Број 3149  вторник, 01 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Бесплатната бања за пензионерите од февруари

Аплицирањето за бањско лекување треба да почне до крајот на месецов

Маја Томиќ


Владата ќе потроши околу 1,5 милион евра за бањско лекување на 10.000 пензионери. Тие во текот на една година ќе можат да престојуваат седум дена бесплатно, на државен трошок, во еден од седумте бањски центри во државата. Фондот за здравство има склучено договори со четири бањи за лекување: „Катлановска бања“ во Скопје, бањите „Цапа“, „Негорци“ во Гевгелија и „Банско“ во Струмица. Аплицирањето за бањско лекување би требало да почне до крајот на месецов, во јануари наредната година ќе се прави изборот, а во почетокот на февруари се планира првата група пензионери да бидат испратени на бања.

За да ја користат понудата, пензионерите ќе треба да исполнуваат одредени критериуми. На вчерашната средба меѓу министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, со претставниците на Здружението на пензионери и другите пензионерски организации, тој ги запозна со деталите на одлуката. Бајрами изјави дека оваа привилегија ќе можат да ја уживаат пензионерите од сите делови на државата, сразмерно на тоа во кој град колку пензионери има. Притоа, одлучувачки критериум ќе биде висината не пензијата, односно предност ќе имаат, најверојатно, корисниците на пониските пензии. Битна ќе биде и должината на користењето државна помош за нега на трето лице, која ја примаат значителен дел од пензионерите.

Инаку, од вкупно 270. 000 пензионери во државата, 33 отсто се со минимални пензии, до 6.000 денари. „Ќе гледаме да бидат опфатени сите краишта на Македонија. Сразмерно на тоа кој град колку пензионери има, толкав процент од нив, од вкупниот број - 10.000, ќе одат во бања. Ако, на пример, Скопје има околу 40 проценти од сите пензионери, толкав процент, од оние 10.000, ќе користат бањско лекување“, објасни Бајрами.

Најголем број од бодовите, односно до 60 бода, ќе носи висината на пензијата. Значи, повеќе бодови ќе има за пониските пензии. Аплицирањето ќе се врши во 30-те подрачни единици на Фондот за ПИОМ, а крајниот избор ќе го направи комисија составена од претставници на МТСП, од Владата, од Министерството за финансии, од Фондот за ПИОМ и од Фондот за здравствено осигурување.

„Планираме оваа можност да ја користат поголем број пензионери со ниски примања. До 30 бода ќе носи времетраењето на користењето на пензијата и уплатата на придонесите, што значи постарите пензионери ќе имаат предност. По 10 бода ќе има за оние пензионери што користат помош и нега од трето лице“, изјави Бајрами.

Тој додаде дека државата ќе ги покрива и трошоците за превоз, како и задолжителните здра��ствени прегледи. За време на бањско-климатското лекување, пензионерите ќе имаат обезбедено сместување и три оброци дневно.

Пензионерите, по вчерашната средба со Бајрами, беа задоволни од одлуката на Владата и од воспоставените критериуми. „Потегот на Владата е добар и добро се избрани критериумите. Ова на некој начин покажува дека некој се грижи за пензионерите. Ние, како здруженија, ќе се потрудиме да придонесеме критериумите да се почитуваат, онака како што се зацртани, односно навистина оваа можност да ја искористат оние што се најзагрозени и на кои им е најнеопходно бањското лекување“, истакна Чедо Георгиевски од Здружението на пензионери.

Владината идеја за бањите беше соопштена на јавноста завчера, по средбата во Владата меѓу премиерот Никола Груевски со претставниците на пензионерите. Груевски тогаш рече дека мерката е донесена по подолги консултации и пресметки, за што се обезбедени средства во буџетот, во висина од 90 милиони денари, или 1,5 милион евра. Според Груевски, на овој начин ќе заживее и бањскиот туризам во земјава.


#
Статијата е прочитана 747 пати.

Испрати коментар

Од: Penzioner
Датум: 30.11.2009 21:50:22
Не ми треба бања. Ми треба повисока пензија СЕКОЈ МЕСЦ за да ги издржувам невработените ‘деца‘ од по 30 и кусур години.
Од: Hari
Датум: 01.12.2009 00:32:29
Usbanja, uste edna fantazija od bolniot um, nitu banja za penzionerite, nitu 302 avtobusi, nitu 40 milioni vo zdravstvoto, nitu stranski investicii, nitu eknomski preporod, nitu pokaceni plati, dobivme ponizuvacki kampanji, pljackosuvanje na se sto ostana, sozdavanje na ulicarski bogatasi i propast na Makedonija.
Од: mitko za banditskite pojavi
Датум: 01.12.2009 01:00:37
Tipicno banditsko odnesuvanje na VRMO-ovcite nasred kriza zaradi kupuvanje na glasovi neracionalno Stavre-Kumot i Grujo se zadolzuvaat samo so cel da ostanat na vlast. Nema nikakva logika so zadolzuvanje da se finansiraat odmori na penzionerite. Nazalost ova narodot ke go sogleda otkako ke trokira drzavata. Tolkava mu e pametta. Narode veke treba da sfatis nekoi osnovni raboti i da prestanes da glasas za VMRO.
Од: Itar Pejo
Датум: 01.12.2009 07:27:30
Eden i pol milioni evra, toa e kako penziite na 270 000 penzioneri da se pokaceni za pomalku od polovina evro mesecno. Stvarno se ofajdile. 10 000 penzioneri na banja po edna nedela godisno, toa se 200 kreveti vo banjite. Da i predlozam edna nova finta na vladata. Vo cest na simnuvanjeto na vizite, VLADATA GI CESTI UCITELITE SO WEEKEND VO LONDON. Sekoja godina po deset uciteli ce odat vo London!
Од: do mene
Датум: 01.12.2009 08:12:27
dragi nasi penzioneri.ne kukajte! kaj nesto vi se pruzilo,i umesto da go pozdravite pa koj kako moze. nas mentalitet. na zapadot dae 1 den sekoj ke go iskoristi toa,a nasiot narod ne nesakam banja sakam pari amaaaann.ami pa sto da rece onaj so nikakvi primanja!?nikoj i ne go spomnuva!.pozdrav
Од: stojko
Датум: 01.12.2009 09:54:13
Ne mi se veruva eeeejjjj! Ovie od Vladava celosno odlepile! Gospod Bog da ne cuva i brani.
Од: kris
Датум: 01.12.2009 10:26:37
Овие 10000 пензионери, ми личат на оние 8000000000 инвестиции на Грујо во наредните неколку години???? За глуп народ само тоа треба... лаги.... лаги.... лаги и БЕЛИ БУМБАРИ OД Тања и Митре Рафајлоски од Битуше..........
Од: caki
Датум: 01.12.2009 10:29:17
Vo nedelata Premierot se isfali site penzioneri na banja na smetka na Vladata.Vcera Ministerot za socijala kaza deka samo 10.000 penzioneri ke odat na banja.Sto e vistinata se prasuvam.da ne e pansionot 2.500 denari za castenite,a redovno e 700.00 den.Aj cao
Од: torbesh_od_dijasporata
Датум: 01.12.2009 10:35:03
Zdravo zemljaci! poshto nesum vo mak. jas bi ve prashal edno: dali seto ova obekanje od vladata shto go citam e ispoleto? ili se samo propagandi za jaknenje na rejtingot svoj!!!blagodaram,pozdrav od itaalia.
Од: koljo
Датум: 01.12.2009 11:15:12
Odlukata e dobra i e za pozdravuvanje.No,dali istata ke se sproveduva realno i pravedno? Da se nadevame deka odgovornite ,odnosno komisijata ke bide pravedna kon site penzioneri sto se so mali penzii i istotaka i onie penzioneri sto se so dokaz za narusena zdravstvena sostojba.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 01.12.2009 11:28:02
Имам предлог кој веќе беше еднаш беше презентиран од помодрените кој се покажа како ептен,,продуктивен,,.Сите знаеме да во минатото со померување на датумите по 10-15 дена нанапред за исплата на пензиите помодрените им ,,лапна,, мислам околу четири пензии,така да државата ќе уќари а и пензионерите ќе немаат време за реагирање.Така ќе ги испосниме и очеличиме пензионерите и ќе нема потреба од бањи.
Од: Petar M.
Датум: 01.12.2009 11:40:27
Jas sum invalidski penzioner so 9.500 penzija i ne ni pomisluvam za banja. Pricinata e e sto i pokraj toa sto e besplatno (mozebi nema platno), ako covek odi treba da ima pristojni cevli, palto, pantaloni i barem 1000 denari vo dzeb. E sega ako nemam da mu kupam patiki na sin mi, pa mora da odi na fakultet so nasledeni od bratuced mu (inaku edinstven "luksuz" mu e internetot) jasno e deka nema ni za mene. Pa gore dole takva e situacijata so poveketo penzioneri so niski penzii so koi zaedno nautro cekame pred furna star leb za deset denari. Ke odat onie koi i onaka bi odele. patem dali nekoj mozebi znae za kolku i od koga ni se namaleni panziite, zosto gledam na cekot nesto navistina malku no sepak cekot e pomal.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 01.12.2009 11:51:50
Ех.... А потоа следува Стрижење!
Од: da se znae
Датум: 01.12.2009 12:42:46
Kakva pomos na penzionerite!!! Sekoj penzioner neka si go vidi cekot od penzijata e ke zabelezi deka sekoj mesec mu zadrzuvaat od 100-300 denari ( zavisi od goleminata na penzijata), pritoa vo cekot nestoi objasnuvanje zosto se zadrzani tie pari. Verovatno so tie pari, koi se poveke od eden i polovina milion evra, Vladata ke "odbere' penzioneri za da odat na banja i toa ne vo banja koja mu treba, tuklu vo banja koja ke mu ja odredi Vladata, koja se javuva i kakmo maticen lekar. Odlicno!!!
Од: b
Датум: 01.12.2009 13:34:09
Кога Премиерот ке додели бесплатен фризерај за жените, да го развие фризерскиот бизнис и да ги разубави македонките и кога ке стигнат од него бесплатните вијагри за мажите, да го зголеми наталитетот?
Од: jaska
Датум: 01.12.2009 15:37:47
Bravo! Izbanjajte gi malce deovcive i babive sto zboruvaat seshto i pokraj toa sto VMRO-DPMNE im gi zgolemi penziite. Koj im e vinoven sto imaat deca od po 30 godini a se nevraboteni? Neka si najdat rabota, sigurno se sposobni.

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (10)
Голем срам со вакцините
Нервозни сите освен премиерот
Зденко
Одлука што се чекаше 18 години
Избори, референдум и бојкот
Убав ден во Самобор
Македонија Ѓ.П. и Слога Ј. во општинска лига
Почина жената што се бореше за живот 12 дена
Предизборна (црковна) трка
Отказ за рагбистот Стошиќ оти нема македонски пасош!
Кој е првиот македонски милионер?
За европскиот голф-клуб ни треба вистинска палка
Гошев попушти - ја намали каматата за 0,5 отсто
За ,,македонцките“ патриоти и предавници
Јастреб на чело на Нова демократија