Број 3149  вторник, 01 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Кој е првиот македонски милионер?

Драган Николовски го отвори финалното 15. прашање во квизот „Кој сака да биде...“, па се откажа освојувајќи 2 милиона денари

Катерина Шекеровска

Триесет и двегодишниот Драган Николовски од Куманово е првиот милионер во земјава кој во завчерашно издание на популарното квиз-шоу „Кој сака да биде милионер“ на телевизијата А1 успеа да освои 2 милиона денари. Николовски стаса до последното, 15. прашање, го отвори и се откажа, земајќи ја гарантираната сума од два милиона, и притоа пропуштајќи ја шансата да ја освои највисоката добивка која изнесува 4 милиони долари. Само момент потоа, тој точно одговори на милионското прашање „Кој француски филозоф е основач на деконструктивизмот?“

„Секој е генерал по битката“, ни рече Николовски, одговорајќи на прашањето дали му е криво што не ризикувал и не отишол докрај во освојување на највисоката парична награда во историјата на македонското издание на квизот „Кој сака да биде милионер“. Имајќи ги предвид првите впечатоци по завршување на квизот, тој вели дека е задоволен од тоа како се одвивале работите. „Во принцип сум презадоволен, иако од оваа дистанца сметам дека можев првиот дел од прашањата многу попаметно да ги изиграм. Сосема непотребно искористив џокер на шестото прашање, додека во вториот дел одлично ги одиграв прашањата, а имав и малку среќа со 11. прашање. Штом го одговорив тоа прашање, почнав и да се надевам дека можам да освојам нешто повеќе“, објаснува Николовски.

Милионерот од Куманово вели дека во моментот пред одговорот на финалното прашање решил да не ризикува и да се откаже. Иронично, но една минута потоа во слободното одговарање, тој одговори точно, а доколку не се откажеше, ќе добиеше 4 милиони денари. Сепак, задоволен е од освоената сума, која пресметано во евра изнесува околу 33.000 евра. „Се' уште не знам како би ги потрошил парите“, додава Николовски, кој по завчерашниот квиз води малку поинаков живот. „Ме препознаваат на улица, во автобус, на работа и ми честитаат“, објаснува инженерот по физика, кој работи, т.е. волонтира на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Првиот македонски милионер од квизот „Кој сака да биде...“ живее во приградската населба Карпош (Рајкова куќа) во Куманово, роден е во 1977 година, не е женет и дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Има диплома на инжинер по физика и секој ден патува на релација Куманово - Скопје, каде што се надева на постојан работен однос на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Ова му е второ учество во „Милионер“ - првиот пат стасал до 11. прашање (паднал на прашањето „Од каде потекнува кафето „мока“), а досега учествувал на повеќе квизови, како што се „Енигма“, „Сепак се врти“, „ТВ-крстозбор“... Негова девиза е „живеј и остави ги другите да живеат“, сака да пешачи, да спортува, обожава тенис... „Кој сака да миде милионер“ и освоените 2 милиона денари се негов најголем успех досега.

„Драган покажа прекрасна сталоженост по 10. прашање. Во почетокот беше стегнат, но потоа сфати дека нема што да изгуби и оди само напред. Тој не само што точно ги одговори прашања, туку покажа и одлично знаење и умешност во објаснувањето на самите одговори“, ни изјави Игор Шокаровски, продуцент на квизот „Кој сака да биде милионер“.

Инаку, во Македонија досега е отворено седум пати прашањето за 500.000 денари, а ова е првпат некој да го отвори 15. прашање, па да се откаже. За споредба, во Хрватска досега два пати е погодено 15. прашање, а во Србија само еднаш.


#
Статијата е прочитана 3438 пати.

Испрати коментар

Од: Горан
Датум: 30.11.2009 21:20:59
Зар сеуште постои квизов?
Од: marija skopje
Датум: 01.12.2009 00:16:25
bravo za ovoj ucesnik na ovoj najpopularen kviz vo Makedonija navistina e golem uspeh da se stigne do 15 prasanje i so golema smirenost da se odgovorat site prethodni prasanja za koi moram da priznaam deka i ne bea lesni za odgovaranje, a uste po interesno e toa deka Nikolovski za sekoe odgovoreno prasanje davase i komentar. Uste ednas cestitki do nego i vo idnina da ima i drugi kandidati koi ke osvojat vakva suma , a da se nadevame deka mozebi ke ima i takvi koi ke go odgovorat i poslednoto 15 to prasanje i ke ja osvojat maksimalnata suma pari.
Од: Stefanche
Датум: 01.12.2009 00:20:51
Bravo za kumanovchanecot i mnogu iskreni chestitki.
Од: atanas
Датум: 01.12.2009 00:34:43
Bravo majstore sekoja ti cest,i pokaza na Cela Makedonija so e vsusnost ZNAENJE!!!!!!!!!!
Од: Sandra-Sk
Датум: 01.12.2009 08:09:07
Sekoja cest za Dragan.Mnogu stalozen i poln so znaenje,Sekoja cest za vakvi luge.
Од: A..M.
Датум: 01.12.2009 09:18:33
Конечно некој да учествува што навистина знае, за разлика од најголемиот дел од останатите учесници кои појма немаат, да не ги спомнувам и оние со освоени 0 денари (како една девојка што беше запишана на еден приватен универзитет, а врска немаше и освои 0). Честитки до младичот па ајде нека му се посреќи и да се ожени во скоро време.
Од: silva mirkova
Датум: 01.12.2009 09:22:26
za da ucestvuvas na kviz treba da imas znaene toa izgleda vaka.Bravo drugarce
Од: marjan
Датум: 01.12.2009 09:35:58
Cestitki za mojot sogragjanin! Bravo! Vlastite treba dobro da razmislat zosto vakvi lugje se nadvor od raboten odnos?
Од: Makedonka
Датум: 01.12.2009 11:30:36
BRAVO! Go obeli obrazot! Zarem treba covekot na kviz da izleze za nekoj da go zabelezi konecno da go VRABOTI!
Од: goca
Датум: 01.12.2009 13:08:46
BRAVO BRAVO BRAVO!!!!!!!!! Nekoj pokaza deka se uste postoi kvizot
Од: mimi
Датум: 01.12.2009 14:17:55
tazno e sto vakvi nadprosecno intelegentni osobi volontiraat i nemaar rabota ... a nekoe tutule-bale ke bide vraboten ...
Од: Mitko
Датум: 01.12.2009 14:35:27
Браво за Драган ! Ме воодушеви ! Интелигентен , паметен , начитан ... Заслужува 2 милиони. Но за жал невработен - волонтер . Оваа држава не сака вакви луѓе , и требаат дебили и полуписмени - и затоа сме на ова дереџе. Другарче и комшија (јас сум од К.П.) како и да е со среќа да си трошиш парите .

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Голем срам со вакцините
Нервозни сите освен премиерот
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (10)
Избори, референдум и бојкот
Убав ден во Самобор
Одлука што се чекаше 18 години
Бесплатната бања за пензионерите од февруари
Отказ за рагбистот Стошиќ оти нема македонски пасош!
Почина жената што се бореше за живот 12 дена
Македонија Ѓ.П. и Слога Ј. во општинска лига
Предизборна (црковна) трка
За ,,македонцките“ патриоти и предавници
Гошев попушти - ја намали каматата за 0,5 отсто
За европскиот голф-клуб ни треба вистинска палка
Јастреб на чело на Нова демократија