Франција ги вооружува либиските бунтовници
ПАРИЗ - Франција потврди дека обезбедила оружје за либиските бунтовници, што е прв пример земја-членка на НАТО да даде директна воена помош за силите што сакаат да го соборат Гадафи.
Полковникот Тиери Беркхард, портпарол на француската војска, изјави дека Франција во почетокот на јуни реагирала на барање на ОН, упатено во мај, за „хуманитарна пауза“ за да се овозможи доставување основни медицински производи и друга помош за либиските цивили во опколениот град Мисрата и во градовите од западниот планински дел, кои, исто така, беа нападнати од силите лојални на Гадафи.
„Барањето на ОН, всушност, никогаш не беше остварено“, рече полковник Беркхард. „Затоа по воздушен пат доставивме вода, храна и медицински материјал“ во Мисрата и во план��ните Нафусах. „За време на таа операција, војниците, неколку пати доставија оружје и муниција“, рече тој. (Њујорк тајмс) |