Број 3149  вторник, 01 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Поглед

Убав ден во Самобор

Kатерина Богоевска

Викендот што помина треба да биде забележан како викенд за паметење.

Во хрватски Самобор беше промовиран репринтот на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин, а беше откриена и биста на овој надалеку познат македонски поет и револуционер.

Убаво беше да се види, макар и преку телевизиските екрани да се доживее, како Самобор со голем респект му приоѓа на делото на Рацин. Како со особен пиетет се говори за големината на неговото творештво, за моќта на длабоко визионерската, поетска мисла која во овој град била забележана и пред 70 години, кога таму прв пат е и отпечатена вредната збирка поезија.

Празници се деновите што ја покажуваат светлата човекова страна. Минатиот викенд се празнуваше моќта на културата и уметноста во градот кој и именувал една улица со името на Рацин. Големината на поетот и вонвременското траење на поезијата, и по сто години од неговото раѓање, ги спои на едно место и градоначалниците на Самобор и на Велес, академиците од Македонската и од Хрватската академија на науките и уметностите, интелектуалците, писателите, уметниците, проучувачите и почитувачите на делото на Рацин, новинарите.

Космополитскиот дух на Кочо Рацин е препознатлив и денеска. Вткаен е во неговите стихови, во начинот на кој живеел и се борел за иднината на граѓаните, без разлика на нивната етничка и социјална припадност.

Препознатлив е по начинот на кој луѓето и денеска му припаѓаат на неговото дело. За нас овде во Македонија од огромно значење е што Кочо Рацин на вистински начин е присутен во Самобор, град кој исто така е познат по широчината на духот на своите граѓани. Таков е и Самобор, но таков е и Велес, родниот град на Рацин. Не случајно минатиот викенд заедно празнуваа.


#
Статијата е прочитана 895 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 01.12.2009 09:28:08
Не е Чудо - било каде во светот, да му се поклонат на некој голем Уметник! Рацин, секако го заслужува тоа! Чудо е во Земјата на Чудата да опстанеш како Уметник! Ме загрижува и згрозува отсуството на Коментарите на оваа страница! Дали се работи за Уништеност на духот, или целосно негово Отсуство?
Од: Bravo
Датум: 01.12.2009 09:47:47
Samo ne napisavte koj za seto toa e zasluzen. Manifestacijata ne ce bese voopsto oerganizirana, ako so toa ne se zafatese i godina dena ne ja podgotvuvase Zaednicata na Makedoncite vo Hrvatska, asocijacija koja gi obedinuva recisi site makedonski drustva vo ovaa zemja, i koja izdejstvuva celosno finansiranje na manifestacijata od budzetot na hrvatskata drzava.

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (10)
Голем срам со вакцините
Нервозни сите освен премиерот
Зденко
Одлука што се чекаше 18 години
Бесплатната бања за пензионерите од февруари
Избори, референдум и бојкот
Македонија Ѓ.П. и Слога Ј. во општинска лига
Почина жената што се бореше за живот 12 дена
Предизборна (црковна) трка
Отказ за рагбистот Стошиќ оти нема македонски пасош!
Кој е првиот македонски милионер?
За европскиот голф-клуб ни треба вистинска палка
Гошев попушти - ја намали каматата за 0,5 отсто
За ,,македонцките“ патриоти и предавници
Јастреб на чело на Нова демократија