулоска на ред за лична карта
vic na godinata ,,
pa vie ne naprevivte mnogu glup narod , pa dotolku razbirame
Од: gragjanin
Датум: 27.11.2009 10:18:20
Vcera uspeav da zakazam za licna karta.Datumot na koj treba da se javam vo MTV vo 13 casot e zamislete 19.10.2010 godina.Koj datum ke dobijat gragjanite koi ke se javuvaat do nova godina,sigurno na red vo 2011 godina.Kakva ekspeditivnost vo vreme koga se reklamirame za kompjutersko opstestvo.Zaboraviv da kazam za pasos sum na red vo mart 2010 god.
Од: ЕДИ КОЈ СИ
Датум: 27.11.2009 10:20:30
Се обидувам да се присетам ама не ми успева, па молам некој од редкацијата д аме потсети или сами да се сетат дали некого, ама било кого од СДСМ, ЛДП, ЛП, ДУИ, ДПА, ПДП, било кога или било каде го виделе да чека ред или да обавува било каква работа по некаков си нормален ред. Јас го имам сретбнато Макрадули каде и во ВЕРО покушава преку ред да си заврши работа и тоа како опозиционер. Изгледа кога бил на власт не ни одел во ВЕРО ами работите дома му ги сревирале.
Од: sale
Датум: 27.11.2009 10:30:47
e pa klinton sto da ti pravam koga tvoite ne se na vlast inaku ti ke bese prv vo k.palanka na listata
Од: eu
Датум: 27.11.2009 10:35:57
gledam i se smeam zosto sme tolku glupav narod pa i grcite,bugarite,bile pod tursko pa nese budali da pravat vakvi zakoni nervoza,red neznaeme da se organizirame nema sto no eve vo utrin pisuvate denes grcite ne gi priznavale i novite mak pasosi pa ce dobivalo list na granica do godina?znaci po pridavka na ime pak turkanici i za pasos i za licna karta poglednete vo eu kako se pravi toa zemjaci bez guzvi pracat preku posta lic karta t.e. zdrav kniska(vo vid kredir kartica)ni slika ni nisto ni pari i red ni nervozi.
Од: D.V.
Датум: 27.11.2009 11:12:46
Ovoa reklamno objasnuvanje za mainisterkata sto cekala na red e vistina jad i beda kako reklama i uste fali, da ni kazat kolku vreme cekala na red i dali molcela ili razgivarala so cekacite komsii!! No, bidejki tesko se dovagja do telefon i sostanok, me interesira, KAKO TIE STO ziveat vo stranstvo ke mozat da si gi zamenat starite dokumenti koi neli nema da vazat? ko nekoj ima ideja za ovoa, neka objasni koja vestina tie trebe da ja upotrebet?!
Од: do ivon
Датум: 27.11.2009 11:18:53
Abe komunjari. Od toa shto ste vie mnogu pismeni sega ke skapite vo opozicija eden i ushte eden i ushte eden i ushte eden mandat i ushte eden ................................
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2009 11:40:06
Се надевам да г-ѓа Бендевска ќе застане во редицата со обичните смртници,поучена од искуството со пасошот на нејзиниот сопруг.Верувам дека нема да бара ,,одма и веднаш,,комбиновано со презентирање на тоа да е пратеник,и каде се видело да чека повеќе денови.