Број 3149  вторник, 01 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Свет

Јастреб на чело на Нова демократија

Андонис Самарас, отпадник, кој понизно се врати во партијата, стана нејзин лидер

Димитар Чулев

Aнкетите се покажаа точни, Андонис Самарас победи на неделните избори за лидер на обезглавената Нова демократија, но факторот изненадување од убедливата победа останува. Малкумина веруваа дека некогашниот отпадник од Нова демократија, по една деценија талкање во потрага по сопствен пат, ќе го добие мандатот на седми претседател на моќната Нова демократија, формирана во 60-тите години на минатиот век. Зашто, Самарас е директниот виновник за паѓањето на една конзервативна влада во 1993 година, кога вртејќи му го грбот на тогашниот премиер Константинос Мицотакис, тој директно придонесе Нова демократија цели десет години да биде во опозиција, а власта отиде во рацете на жестокиот политички противник, ПАСОК. Андонис Самарас во партијата и во политиката влезе во 1977 година. Талентиран и млад, 12 години подоцна во 1989 година, станува министер за финансии, а од 1990 до 1992 година тој е министер за надворешни работи во владата на Мицотакис. Со премиерот и шефот на партијата Мицотакис се разидуваат околу македонското прашање. Самарас се покажа тврдокорен противник на какво било признавање на Република Македонија, кој во тие години бараше меѓународна поддршка за прогласената независност. Во жестоката битка со Мицотакис тој повлекува во неговата новосоздадена партија Политичка пролет пратеници од Нова демократија, што доведе до паѓање на владата.

На изборите во 1993 година кога ПАСОК ја презеде владата, Политичка пролет доби 4,9 отсто од гласовите што донесе десет места во грчкиот парламент. Меѓутоа, тоа е првата и последна голема победа на Политичка пролет, која во тој момент драматично почна да ја губи популарноста. Во 2000 година Самарас воопшто и не се појави на изборите, а тој, политички изолиран, јавно ја поддржува Нова демократија. Партијата умира пред изборите во 2004 година. Новиот грчки премиер Константинос Караманлис на покајникот Самарас му понуди место во Европскиот парламент како пратеник на Нова демократија, во 2007 година тој се врати во грчкиот парламент и стана министер за култура во 2008 година. Караманлис го врати во живот отпадникот, можеби гледајќи во него наследник. Ќерката на Мицотакис, Дора Бакојани, како дел од ривалската десничарска династија тогаш го доби најсилниот ривал.

Аналитичарите тврдат дека победата на Самарас се должи најмногу на неговите тврдокорни ставови во надворешната политика: македонското прашање и турското. За тоа говори податокот дека најголемиот број од гласовите ги доби во Северна Грција.

За таканареченото скопско прашање Самарас изминатите неколку години се противеше и против композитно име за северниот сосед. Според него, на Скопје не требаше да му се понуди ништо додека не добие гаранции дека македонските власти се подготвени за сериозни промени. За Македонија во овој момент тоа би значело дека решавањето на спорот со Грција ќе биде отежнато поради тоа што потезите на Папандреу сега ќе бидат будно следени од јастребот Самарас, кој е против каков било компромис што малку би им наштетил на интересите на Грција. Слободни сме да веруваме дека Самарас, сепак, малку еволуирал во ставовите и оти се согласува во идното име да остане називот Македонија што не беше случај во 90-тите години.

Хардлајнерот Самарас делумно им се додвори и на вистинските конзервативни членови и на Нова демократија, барајќи партијата да добие придавка пред она Нова демократија, како идеолошка определба, со што точно ќе се каже оваа партија е конзервативна, а не либерална.

„Луѓето прозбореа. Обичните гласачи прозбореа. Нивниот мандат е силен и неоспорен“, рече Самарас веднаш откако беа објавени првичните резултати што го прават нов лидер на Нова демократија. За вчера тој вети средба со Дора Бакојани и со третиот најсериозен ривал во трката за шеф на Нова демократија, префектот на Солун, Панајотис Сомијадис.

Вчерашните избори беа директна последица од оставката на премиерот Константин Караманлис од лидерската позиција во Нова демократија истиот ден кога ги изгуби изборите на 4 октомври. Анализите одеа во правец дека најжестоката битка за наследник на Караманлис ќе ја води Дора Бакојани и нејзините предизвикувачи, меѓу кои и Андонис Самарас. Победата на ексшефицата на грчката дипломатија беше многу извесна, имајќи предвид дека Бакојани не е случајна фигура на грчката политичка сцена и е ќерка на Константинос Мицотакис. Во грчката јавност речиси отворено се зборува дека амбициите на Константинос Мицотакис да ја инсталира својата ќерка на високо место во политиката се огромни, па дури и на шега се вели дека тој нема да умре додека не види оти покрај династиите Караманлис и Папандреу не се создаде и трета - неговата. Колеги, грчки новинари велат дека, настрана способностите на Бакојани, нејзината харизма, пробивност, таа во политиката, сепак, е заради нејзиниот татко. Неуспехот вчера ја чини жртва на амбициите на Мицотакис.

Изборот на Самарас, кој на некој начин излегува благо шокантен, во извесна рака говори дека Грција можеби е уморна од династии. Од друга страна, Самарас е можеби тврд конзервативец, можеби бил отпадник, покајник, но во неговата политичка кариера нема ниту едно темно петно, ниту еден скандал, злоупотреба, афера...



#
Статијата е прочитана 1487 пати.

Испрати коментар

Од: university professor from USA
Датум: 01.12.2009 00:17:29
nisto nemozi da napravi! dzam ke svitka!
Од: mitko vika so grcite mora poanaliticki
Датум: 01.12.2009 00:52:39
Mnogu vazno vo vrska so ovoj nas neprijatel e da se navedat dve raboti. Prvata e deka toj veruva deka Makedonija so tek na vreme kako drzava ke se raspadne (zaradi UCK) i deka nema vo osnova sto da se pregovara so nea. Vtorata e deka toj bil cimer so Papandreu vo Arhmerst i deka e negov mnogu dobar drugar. Makedonija so ovie od VMRO na celo nema sansi so vakvi tipovi.
Од: Muzicar-Umetnik
Датум: 01.12.2009 09:18:02
Do gospodfinot Mitko i site istomislenici: Ova ne e teatar pa ke izigravame glumci vo drama koja ne ni e voopstopoznat tekstot.Ova e politika i momentalno ovaa vlada ima najgolem kapacitet za rabota i odbrana na bilo koj problem sto ke nastane so nasite sosedi i zatoa jas ne gledam zosto da ne moze ovaa vlada da izleze na kraj so politicar kako sto e Samaras i slicni na nego.Ostavete i go toa na vladata pa ke docekame povtorno raspaganje na ,,Nova Demokratija''ako moze taka da se narece ovaa partija koja nema nisto demokratsko vo nea.Si go otsvira svoeto i Nova demokratija isto kako i SDS.Pozdrav do site iskreni Makedonci bez razlika od koja partiska ili nacionalna pripadnost se.
Од: sluhista
Датум: 01.12.2009 11:39:38
Do Muzicarot-Umetnik. Mozebi znaes da muziciras, ama vo politikata si navistina diletant. Pa i na politicki slepec mu e jasno deka so doadjanjeto na Samaras na celo na najgolemata opoziciska partija vo Grcije, prasanjeto za resavanje na problemot so imeto znatno se oteznuva.

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (10)
Голем срам со вакцините
Нервозни сите освен премиерот
Зденко
Одлука што се чекаше 18 години
Бесплатната бања за пензионерите од февруари
Избори, референдум и бојкот
Убав ден во Самобор
Македонија Ѓ.П. и Слога Ј. во општинска лига
Почина жената што се бореше за живот 12 дена
Предизборна (црковна) трка
Отказ за рагбистот Стошиќ оти нема македонски пасош!
Кој е првиот македонски милионер?
За европскиот голф-клуб ни треба вистинска палка
Гошев попушти - ја намали каматата за 0,5 отсто
За ,,македонцките“ патриоти и предавници