Број 3149  вторник, 01 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Едиторијал

Голем срам со вакцините

Јасмина Јовановска

Државата падна на испитот за набавка на вакцините против новиот грип. Среде сезона на пандемскиот грип што веќе зеде четири жртви, за граѓаните нема ниту една доза вакцина.

И додека Министерството за здравство од петни жили се труди да ја убеди јавноста дека вакцината е најефикасна заштита од новиот грип, од вакцините нема ниту трага, ниту глас. Белки не мислат дека граѓаните сами од себе ќе развијат имунитет на смртоносниот вирус?

Се најавува мало количество од 20.000 дози, колку да се замачкаат очите на јавноста. Доколку сме сериозна држава, тоа што беше ветено требаше веќе да се исполни: првите 100.000 дози да бидат испорачани до крајот на минатиот месец. Вака, со празни ветувања, граѓаните само се замајуваат. За нив и не е толку битно кој е виновен, дали добавувачот или Министерството за здравство.

Сосема е друго прашањето за дилемите кај населението дали сака или не сака да се вакцинира. Тоа не смее да биде алиби за Министерството за здравство зошто во државата нема доволно вакцини за да се заштитиме од новиот грип и тоа кога се најпотребни.

Згора на се', никој од инволвираните страни не сака до крај да ја открие приказната како Македонија дојде до тој степен да извиси за вакцините. Официјалниот дел е дека набавката почнала да се проблематизира поради ненаоѓање заеднички јазик меѓу двете страни за условите од договорот, особено за банкарската гаранција. Барем така тврдат од Министерството за здравство. Оттаму уште се најавува и тужба против добавувачот за кого до вчера зборуваше дека е најдобар и најсоодветен да ја набави вакцината. Индикативно е и тоа што и двете страни нуделе своја верзија на договорот, но ниту еден не е потпишан, па не е јасно врз основа на што ќе тужи Министерството за здравство.

Во целата ситуација многу е чудно и тоа како преку ноќ најповолниот добавувач стана најлош добавувач. Дали и оваа набавка, како и многу други за кои се зборува во јавноста, не остана имуна на провизиските проценти или, пак, можеби во прашање се партиски пресметки меѓу коалиционите партнери? Се зборува дека ДУИ сака да му покаже на ВМРО- ДПМНЕ колку е добар нивниот добавувач кој, исто така, за државата ги набави и вакцините ХПВ.

И добавувачот не остана покус во обвинувањата, па во невообичаено остриот оглас во весниците го обвини Министерството за здравство дека е неспособно само да набави вакцини и поради тоа што доцнело со набавката морало да бара посредник. Уште го критикуваше и дека набавката не била транспарентна и оти сите опструкции се правеле тендерот да го добие второрангираната фирма. Но, овие обвинувања излегоа во јавнос��а дури откако Министерството за здравство му удри шлаканица на добавувачот дека поради тоа што се натега околу условите од договорот, државата сама ќе бара чаре за вакцините, односно дирекно ќе преговара со производителите, но и ќе бара донации.

Колку време на Министерството му беше потребно за да сфати дека нема да има ништо од набавката, особено што повеќе од две седмици немале повратен одговор од добавувачот дали ќе го потпишат договорот или не. Во овој случај Министерството за здравство настапило премногу аматерски и тоа на клучната задача што ја има: да го обезбеди здравјето на населението. Вака излегува дека треба да се крстиме епидемијата сама да се смири.

Сега Министерството за здравство се обидува да ја спаси ситуацијата и како просјак моли во европските држави за вакцина повеќе. Небаре сме Бангладеш или, пак, Украина, која кога ја зафати грипот молеше за „тамифлу“ и за вакцини. Џабе му е на Министерството за здравство, кое со месеци добро се држеше во борбата против опасниот вирус, кога целиот успех падна во вода со спорната набавка на вакцините.

Конечно, кој ќе ја понесе одговорноста ако грипот букне и земе голем број жртви? Кој ќе ги носи на душа човечките животи?


#
Статијата е прочитана 1204 пати.

Испрати коментар

Од: Миле
Датум: 01.12.2009 00:55:49
овој министерот за здравство излезе поголем лажго и од Ставревски и Груевски и тоа заедно. Добар кадар почна да вади и ДУИ, сигурно на спремање во ВМРО одел. Луѓе си умираат и тоа млади а министерот само лажи, те едни вакцини те други, ама никако да дојдат. Новинарите упорни и тој да се вакцинира а него му е страв оти најубаво ги знае вакцините, впрочем тој и ги купи и така си врви времето. Само господ да ни е на помош со ваква влада.
Од: Љубо
Датум: 01.12.2009 08:17:13
Па не сме далеку од Украина и Бангладеш, да не се лажеме.
Од: Nikola
Датум: 01.12.2009 08:27:51
Nikoj ne kazuva dali zdrastvenite rabotnici istrazuvaat so kogo se kontaktirale obolenite, dali se predupredeni, dali se pod nadzor, od kade se zarazile i slicno. Ludje umiraat, Makedonija ceka da odi vo Evropa, a pred 4 godini se digna cela drzava za edna mrtva kokoska vo Mogila. Toa pokazuva deka nie ne znaeme da odgovorime soodvetno na sostojbite, pa logicno e i da sme neuspesni vo pregovorite za imeto. kako gradjani, ne znaeme da reagirame na predizvicite, a toa ovaa Vlada go iskoristuva.
Од: zabegan.
Датум: 01.12.2009 08:43:54
МИЛЕ-Него обвиувај министерот тој работи по налог на ГВУЈА и АХМЕТИ.Кои го оставија НАРОДОТ на цедило.
Од: vl
Датум: 01.12.2009 09:54:09
Не им треба на граѓаните. Вакцината му треба на веледрогериите и шефот на инфектологија ако не верувате прашајте ја видовита Мина ;)
Од: sk 63
Датум: 01.12.2009 10:00:31
Koj gi esapi vakcinite,najvazno od se e deka mozeme slobodno da patuvame vo Evropa / obedineta,EU / a se drugo ke si dojde samo od sebe.Narodnata pogovorka selo gori a baba se cesla,naj dobro ja ilustrira sostojbata vo drzavava. / ako ova voopsto moze da se narece drzava /
Од: bale
Датум: 01.12.2009 10:02:40
Дали има држава во светот каде Министер за здравство излегува секоја вечер на ТВ, па работи ли тој нешто или само ЕПП на телевизија????? Кажите ми дали има ден без да излезе на ТВ, и дали тоа се случува во сериозни држави, ние ионака сме карикатура!!?
Од: sime
Датум: 01.12.2009 10:50:04
Neogovornosta e nas problem pa koga i se raboti za odluki na vlada.Srbija nabavi golem broj vakcini i imunizacijata ke e besplatna veke narednive dena,a nasiot minister Osmani ke se tuzaka? Nedaj boze dA fati zima i epidemijata da bukne,dzaba ke bide sudenjeeto.
Од: Subsaharsko zdravstvo
Датум: 01.12.2009 11:28:26
Vo poranesna SFRJ ne postoese ministerstvo za zdravstvo, a postoese samo obicen Sojuzen kKomitet za zdravstvo, so Sekretar na celo na nego, a imavme prava na osigurenicite i zdravstveno osiguruvanje i medju najdobriite vo Evropa, a ova segasnovo prema nego e vistinsko" subsaharsko afrikasnko zdravstvo"No zatoa pak vo segasniov zdravstven sistem imame nevidena korupcija i pljacka vo Ministerstvoto ,vo Fondot i vo KBC i vo Klinikite ,kako i vo site pogoilemi bolnicki centri
Од: јас
Датум: 01.12.2009 11:40:55
Она дечиште од министер , кое уште носот не знае да си го избрише како што треба , беше толку невоспитан па на новинарката ( на прашањето КОЛКУ ЌЕ БИДАТ ПОСКАПИ ОВИЕ ВАКЦИНИ ) и порача да поставувала „ПОИНТЕЛИГЕНТНИ ПРАШАЊА“ ???? Дали човек да се чуди и да се крсти на невоспитаноста и дрскоста на нашиве неписмени , необразовани и некултурни министерчина - дечина!!!Што се замислуваше тоа детуле вчера , кога после 2-3 месеци појавување на ТВ и константно лажење дека еве „ние сме лидери во заштитата од новиот грип“ , а излезе дека уште не се втасани вакцините ( и нема ни да втасаат) , само тоа си знае ( влезено во некој свој филм) !!!

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (10)
Нервозни сите освен премиерот
Зденко
Одлука што се чекаше 18 години
Бесплатната бања за пензионерите од февруари
Избори, референдум и бојкот
Убав ден во Самобор
Македонија Ѓ.П. и Слога Ј. во општинска лига
Почина жената што се бореше за живот 12 дена
Предизборна (црковна) трка
Отказ за рагбистот Стошиќ оти нема македонски пасош!
Кој е првиот македонски милионер?
За европскиот голф-клуб ни треба вистинска палка
Гошев попушти - ја намали каматата за 0,5 отсто
За ,,македонцките“ патриоти и предавници
Јастреб на чело на Нова демократија