Број 3149  вторник, 01 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Мислења

За ,,македонцките“ патриоти и предавници

Слободан Најдовски

Додека се расправаме за патриоти и предавници, Владата се занимава со бензините - за две недели, две нови давачки

Бидејќи сум од Битола, текстов го пишувам растоварен од опасноста дека ќе се инфицирам од новиот вирус, таканаречен свински грип. Објаснувањето е едноставно. Гледам, секојдневно информативните емисии на македонските национални телевизии известуваат само од пред Инфективната клиника во Скопје. Министерот и другите од Комисијата за заштита од грипот секојдневно се во посета на некоја здравствена институција од Скопје. Значи, опасноста од грипот е во Скопје. Познавачите на оваа проблематика ми кажуваат дека освен во Клиничкиот центар во Скопје, другите здравствени установи во државата не се оспособени да го идентификуваат свинскиот грип. Затоа ние во Битола мирно си уживаме. Власта го локализира свинскиот грип и го ограничи само во Скопје. Нас од внатрешноста, според власта, не треба да не' загрижува ширењето на опасниот вирус.

Мене лично ме загрижува опасноста од еден друг, поопасен вирус, кој, како наближува 7 декември, така се' повеќе се шири. Тој вирус е вечно присутен на овие простори, на ова мало парче македонска земја. Тој вирус е препознатлив во вечната расправија меѓу Македонците за тоа кои се патриоти, а кои предавници.

Историјата не' учи дека секогаш пред клучните моменти за македонската држава се отвора темата за патриоти и предавници. Да не одиме подалеку, туку да погледнеме само некои дилеми од минатиот век. Денес се' уште го бараме одговорот на прашањето дали Илинденското востание се дигнало предвреме под влијание на предавниците од бугарска провиниенција и што ќе се случеше ако востанието се дигнеше подоцна или воопшто да не се случеше? Уште поеклатантен пример е постојаната дилема, неразјаснета за младите генерации, дали при крајот на Втората светска војна требаше да се оди на Солун или на Сремскиот фронт и во тој случај кој е предавник, а кој патриот. Уште посвежо ни е сеќавањето за поделбите при зачленување во ООН под референцата БЈРМ.

Не сакам да донесувам суд, но отворено сакам да ја поттикнам расправата - дали денес ќе ја имавме оваа држава ако борците од НОБ отидеа на Солун? Да го отвориме прашањето и да дискутираме аргументирано дали денес ќе можевме да зборуваме за влез во Европската унија ако не влезевме во ООН под привремената референца?

Деновиве се' поизразено е присутна големата поделба на патриоти и предавници, на компромисери и чувари на името. Преку ноќ довчерашните браќа стануваат сестри. Не знам уште што не' очекува. Тоа што мене ме мачи е одговорот на прашањето имаме ли можност и сила во клучните моменти за државата, за нас, да седнеме и да разговараме без да се етикетираме? Можеме ли отворено да дискутираме за различните приоди во решавањето на наметнатиот спор со Грција и да бараме одговор на прашањето кој е најголемиот интерес на Македонија во овој момент? Дали е поголем патриот тој што ќе не' внесе во Европа, па да ја продолжиме битката за идентитетот, дури и за името или, пак, е поголем патриот тој што ќе не остави пред прагот на ЕУ и вечно ќе лелекаме за тоа што сите го знаеме - дека нема правда во меѓународната политика?

За да одговориме на овие прашања треба да се создаде атмосфера на почитување и толеранција, на соочување на различни гледишта, а не опозицијата и власта да разговараат како скарана свекрва и снаа, што би рекле моите сосетки. Денес во Македонија е незамисливо ресорните министри за ЕУ и за НАТО-интеграции, во име на Владата да излезат јавно, во дебата, да го спротивстават своето мислење со претставници на опозицијата. Македонската јавност е ускратена од директна дебата меѓу лидерите на владејачките партии, од една страна, и првите луѓе на опозицијата, од друга, за клучното прашање околу спорот со Грција. За жал, македонската јавност секојдневно е сведок на препукувања преку прес-конференции и соопштенија. Не ми е јасно зошто се плашат претставниците на власта од директно соочување со опозицијата, ако се убедени дека политиката што ја водат е исправна?

За жал, наместо разговори, кај нас поделбите продолжуваат. Интересно е што токму репрезенти и поддржувачи на власта се главниот катализатор на продлабочување на поделбата и секојдневно пронаоѓаат нови предавници. Еднаш тоа се опозиционерите, претставени преку транзициските политичари, другпат довчерашните нивни сопартијци кои ги напуштија и се' така со ред. Опасноста - препукувањата и поделбите да се прошират од врвот на партиите, кај членството, не е за занемарување. До каде ќе не' води сето тоа? Ако вака се продолжи, убеден сум дека ќе биде потребно најмалку двојно подолго време за воспоставување доверба меѓу патриотите и предавниците. Сметам дека власта се' уште има време да престане со дискфалификациите, а за проблемите треба да се разговара и да се дојде до заеднички став во интерес на сите.

Најверојатно во аналитичкиот центар на власта оценуваат дека навраќањето на теренот на патриотизмот му носи изборен успех. Но, опозицијата, посебно лево и центристички ориентираната, не смее да влегува во таа игра. Дел од опозицијата како да ја фати јадицата и се одведе на терен каде што сигурно губи. За жал, на тој терен губат сите граѓани.

Не треба да се изненадиме ако огнот што се потпалува,се прошири и на друго поле. Во една наелектризирана нетрпеливост меѓу Македонците, прилично осетливи ќе станат и меѓуетничките односи. Поделбата на патриоти и предавници меѓу Македонците може да продуцира уште една подлабока, во линија на меѓуетничка поделба, а тогаш бадијала патриотизам кај Македонците.

Додека ја водиме расправата за патриоти и предавници, Владата ни воведе уште една давачка - кај бензините. За две недели, две нови давачки. И затоа да не ве чуди зошто при речиси ист БДП со 2008, во 2010 година ќе имаме повеќе пари за Владата. Ама патриотска Влада!?

(Авторот е поранешен пратеник)

 


#
Статијата е прочитана 2493 пати.

Испрати коментар

Од: Од Приправник
Датум: 01.12.2009 00:46:18
Поделбата на македонците е дамнешна традиција на овој народ.Мислам дека таа настанува уште непосредно по формирањето на македонската револуционерна организација,кога паралелно на изворната ТМОРО, во софија е вормиран Врховен македонски комитет,од кој произлегува врховизмот. По неговата појава се манипулира со терминот внатрешна организација со цел да се прави разлика за кој станува збор,затоа што постои веќе и надворешна организација /.Идвете организации во суѓтина имаат навидум исти методи за борба за Македонија но со крајно спротивставени цели.Посебно поделбата достигнува кулминација кога врховниот комитет го превзема раководењето со ТМОРО кон крајот на 1902 год.и се идентификува со внатрешната орг.Напомнувам дека ниту Гоце Делчев,Даме,Јане Сандамски,Ѓорче Петров, и плеада патриоти не биле членови на ВМРО.На крајот востанието 1941 год. и формирањето на Мак.држава го направија вистинските патриоти а не ВМРО/ Зато треба префиксот ВМРО да го изостави партијата на власт од своето име,ќ
Од: nabljuduvac
Датум: 01.12.2009 02:34:09
'Дали е поголем патриот тој што ќе не' внесе во Европа, па да ја продолжиме битката за идентитетот, дури и за името или, пак, е поголем патриот тој што ќе не остави пред прагот на ЕУ и вечно ќе лелекаме за тоа што сите го знаеме - дека нема правда во меѓународната политика?' -- Dragi (Slobo)dane ova tvoja vizija potseca na edna cesta pojava pri krivicnata odgovornost vo totaltarnite rezimi. Ke go sokapat optuzeniot od cotek pa ke mu dadat da potpise priznanie. Ako jadnikot, bilo koga izleze od zatvor ke napise vo svoite memoari deka moral da priznae i sto bili i sto ne bilo. Megjutoa toj veke odlezal i nema nazad. Mislam deka 'bister' kolumnis moze da da ja pronajde analogijata. Jas ne sakam moite vnucinja eden den da napisat 'Si bil eden narod pod imeto MAKEDONCI....'
Од: nikoj i nisto
Датум: 01.12.2009 04:11:28
E koga samo bi imale poveke luge so vakov zdrav rezon kako na Slobodan.Odlicna kolumna.
Од: nacional-patriot
Датум: 01.12.2009 05:37:35
Kako clenovi na EU nema da mozeme da go vratime imeto na drzavata i imeto na identitetot i jazikot,zatoa sto togas bi imalo dogovor koj ne moze samite da go smenime vo nasa polza bez soglasnost na Atina,a i da pobarame Atina so pravoto na veto nema da dozvoli.Zatoa bez vekovnoto i ustavno ime, Makedonija nikogas nema da prifati clenstvo vo NATO i EU.Ako Najdovski ne gi znae tie pravila,togas e politicki nepismen.Prekinete da se obiduvate da go plasite narodot so tenzii od gegite.Tie ne mozat da i pomognat na Atina.
Од: pameten
Датум: 01.12.2009 06:26:48
Дали е поголем патриот тој што ќе не' внесе во Европа, па да ја продолжиме битката за идентитетот, дури и за името ... Evropa se gradi na principot "Pactum sum servanta" Dogovorite mora da se pochituvat. Nema shansa da gi izlazheme Grcite, pa potoa da go vratime prashanjeto. Imeto go gubome po shto barame kontinium so Antichka Makedonija, za da si gi negirame nekako Bugarskite korenja. Pa shto losho ima deka nashite prifatile imeto Makedonci kako regionalno vo 19 vek i kako nacionalno vo 20 vek? Istoto se sluchilo i vo Avstralija! Dali nekoj ja negira Avstraliskata nacija? Predavnici se tie koi shto ja falsifikuvat istorija i ne terat vo konflikti i izolacija!
Од: Blue fighter: Patriotot-predavnik
Датум: 01.12.2009 06:29:36
Ovoj oksimoron se odnesuva na najgolemiot samonarechen patriot vo drzhavava,koj ne e nishto drugo tuku predavnik par exsellance.Kako prilog na tvrdenjeto nekolku prashanja do nego:- Kolku novopecheni kandidati za novi Bugari kje mu isporacha na Prvanov so gubenjeto na shansite Makedonija da se prikluchi kon evropskoto semejstvo;- kolku godini vlast mu se potrebni da ja unishtuva Makedonija za da se bogatat bezobrazno toj i bratuchedite ;- dali se plashi od tie na koi im ja prodade NPK za provizija vredna 4 stana i odrabotuva podelba na drzhavata vo nivna polza;- dali misli da prifati dobronameren sovet i da pobara so zakon site koi se bavat so politika vo Makedonija da se podlozhat na zadolzhitelno psihijatrisko opserviranje,kako ne bi gi drzhele site gragjani kako zalozhnici na nivnite stravovi,sueti,frustracii i kompleksi steknati vo detstvoto.Ima ushte mnogu.Ama,neka do nekoja sledna tema.P.S. Nitu site egejci ne se soglasuvaat so"patriotot,"koj vo nivno ime e Don Kihot.
Од: Глигор, македонски патриот
Датум: 01.12.2009 07:37:47
Дали денес ќе сме ја имале оваа држава ако борците од НОБ отидеа на Солун? Не знам, можеби ќе сме имале друга, можеби поголема, можеби помала. Но сигурен сум дека тогаш ќе бевме народ на место, а не како денес, сите да не оспоруваат и да си играат со нас. И грците сигурно немаа денес ни да помислуваа да не уценуваат.
Од: kravar
Датум: 01.12.2009 08:22:48
dali e patriot toj sto sekojdnevno,makotrpno raboti za da go prehrani svoeto semejstvo,ili toj sto cel zivot se zanimava so politika i nisto ne raboti.(samo saka da se pravi pameten).
Од: До Глигор патриотот
Датум: 01.12.2009 09:00:44
Глигоре,јуначиште,кој ти пречи денес сега да одиш на Солун? Поведи ги четите,Војводо!
Од: абе ајде
Датум: 01.12.2009 09:13:08
"Дали е поголем патриот тој што ќе не' внесе во Европа, па да ја продолжиме битката за идентитетот, дури и за името..." Авторе, па баш затоа оти твоите истомисленици прифатија референца за име денес мора да се бориме за идентитетот и името,. Интелигентен човек си и јасно ти е тоа....само , не смееш да мислиш поинаку од останатите во стадото...
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 01.12.2009 09:27:46
Што зборуваш Г-дине нели во оваа држава имаме неколку задолжени лица за дебати и креирање на јавното мислење,тоа се Латас,Јанко јади бурек и некој спортски новинар кој не знам како стана сезнајко во оваа држава.А ти ми бараш дебати немој ти се молам.А го заборавив и бумбарот да го споменам иако сите знаеме каде ке те однесе.
Од: Миле
Датум: 01.12.2009 10:39:22
Дилемите кој е патриот, а кој предавник не постои. Тука се’ е јасно. Постои само прашањето дали некои од нас не се способни да препознаат шовинизам во барањата на Грција или се платени да се прават „политички далтонисти“ и да ги етикетираат сите оние кои се борат да ја разобличат деструктивната политика на Грција. Политика која е погубна за Македонија но и за ЕУ. Со оние кои не се способни да разликуваат деструкција од конструкција има лек. Нив можеме трпеливо да им предочиме аргументи. А, оние другите кои собираат аргументи (лажни) во прилог на Грција и бестрамно го омаловажуваат и навредуваат македонскиот народ, притоа лажно претставувајќи се како македонци, тие се предавниците.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 01.12.2009 11:41:29
Се прашувам секогаш кога ги читам разните експерти,мислители кој веќе еднаш биле во власта и тоа 200-2006 год.не пред 1о-2о год.зошто него направија тоа за што сега се залагаат,а плус признание од експремиерот од тоа време да 2004-2005 год. било најдобро време за решавање на проблемот.Дали ове не ви мириса на дебело политиканство на штета на сопствениот народ,кој го правите неспособен за донесување историски одлуки и го маргинализирате а при тоа безобразно барате подршка од истите да ве подржат во преземање на власта.Башка што имаме тројанци епигони на туѓи интереси.
Од: slavco stanoev
Датум: 01.12.2009 13:20:16
Која е дефиницијата за патриот.Дали патриот е оној кој мислејќи дека ја сака својата земја и својот народ мрази се околу себе.Тој сите неистомисленици ќе ги прогласи предавници,и во името на таквиот замислен патриотизам ќе посегне по вашата чест и по вашата слобода.Ако тргнете по таквите никогаш нема дда мислите со своја глава и никогаш нема да постигнете ништо.На крајот ќе сфатите дека сте биле нечија марионета и дека сте работеле за туѓи интереси.Некои дебело ќе ја наплатат вашата желба за патриотизам.Таквиот патриотизам кој пропагира омраза кон различните води преку национализмот до фашизам.За таквите патриоти важи изреката на Оскар Вајлд. Патриотизмот е последно прибежиште на неранимајковците.Има и поинаков вид на патриоти за кои врвна цел е да го гледаат својот народ слободен сит среќен и насмеан.Во практикувањето на овој патриотизам нема да видете омраза кон различните од себе.Напротив тие се за соработка со сите околу нив.Таквите патриоти нема да си дозволат да ве осудат и да вм

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (10)
Голем срам со вакцините
Нервозни сите освен премиерот
Зденко
Одлука што се чекаше 18 години
Бесплатната бања за пензионерите од февруари
Избори, референдум и бојкот
Убав ден во Самобор
Македонија Ѓ.П. и Слога Ј. во општинска лига
Почина жената што се бореше за живот 12 дена
Предизборна (црковна) трка
Отказ за рагбистот Стошиќ оти нема македонски пасош!
Кој е првиот македонски милионер?
За европскиот голф-клуб ни треба вистинска палка
Гошев попушти - ја намали каматата за 0,5 отсто
Јастреб на чело на Нова демократија