Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Огромна статуа на Исус Христос во Перу

Една од највисоките статуи на Исус Христос во светот е поставена во Перу, и покрај големото спротивставување и кампањите на „Фејсбук“ во кои се исмева

ЛИМА - Претседателот на Перу, Ален Гарсија, официјално го отвори споменикот познат како Христос на Пацификот на рид во главниот град Лима. Тој лично го помогна финансирањето на трошоците за статуата во износ од 22 илјади фунти, и изјави дека статуата „ќе ја благословува и ќе ја заштитува“ Лима. Но, тој се соочи со силни критики од неколку кругови, бидејќи многу од нив сметаа дека тоа е залуден проект што го избрал пред да ја напушти функцијата на крајот од јули.

Градоначалничката на Лима, Сузана Виларан, го осуди недостигот од ��онсултации за статуата, и ја опиша како „пластична копија на Исус од Корковадо“ во Рио де Жанеиро. Архитектите, исто така, прашуваат дали може да ги прекрши законите за градежништво, а историчарите се спротивставија на фактот дека е поставена на местото на битка од 19 век против Чиле.

Беа формирани неколку групи на „Фејсбук“ за да се спротивстават за поставувањето на статуата, при што една од нив привлече четири илјади членови, а корисници предлагаа шеговите имиња на статуата како Христо де ло Робадо, што би значело Христос, кој беше распнат. Но, други формираа групи на „Фејсбук“ за поддршка на проектот, а анкета спроведена од консултантска фирма од Перу покажа дека 51 отсто од жителите на Лима го одобруваат споменикот во споредба со 37 отсто, кои се против.

Статуата што беше изработена во Бразил и испорачана во Лима, е висока 37 метри кога ќе се пресмета и постаментот од 15 метри. За споредба, статуа на Христос поставена во Полска минатата година беше висока 36 метри, вклучувајќи ја и неговата круна, и претставуваше највисока таква статуа не вклучувајќи ја основата.

Ако се пресмета постаментот тогаш статуата на Христос во Кочабамба, Боливија, од 1994 година, е највисока со 40 метри, а по неа следи Христос Спасителот во Рио со 38 метри. (Телеграф)


#
Статијата е прочитана 558 пати.

Испрати коментар

Од: Антиатеист 2.01
Датум: 01.07.2011 09:36:20
Меѓусебното разбирање, почитување и љубовта се единствените споменици кои луѓето можат да ги направат во чест на Господ. Ако Господ е нешто нематеријално и духовно, не е логично да слави со материјални дела како статуи, споменици, цркви (некојпат и со златни покриви) ....

Најди! во Утрински
Свет
Американски контрактор формира тајна армија во пустината
Атина – ден потоа
Каква ЕУ замислувал Роберт Шуман
Велика Британија блокирана од штрајк
Мишел го напушта Обама?
Франција ги вооружува либиските бунтовници

"""