Велика Британија блокирана од штрајк
Се проценува дека ќе штрајкува секој петти од 500 илјади јавни службеници
ЛОНДОН - Службите меѓу кои центрите за вработување и судовите се зафатени од штрајк, а ијадници училишта се затворени поради тоа што вработените во јавниот сектор во Велика Британија одржуваат 24-часовен штрајк. Распоредени се кордони од демонстранти бидејќи Синдикатот на јавни и комерцијални служби (ПЦС) и три синдикати од образованието протестираат против планираните промени за нивно пензионирање. Тие велат дека плановите значат повеќе работа и придонеси за намалени пензии.
Владата соопшти дека плановите се „праведни за даночните обврзници“, а другите синдикати продолжуваат со преговори. П��крај кордоните, лидерите на синдикати и активисти ќе одржат марш и собир во центарот на Лондон, каде што полициската дозвола е повлечена.
Штрајкот на Националниот синдикат на наставници (НУТ), Асоцијацијата на наставници и предавачи (АТЛ) и Синдикатот на универзитети и колеџи (УЦУ) ги зафати Англија и Велс. Прекинот на работата од ПЦС, што има околу 250.000 членови, како крајбрежна стража, работници за полициска поддршка, вработени во суд и комисии за возачки испити, ќе се одржат низ цела Велика Британија.
Владата смета дека секој петти од 500 илјади јавни службеници ќе штрајкува. Сепак, додава дека „повеќето“ судови, центри за вработување и кол-центрите за приходи и царина ќе работат вообичаено.
Во изјавата за Би-Би-Си, министерот во кабинетот Френсис Мод рече: „Луѓето ќе се запрашуваат зошто наставниците и некои јавни службеници ќе штрајкуваат додека се' уште траат разговорите, како да ги одржиме пензиите во јавниот сектор меѓу најдобрите. „Но, луѓето живеат подолго. Многу е разумно луѓето да очекуваат да работат малку подолго, пред да користат пензија, и сепак, меѓу најдобрите опции ќе биде да се побара од нив да плаќаат малку повеќе, бидејќи другите даночни обврзници што плаќаат за останатите се соочија со измени на нивните пензии“. (Би-Би-Си) |